ми се води љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 11 Feb 2020 13:15:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ми се води љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Фолтин“ ја екранизираа со необично видео – „Ми се води љубов“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/foltin-ja-ekraniziraa-so-neobichno-video-mi-se-vodi-ljubov-video/ Tue, 11 Feb 2020 13:15:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133682

Македонскиот бенд „Фолтин“ во април минатата година ги почести обожавателите со албумот „МОМÓМА“, а пред неколку дена, најголемиот хит од албумот, песната „Ми се води љубов“, си доби видео запис. https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/foltin-mi-se-vodi-ljubov-audio/ Покрај стандардната екипа која ја сочинуваат музичарите на „Фолтин“, предводени од одличниот вокал на Бранислав Николов, гостин во песната е Петар Димитровски на клавијатури. Режијата и монтажата на видеоспотот се на Милена Витман, додека кинематографер е Владимир Димоски. Танчерката во спотот е од Венецуела Зарина Рондон,  навистина изведува некои несекојдневни потези во видеото. Во продолжение погледнете го најновиот видеоспот на „Фолтин. ]]>

„Фолтин“ во живо од студиото „Алшар“: „Ми се води љубов“ ( ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/foltin-vo-zivo-od-studioto-alshar-mi-se-vodi-ljubov-video/ Mon, 27 May 2019 08:02:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89695

Во пресрет на фантастичната концертна промоција на материјалот од новиот албум „Момома“ која се одржа викендов (сабота, 25 мај), во клубот „Кабрио“ во Скопје, битолскиот состав „Фолтин“  своите фанови ги почести со изведба во живо на првата песна од новото изданиенасловена: „Ми се води љубов“.
Видеото е снимено во студиото „Алшар“, каде што Ивица Јанкуловски – Штраф ги направи и миксот и мастерингот на новиот материјал, потпишувајќи се и како инженер на звук, со асистентката Бисера Атанасова.
Славчо Јовев на тапани, Гоце Јованоски на бас, Пеце Трајковски – Брада на гитара и синтизајсер, Пеце Николовски на кларинет, Петар Димитровски на пијано и вокалистот Бранислав Николов ги снимаа Стефан Рајхл, Петар Аврамоски, Филип Ѓоѓиоски и Антон Лазаревски, а видео-монтажата ја направија „Тоун бандитс“. 
По скопската промоција, „Фолтин“ ќе го претстави новиот материјал и во Домот на млади во Штип, каде што на 2 јуни ќе настапат во рамките на фестивалот „Сигнал, а потоа продолжува надвор од нашите граници, односно на 8 јуни ќе свири во Софија, на 13 јуни во Љубљана, а на 14 јуни во Минхен. Во меѓувреме, уживајте во „Ми се води љубов“... Можеби е „заразно“! ]]>

Фолтин – „Ми се води љубов“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/foltin-mi-se-vodi-ljubov-audio/ Fri, 19 Apr 2019 10:06:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83998

"МОМÓМА е најзрелиот албум на Фолтин. Музички клуч под дипле. Со кој влегувате којзнае каде. Благо џезиран. Бескрајно љубовен. И, замислете, пријатно поинаков од сѐ претходно, а препознатливо фолтиновски“ - ќе напише писателот Дејан Трајковски во описот на рецензијата за новото дискографско остварување на веројатно, македонскиот нај арт бенд.
Новото издание на „Фолтин“ кое беше промовирано вчера, четврток,18-ти април 2019 година, во кафе барот „Цреша“ точно напладне, на прес конференцијата на која членови на македонскиот арт бенд „Фолтин“ го претставија материјалот на „МОМÓМА“, содржи шест авторски композиции реализирани од: Бранислав Николов – глас, Пеце Трајковски-Брада – гитара и сајзер, Гоце Јованоски – бас, Славчо Јовев – тапани, Пеце Николовски – кларинет и усна хармоника. Како музичари - гости се појавуваат: Петар Димитровски – клавијатури (1-6), Владан Дробицки – тромбон и Васко Бојаџиски – саксофон (5) Снимател на материјалот бил Гоце Јованоски, додека миксот и мастерингот се на Ивица Јанкуловски-Штраф. Сето тоа е снимено во студиото „Алшар“, во Скопје, во периодот од декември 2018 – јануари 2019 Дизајнот на обвивката го потпишува Ангел, додека издавач е НМА.
Како илустрација на целиот материјал ви ја презентираме темата „Ми се води љубов", во која можеби можете да го препознаете и Том Вејтс, како да влегол во романтична џез фаза, па пее пригушено низ мегафонот од "Chocolate Jesus". А потоа од некаде излегува и Боуви, со онаа негова проклето прекрасна насмевка.
А текстовите? Тие се такви какви што ги очекувате – безмилосно нежни и силни. „МОМÓМА" е оној момент којшто не сакате да заврши. Во ноќта кога, рече, може само да ме сонуваш. Кога ви се води љубов. Малку неморално. Раскошно и блудно" - резимира Дејан Трајкоски. Преслушајте ја „Ми се води љубов“ и самите проценете: ]]>