мијата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 Jul 2023 12:22:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мијата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мијата на овие летни горештини каде и да сте ви посакува – „Добра ноќ, добар ден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-na-ovie-letni-goreshtini-kade-i-da-ste-vi-posakuva-dobra-nok-dobar-den-video/ Thu, 20 Jul 2023 05:57:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310965

Мијата има нова песна насловена „Добра ноќ, добар ден“ за која има и видео запис направен од нејзиниот концерт кој неодамна го направи во Куршумли – Ан во рамките на прoграмата на Скопско Лето. Песната се наоѓа на новиот албум на Мијата, насловен „Вида“. „Официјалниот видео запис ја визуелизира атмосферата од концертот кој се одржа на 28ми јуни, а всушност беше концертна промоција на албумот“, изјави Мијата.   Музиката е на Мијата и Елизабет Паул, текстот на Мијата, аранжманот, клавијатурата и микссот се на Ангел Ќосев. Придружни вокали се Мартина Нанеска, Елена Васова, Дино Хриџиќ, Стефан Манасиевиќ, Бранко Илиевски и Зоран Тортевски. Режијата и монтажата се на Љупчо Трајковски. Мијата неодамна ја отвори и сезоната на музичко вечерно матине кое традиционално се одржува во Скопје Сити Мол,  каде изведе авторски и кавер нумери од својот репертоар, а настапи со акустичен состав придружувана од Кире Мирчовски на гитара и Иво Митковски на бас гитара. ]]>

Вечерва во рамките на „Скопско лето 2023“: Концерт на Мијата во Куршумли Ан (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-vo-ramkite-na-skopsko-leto-2023-kontsert-na-mijata-vo-kurshumli-an-video/ Wed, 28 Jun 2023 09:00:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307993

Во рамките на огодинешната програма на Скопско Лето 2023, вечерва, среда, 28.06.2023, во Куршумли-Ан, MIYATTA ќе одржи солистички концерт со што ќе го промовира издавањето на нeјзиниот втор албум насловен VIDA.
Учесници на концертот:
MIYATTA - вокал
Валентино Скендеровски - клавијатури
Кире Мирчовски - акустична/електрична гитара
Горан Гешовски - бас гитара
Ратко Даутовски - перкусии
Иво Митковски - тапани
Мартина Нанеска - придружен вокал
Елена Васова - придружен вокал
Дино Хриџиќ - придружен вокал
Гости:
Теда, група Фолтин, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Мартина Јаневска, Зоран Тортевски Бранко Илиевски и Ангел Ќосев
Билети на влез по цена од 300 денари. Почетокот на концертот е закажан за 20 часот.
]]>

Мијата со „франкофонските побратими“ од Битола – „Фолтин“ ја сними – „Ме боли“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-so-frankofonskite-pobratimi-od-bitola-foltin-ja-snimi-me-boli-video/ Mon, 24 Apr 2023 06:19:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299051

Mакедонската пејачка Наташа Мијатовиќ, попозната како Мијата ja претставува својата најнова песна, насловена „Ме Боли”. Овој пат во прашање е музичка соработка со „франкофонските побратими“ од Битола, групата „Фолтин“. „Станува збор  за моја авторска француско-македонска шансона, со наш заеднички органски аранжман, снимена во  студиото Алшар во Скопје. Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се Фолтин, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував и создадоа автентична атмосфера поради која оваа песна ќе се смести на листата на препознаени шансони од целиот свет“, вели Мијата. Песната ќе има и целоснофранцуска верзија со наслов „C’EST JOLI“ и ќе биде изведена  на француската телевизија која ги поддржува франкофоните ширум светот - TV5 MONDE“ - кежа Мијата. Видеозаписот е реализиран во соработка со универзитетот „Европа Прима“, каде магистрант е актерката и сестра на Мијата, Јелена Мијатовиќ. Таа ја направи трансформацијата за потребите на изведбата, додека Бојан Секулоски, професор на истиот универзитет, ги изработи снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата. Како звучи и изгледа македонско-француската верзија на Мијата и „Фолтин“ насловена „Ме боли“, проследете од видеото во продолжение(КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Мијата: „Се откажав од медицината кога почина татко ми, но не мислев дека ќе станам контролор на летање“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-se-otkazav-od-medicinata-koga-pochina-tatko-mi-no-ne-mislev-deka-kje-stanam-kontrolor-na-letanje-video/ Mon, 10 Oct 2022 10:04:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270750

Пејачката Наташа Крстевска Мијатовиќ во јавноста е позната како Мијата. Дури и во 2004 години кога пееше на првиот регионален „Идол“, скоро никој не го знаеше нејзиното вистинско име. Осумнаесет години подоцна, таа со истиот ентузијазам снима песни и веќе работи на својот втор албум, кој треба да излезе до декември.
„Мене снимањето музика не ми се исплати. Иако сум кантавтор, од тоа не се заработува многу. Ама ако имав повеќе настапи, можеби би било поинаку, па би ми се исплатило пеењето“, искрена е Мијата. Завршила нижо музичко, па запишала медицина во САД. Но во тоа време починал татко ѝ, па се откажала од студиите. Денес работи како контролор на летање на скопскиот аеродром. Вели не е лесно да се биде во контролната кула, затоа што секогаш мора да е спремна ако работите тргнат некогаш наопаку, сите оние непредвидени ситуации кога мора да разговара со пилотите и да им помогне безбедно да полетаат или да слетаат во Скопје. „Мора да си смирен за да не испаничиш кога ќе се случи нешто. Има ситуации кога пилотот толку смирено ти кажува дека има проблем, што ти и не сфаќаш веднаш дека ситуацијата е полукритична. Но мора да кажам и дека авионскиот е најбезбедниот сообраќај од сите“, вели таа за „Репортер“. Пред да почне да се занимава со оваа работа таа студирала медицина, а сонот ѝ бил да стане докторка. „Студирав две години медицина во Охајо, а татко ми, кој беше професор по физика и астрофизика на ПМФ, доби понуда да биде визитинг професор на мојот колеџ. Требаше заедно да тргнеме за Америка, ама почина една недела пред да полетаме. Јас не планирав да сменам професија, ама кога ќе изгубиш еден родител, се плашиш да не го изгубиш и другиот. По неговата смрт заминав за Америка за да го завршам семестарот, а кога летото дојдов во Скопје, мајка ми беше чудна, а уште и кога ми покажа оглас за вработување, сфатив дека сакам да останам за да не е сама“, се сеќава Мијата. И додава дека не жали за одлуката, иако низ смеа вели дека сигурно би била одличен лекар. Муабетите со Мијата немаат крај. Од тоа како го добила името по кое ја знае публиката, преку песните што сама ги пишува, до медицината, зошто не стана хирург, но и за времето во „Идол“. Зборувавме и за тоа како се запознала со сопругот кој е спортски новинар, за синот и ќерката, како се справува со стресот на работа кога некој авион има проблем и за чувството кога првпат сама седнала во контролната кула... Гледајте го видеото.

Мијата во соработка со Теда ви ја претставува најновата песна – ,,Враќање дома” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-vo-sorabotka-so-teda-vi-ja-pretstavuva-najnovata-pesna-vrakjanje-doma-video/ Wed, 25 May 2022 09:48:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251842

Наташа Мијатовиќ попозната како Мијата има нова песна. Музиката е на Александар Пешевски, текстот на Весна Малинова, додека за аранжманот задолжени беа Дамир Пух, Наташа Миха, MIYATTА. Мијата самата е режисер на видео записот за “Враќање дома“. Во оваа песна покрај неа вокално ја надополнува и Теда, чиеполно име и презиме е Теодора Гошева Капсарова, инаку кантавторка и пејачка од помладата генерација. „Снимањето на спотот беше прекрасно искуство каде скопјани спонтано реагираа на музичкиот камионет кој возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Благодарност и до авторскиот тим кои направија парче музика кое толку автентично мене ме отсликува и секако да видео продукцијата кои ја поддржаа мојата идеја“ - вели Мијата. Во продолжение проследете ја „Враќање дома“ на Мијата: ]]>

Мијата со роденденска честитка за себе и своите фанови со -„Невидени“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-so-rodendenska-chestitka-za-sebe-i-svoite-fanovi-so-nevideni-video/ Thu, 01 Jul 2021 12:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209298

Македонската пејачка Мијата деновиве го прослави својот роденден. Можеби на дамите не им се бројат и не треба, годините, ама затоа на естрадните уметници им се вројат успесите и песните. Затоа и новата песна „Невидени“, со симболичен наслов кој асоцирана тоа дека многумина не беа во можност речиси две години да ги видат саканите луѓе, доаѓа како своевиден роденденски подарок и за самата Мијата, но и од неа за нејзината публика, обожаватели, следбеници на социјалните мрежи... После сите предизвици, а пред се' здравствени, Мијата одлучи новата животна декада да ја започне весела, во друштво на оние што ѝ ја наполниле душата со убавини, а таа емоција воопшто и не се труди да ја сокрие. „Како да Ви се заблагодарам поинаку на прекрасните честитки, ако не со песна. Многу Ве ценам, вреднувам и благодарна сум за секое Ваше внимание. Повелете нова песна со наслов - Невидени“ - напиша Мијата споделувајќи ја песната на својот Фејсбук. Инаку, „Невидени“ е дело на Александар Јовевски кој ги напишал музиката и аранжманот за песната и Весна Малинова, која е автор на стиховите. Режијата и монтажата на видеото со кое е визуелизирана „Невидени“ се на самата Мијата, а во песната и видеото уште учествуваат: Придружни вокали - Наташа Миха, пиано - Александар Јовевски, ударни инструменти - Ратко Даутовски, гитара - Данијел Маодуш (Хрватска). Микс и мастерингот ги изработил  Дамир Пух, а песната е снимена во „Green Room Sound Studio“ во Скопје. Ако досега не сте ја слушнале и виделе „Невидени“, еве ви уште една можност за тоа: ]]>

Мијата има доволна доза антитела зашто има своја – „Маска“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-ima-dovolna-doza-antitela-zashto-ima-svoja-maska-lirik-video/ Wed, 16 Dec 2020 12:51:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181220

Новата песна на Наташа Мијат Крстевска - Мијата (MIYATTA), насловена „Маска“ е поп – рок песна, со еден необичен музички набој различен од она што го знаеме за неа. Песна која ја користи тематиката на болеста што нѐ засегна сите како алегорија за изразување на една друга подлабока тема за женските права и слободи, на кои Мијата како самосвесна жена, често им се навраќа. Музиката и текстот се нејзино авторско дело, а аранжманот го потпишуваат Дамир Пух и Наташа Миха, која ги испеала и придружните вокали, а песната е снимена во „Green Room Recording Studio“. „Маска“, однеодамна е достапна на публиката и безбедна за слушање, зашто Мијата веќе располага со неопходната доза антитела. „Видео запис за оваа песна ќе има, се надевам набргу дена ќе почнеме со снимање со Мелем Продукција, зашто уште не се чувствувам вратена целосно во кондиција по прележаната корона“ – вели Мијата. Во меѓувреме слушнете како звучи нејзината музичка „Маска“ проследена со лирик видео: https://www.youtube.com/watch?v=PFoQvhewx80]]>

Мијата со универзална симболика во новата песна – „Regret“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-so-uiverzalna-simbolika-vo-novata-pesna-regret-video/ Tue, 17 Mar 2020 13:32:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139986

Македонската поп-пејачка Мијата има нов сингл, „Regret“ песна која се најде и на албумот „Небеска“. „Regret“ e производ на мојата соработка со Давор Јорданoвски кој се потпишува како аранжер, а јас сум автор на музиката и текстот. Иако песната ја темпирав за март, како месец на жената, но со новонастанатата ситуација стиховите на „Regret“ добиваат уште подлабока и универзална симболика“ - вели Мијата. Продуценти на песната се Давор Јордановски и Ѓоко Мишковски, а снимена е во Big Bang Music Recording Studio во Торонто како и во Rock’n Roll студио од Скопје, кој воедно беше и издавач на албумот „Небеска“. Видеото го изработил Иван Куртевски. Мијата вели дека му е благодарна до Бане Поповиќ кој дозволил да се користат материјали оригинално снимени од “Томато Продукција“. Како изгледа видеото за „Regret“ проследете во продолжение: ]]>

Мијата со – „Бај, бај“ во спомен на Бојс и „Бубамара“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-so-baj-baj-vo-spomen-na-bojs-i-bubamara-video/ Fri, 04 Oct 2019 09:46:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110828

Македонската пејачка Наташа Мијатовиќ - Крстевска, во јавноста позната под уметничкиот прекар „Мијата“ има нова песна. Всушност таа испеа стара песна, само на нов глас, со нов аранжам, во нов манир, визуелизирана со ново видео. Имено, Мијата решила да ја преработи старата песна на покојниот Драган Каранфиловски - Бојс, од времето кога тој беше член на тогаш многу популарната поп група „Бубамара“, во периодот додека таа постоеше од средината на 80-те и првата половина на 90-ите години. Токму со оваа песна тие се претставија на тогаш третиот по ред „Макфест 1988“ и иако завршија како седми, песната стана голем хит, беше многу популарна и прогласена за највртена песна помеѓу два фестивала од страна на слушателите на тогашното Радио Скопје и Здружениото на локални радиостаници ширум Македонија! По повеќе од три децении подоцна, Мијата ја претстави својата верзија на овој некогаш голем македонски хит, овој пат преаранжиран од Дамир и Наташа Пух, како и од самата Мијата, во кантри стил. Музиката и стиховите се разбира се на покојната македонска музичка легенда - Бојс, додека за снимањето, продукцијата, миксот и мастерингот одново се погрижил гитарскиот виртоуз  Дамир Пух кој разбирливо ги свири и сите гитари, додека на усна хармоника се појавува Александар Пешевски - „Mighty Creation“. Мијата за песната се погрижила да подготви и сосдветна визуелизција чија режија ја потпишува самата, додека како директор на фотографија и дрон е потпишан Јован Лесански, асистент на камера бил Мето Лесански, а за монтажата и постпродукцијата бил задолжен Аце Бошковски. Стајлингот на протагонистите во видеото го осмислиле Моника Блажевска и Сара Реџиќ. Во снимањето на спотот покрај Мијата учествувале и Александар Пешевски/Mighty Creation -   усна хармоника, Теодора Гошева - гитара, Андреа Мирческа - контрабас и песот Дарма. „Благодарност до: Софија Каранфиловска што се согласи на оваа авантура, момчињата од Мелем продукција што ми ја овозможија локацијата, Бојан  Тодоровски (Urban Cleaning) и сите учесници кои несебично придонесоа оваа верзија на 'Бај Бај' да звучи и изгледа вака. 'Бај Бај' оригинално беше изведена од група Буба Мара на Макфест '88“ - напишала Мијата покрај видеото за песната, кое можете да го проследите во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=Q7RZIVa3qk0  ]]>

Андријана Јаневска позираше пред сопругот во бикини, а коментарот од Мијата ја остави во чудење! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/andrija-janevska-pozirashe-pred-soprugot-vo-bikini-a-komentarot-od-mijata-ja-ostavi-vo-chudenje-foto/ Wed, 14 Aug 2019 07:01:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102013

Пејачката и виолинистка Андријана Јаневска како по некоја традиција, секое лето редовно објавува фотографии од дестинацијата на нејзиниот семеен летен одмор, но со фокус во нејзиното згодно тело. Од ваква или таква перспектива, тоа што Јаневска е една од најзгодните познати мајки, не може да не се забележи.
А кога нешто е убаво, вреди и да се види и покаже. Овие топли летни денови, пејачката ужива на плажа во Охрид, а хедонизмот кон македонскиот бисер, им го покажа на следбениците на Инстаграм преку неколку фотографии кои ги направил нејзиниот сопруг – гитаристот Драган Гиновски- Гино.
Најпрвин долгите нозе ги окри во куси панталончиња, потоа позираше до половина во вода, покрај брегот, во еден костим за капење, втор, трет...
Андријана за приложеното ги собра сите пофалби за изгледот, а особено позитивно ја изненади коментарот на нејзината колешка Мијата која и порача: -Со вакво тело не знам кој друг од естрадава може да се пофали! Напред сестро! Коментираше Мијата, додека Андријана остави „задчуден“ симбол.
Мора да се признае дека иако е мајка на две дечиња, таа изгледа совршено особено нејзините долги и тенки нозе како на манекенка, а коментарот на Мијата „држи место“!]]>