мидлтон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Mar 2024 07:38:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мидлтон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По многуте шпекулации се огласија од кралската палата во врска со здравјето на Кејт Мидлтон: Во нејзините активност најавени нови промени (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-mnogute-shpekulatsii-se-oglasija-od-kralskata-palata-vo-vrska-so-zdravjeto-na-kejt-midlton-vo-nejzinite-aktivnost-najaveni-novi-promeni-foto/ Mon, 04 Mar 2024 07:38:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340936

Мистериозната приказна за операцијата и закрепнувањето на Кејт Мидлтон станала уште позагадочна откако нејзиниот сопруг пред два дена, во последен момент одлучил да не се појави на комеморацијата на својот кум поради приватни причини, не откривајќи ги останатите детали. Тоа медиумите веднаш го поврзале со принцезата од Велс. Иако од Кенсингтонската палата порачале дека сопругата на принцот Вилијам е добро, сепак постојат разни сомнежи и гласини дека тоа не е така. Сега, се огласил нејзиниот тим во екот на разните шпекулации. „Кенсингтонската палата во јануари јасно ги стави до знаење роковите за закрепнувањето на принцезата, а ние ќе даваме само значителни ажурирања“, изјавил претставник на Кејт Мидлтон ексклузивно за „Page Six“, па додал: „Таа насока стои“, па додал дека принцезата од Велс е добро.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Откако Кејт на 16 јануари била оперирана во лондонска приватна болница поради проблеми со абдоменот, се појавиле шпекулации затоа што не била соопштена причината за хируршката процедура, а многумина ги заинтригирал и податокот дека принцезата ќе закрепнува два до три месеци. Експертите укажале дека тоа говори дека станува збор за сериозна состојба додека желбата на принцезата од Велс била податоците за нејзиното здравје да останат приватни. Принцот Вилијам денес им се вратил на должностите откако неговото отсуство од комеморацијата ја загрижило британската јавност. Кралот Чарлс Трети исто така го пропуштил собирот во Виндзор. Јавноста ги следи деталите за британскиот монарх којшто е болен од канцер.Палатата тоа го објави на петти февруари, а на тоа претходела операција поради бенигно зголемување на простатата. фото:Instagram printscreen/ theroyalfamily]]>