мики и светлана црнокрак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Oct 2023 08:58:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мики и светлана црнокрак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кај Светле и Мики Црнокрак повторно се слави: Ден за гушкање и многу честитки (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kaj-svtle-i-miki-tsrnokrak-povtorno-se-slavi-den-za-gushkane-i-mnogu-chestitki-foto/ Mon, 30 Oct 2023 07:52:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324347

Месец октомври е резервиран за славење во домот на Црнокрак. Неодамна Мики и Светле прославија 26 годишнина од брак, а сега на крајот крајот на месецот повторно се завршува со провлава. Овој пат, повод за тоа беше големиот и еден од најсреќните денови во нивнот живот- роденденот на втората ќерка, малата Нина која наполни 12 години. Мама, тато, дада организираа се’ за славеничката да се чувствува како главна ѕвезда на вечлета. Прегратки, насмевки, честитки, подароци и пред се’ многу љубов! Прославата се случи во еден познат клуб во Скопје каде Нина славеше со најблиските и секако другарчињата. Инаку, веќе е познато дека и двете ќерки Црнокрак ги влече она што го работат мама и тато. Моника е веќе 24 годишна девојка со факултетска диплома, а помалата Нина ученичка во основно со афинитети кон модата и изборите за убавина. Минатата година во Банско таа ја освои титулата за „ Little Miss Galaxy“, додека во јуни годинава во Варна на Златни песоци се одржа изборот за убавина за деца и тинејџери Little Miss&Mister Planet и Miss&Mister Teen Planet 2023 каде победи Нина Црнокрак. Среќен роденден Нина!]]>

„Голден карпет“ во новата сезона со ново студио и нова екипа: Моника – постарата ќерка на Светлана и Мики Црнокрак е новата водителка во шоуто (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/golden-karpet-vo-novata-sezona-so-novo-studio-i-nova-ekipa-monika-postarata-kerka-na-svetlana-i-miki-tsrnokrak-e-novata-voditelka-vo-shouto-foto/ Thu, 26 Oct 2023 07:00:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324004

Една од најгледаните забавни емисии на „Канал 5“, „Голден карпет“ на 5 ноември, недела во 19 и 30 часот започнува со новата четврта сезона, во која се најавуваат многу позитивни промени како и ексклузивни гости, игри, предизвици и ново студио. Изминативе години во „Голден карпет“ ги гледавме најпопуларните музичари, највлијателни доктори, најуспешните актери, најтрофејните спортисти и најеминентните политичари од Македонија и регионот. Како и до сега Миро Кацаров е домаќин, а друштво и оваа година ќе му прават две дами кои ѝ се добро познати на македонската јавност. Инфлуенсерката Ивана Јанковска останува во тимот, а се приклучува мисицата Моника Црнокрак на која ова ѝ е прво телевизиско искуство. Комичарот и актер Бојан Велевски исто така го засилува тимот со своја рубрика која ќе ја има секоја недела во 19 и 30. Инаку Моника е постарата од двете ќерки на Светлана и Мики Црнокрак, сопственици на најпознатото модно студио кај нас, која наследувајќи ги не само гените за убавина туку и дарот за занимавање со манекенство. Во манекенските води  има освоено и неколку титули за убавина. Паралелно со тоа, младата наследничка студираше и на Економскиот факултет при државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде пред две години, поточно во ноември 2021 година дипломираше со чиста 10-ка и себеси, но и на семејството Црнокрак му донесе уште едно признание и голема радост. Останува да го проследиме нејзиното телевизиско деби на „златниот килим“на кој се надеваме дека ќе му даде новаводителска свежина! Фото: Приватна архива      ]]>

Некогаш важеа, а и денес се’ уште се една од најубавите македонски двојки: Вака пред 26 години изгледаа Светлана и Мики Црнокрак на денот на венчавката (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogash-vazhea-a-i-denes-se-ushte-se-edna-od-najubavite-makedonski-dvojki-vaka-pred-26-godini-izgledaa-svetlana-i-miki-tsrnokrak-na-denot-na-venchavkata-foto/ Thu, 12 Oct 2023 08:06:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321988

Со љубов, почит, разбирање и делење иста страст кон модата, Мики и Светлана Црнокрак стигнаа до својата 26-та годишнина од бракот. 11-ти октомври секоја година е денот кога се слави љубовта во домот на Црнокрак, па така беше и овој пат. За убавиот повод Мики на социјалните мрежи објави неколку заеднички фотографии со сопругата, но најмногу внимание привлекоа оние од далечката 1997-ма година од денот на ниваната свадба. Евидентно и нормално помлади од она што се денес, но се уште со посебна и уникатна убавина по која се познати уште од своите манекенски почетоци. Модната писта ги поврза некогаш, а така е и денес бидејќи се уште ја делат истата пасија кон модниот свет и манекенството. Тој генерално е главниот човек на модното студио „Црнокрак“ од каде излегоа и се уште се има нови лица. Светле пак, тука е за семејсниот бизис, но посветена е и на презентерството на телевизија. Црнокрак беа и се уште се едни од најубавите двојки на македонската јавна сцена, складни и далеку од скандалозни. Плод на нивната силна љубов се ќерките Моника и Нина кои не само што ја наследија убавината, едната на мама, а другата на тато, тргнаа и по нивните стапки, па модата не е далеку од нивното секојдневние. Честитки за уште многу години чиста љубов! фото:Инстаграм/Фејсбук принтскрин]]>

Помалата ќерка на Мики и Светле Црнокрак е новатa Little Miss Planet 2023 (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pomalata-kerka-na-miki-i-svetle-tsrnokrak-e-novata-little-miss-planet-2013-foto/ Sat, 17 Jun 2023 15:23:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306661

Вчера вечер во Бугарија, Варна – Златни песоци се одржа изборот за убавина за деца и тинејџери Little Miss&Mister Planet и Miss&Mister Teen Planet 2023. Во конкуренција на Little Miss Planet победи Нина Црнокрак (11), а во конкуренција на тинејџерки од 15 до 18 години нашата држава ја претставуваа сестрите Дебора(15) и Лаура (17) Стефанови. Дебора ја освои титулата Прва придружничка, а Лаура титулата Мис талент. Сите три се членки на Модното студио Црнокрак, кое веќе 10 години ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и кое беше поддршка на нашите девојчиња, а во жири комисијата меѓу останатите национални директорри и познати личности беше и Светлана Црнокрак. Дебора ја освои титулата Прва придружничка, а Лаура титулата Мис талент. Сите три се членки на Модното студио Црнокрак, кое веќе 10 години ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и кое беше поддршка на нашите девојчиња, а во жири комисијата меѓу останатите национални директорри и познати личности беше и Светлана Црнокрак. Нина, Лаура и Дебора на финалето кое се одржа во хотелот Асториа на Златни песоци, се претставиja во модели на Јасмина Дракул, специјално изработени за оваа пригода.]]>

Порасна и помалата ќерка на Мики и Светлана Црнокрак: Моника личи на мама, а Нина повеќе на тато – малата наследничка веќе има и титула за мис (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/porasna-i-pomalata-kjerka-na-miki-i-svetlana-crnokrak-monika-lichi-na-mama-a-nina-povekje-na-tato-malata-naslednichka-vekje-ima-i-titula-za-mis-foto/ Tue, 27 Sep 2022 08:53:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268753

Мики и Светлана Црнокрак важат за една од најубавите познати брачни двојки во Македонија, а разбирливо дека вистински убавици се и нивните две ќерки, Моника и Нина. Моника е веќе 23 годишна девојка со факултетска диплома, а помалата Нина во месец октомври ќе наполни 11 години. Ако за Моника на прв поглед може да се каже дека цела е на мама Светле, за Нина е спротивното, односно таа повеќе потсетува на тато Мики. Интересно е што и двете ќерки Црнокрак ги влече она што го работат мама и тато, па Моника уште пред неколку години почна да чекори по модните писти и да освојува титули, баш како што тоа порано го правеше нејзината мајка. Нина пак е татина галеница, па и таа веќе почна да покажува афинитети кон моделството и изборите за убавина. Годинава во Банско таа ја освои титулата за „ Little Miss Galaxy“ , а најгорд беше се разбира тато. Годините минуваат,а Мики и Светле останаа перманентни и истрајни во својот моден бизнис, кој можеби ќе остане како традиција и ќе го наследат Моника и Нина. Сепак, дали и понатаму тоа ќе биде изборот на наследничките Црнокрак, останува да покаже времето. фото:Инстаграм/Фејсбук Мики Црнокрак]]>