мијак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 18 Apr 2019 07:18:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мијак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Семејна фотографија од 90-ите: „Еда грдо, шо си лично“ – погодете кој познат македонски ТВ водител е најмалиот и најубавиот на сликата? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/semejna-fotografija-od-90-ite-eda-grdo-sho-si-lichno-pogodete-koj-poznat-makedonski-tv-voditel-e-najmaliot-i-najubaviot-na-slikata-foto/ Thu, 18 Apr 2019 07:13:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83630

Сите ние чуваме стари семејни фотографии, а всушност, тие ни ги чуваат спомените од најраната возраст, најубавите години, ни ги чуваат спомените од детството. На нив најчесто се потсетуваме кога случајно пребарувајќи по ормарите, фиоките, дребулиите низ домот ќе налетаме на старите фото албуми или купчето фотографии спакувани во плик или кесичка. Понекогаш и намерно посегнуваме по нив... Тогаш кога сме осамени, кога ни е тешко, или ќе се сетиме на некој важен датум на радост, како нечиј роденден, празник, слава, дипломска... или тажен датум на нечие заминување! Тогаш навираат емоциите, па прошетката по спомените низ старите фотографии не потсетува на сето она што некогаш сме биле, а веќе не сме, на она што било, а веќе не е или го нема... А, сепак е тука само малку поинакво, во друга форма, облик, со поинаков изглед... Сеедно, старите фотографии се секако чувари на спомените од богатата ризница на нашето минато!
Токму една ваква, стара семејна фотографија деновиве сподели и тој... Тогаш млади, неговите родители заедно со своите деца, од кои едното е и тој... Денес познатиот македонски радио и ТВ водител, чија последна работна дестинација е „Канал 5“. „90-ите. Кој сум јас?“ - напиша во вид на прашање водителот покрај фотографијата. Ако се' уште не го препознавте, еве ние ќе ви откриеме: тој е најмалиот и најубавиот на фотографијата! Денес е зрела личност, свој човек, кој покрај професијата е голем љубител природата, поборник на здравиот живот и секако борец за правата на животните кои исто така бескрајно ги обожува -  Ване Марковски!
Времето неизмерно лета, луѓето се менуваат, но некои нешта остануваат  вечни. Така Ване, покрај семејната фотографија од детството, деновиве постираше уште една, на која некои кои се неупатени ќе речат: „Еј, Ване облекол фустан“!?
А, всушност водителот е променет во традиционална македонска народна носија од Мијачкиот крај. И не случајно... Тој по потекло е токму од тој крај, поточно од Гостивар, па како потеклото и корените никогаш не се забораваат, ниту бришат, Марковски реши да си ги освежи сеќавањата на своето потекло, а фотографијата е направена на најавтентичната можна локација: под манастирот Свети Јован Бигорски, во етно ресторанот, познатата „Куќа на Мијаците“! Водителот со гордост ја носи традиционална македонска мијачка носија, која рака на срце, убаво му прилега... А воедно без збор да изусти и да им одговори на прашањето на сите оние кои го прашаа: „Мијак ли си мајке“?  Е, Мијак! „Еда грдо, шо си лично“!
     ]]>