мица-трофртаљка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 Mar 2020 11:34:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мица-трофртаљка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Мица -„Трофртаљка“, најпознатата андерграунд фолк ѕвезда во бивша Југославија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-mica-trofrtaljka-najpoznatata-andergraund-folk-dzvezda-vo-bivsha-jugoslavija-foto/ Mon, 09 Mar 2020 11:34:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138329

Милица Остојиќ, која со децении го забавуваше народот со нејзините хумористични песни и улоги, почина на 77-годишна возраст во старечки дом. Ги остави зад себе синот, ќерката и внуците. Попозната како Мица - Трофртаљка, оваа фолк пејачка беше најголемата народна андерграунд увезда во бивша Југославија. Беше позната по своите хумористични еротски песни, како и улогите во кои се појавува во неколку српски филмови. Ссвојата кариера ја започнала во 1968 година во родното Миличевци крај Чачак. Во документарецот за нејзината кариера, Мица ќе изјави дека нејзината примарна цел била да се забавува и да ја натера публиката да се насмее. „Порано ме нарекуваа секс-бомба и ми нудеа големи пари за да се сликам во бикини. Бев убава и пожелна жена и таа еротика ја претворив во шега. Ми беше интересно како некои кои јавно се грозеа од песните што ги изведував, ги фатив како тајно ги слушаат. Јас бев тоа што бев и не се срамав “, ќе рече Мица во едно интервју. „Луѓето одеа на пазар, па ќе ја видат мојата плоча и ќе заборават по што тргнале? Носев пари во вреќи, не можев да ги потрошам. Тоа беа среќни времиња. Се сеќавам и на еден инцидент. Еден млад човек беше груб кон мене, па  го прашав: „Дали знаеш на кого тоа му го кажаа?“ Тој ми вели: „На тебе!“ Му реков да излезе, а тој  не сакаше да ја напушти кафеаната. Јас го извадив пиштолот од торбата и му реков: „Излегувај, очи да не те видам повторно!“ Тој излезе, па се врати, а јас тогаш истрелав два куршуми пукајќи во таванот. Сите избегаа од кафеаната“, раскажуваше своевремено Мица. Мица - Трофртаљка беше најголемата sвезда во сите свратилишта за камионџии. Никогаш не можеше да помисли дека ќе гостува на телевизија,  затоа што и рекоа дека нејзините песни се „срамни“. Но, така не мислеше Joсип Броз Тито. Претседателот на Југославија седеше во првиот ред на доделувањето на наградите за златна и сребрена плоча во Домот на синдикати во Белград, каде што Мица ја отпеа „Даворике дајке“. Тито побара да му ја отпее и  „Нишка Бања“. Организаторите ја предупредуваа да го среди нејзиното однесување пред Тито и неговата сопруга Јованка, а на Мица не и беше гајле  што зборуваат, туку таа си танцуваше, размавнувајќи ги колковите и сè што одеше со тоа. На Тито му се допадна нејзиниот настап, па затоа и прв почна да аплаудира, а по него аплаузот одекна и низ сала. Мица Трофртаљка ги остави синот Зоран и неговите две ќерки, како и ќерката Нада и нејзините три сина, од кои едниот е музичар. Погребот на Мица Трофртаљка ќе се одржи во вторник во 13 часот на селските гробишта во Миличевци. ]]>