метрополис арена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 01 Jan 2018 10:43:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png метрополис арена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 МЕМОРИЈА Ви посакува „Среќна Нова“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/memorija-vi-posakuva-srekjna-nova-video/ Mon, 01 Jan 2018 10:41:55 +0000 http://vistina.mk/?p=8398

Од големиот повратнички концерт во „Метрополис арената“ на легендарната македонска поп-рок група „Меморија“ каде што илјадници љубители на нивните безвременски хитови во еден глас пееја заедно со  бендот  на неколкучасовната забава збогатена и со настапи на специјалните гости и пријатели на „Меморија“, за новогодишниве празници осамна уште едно видео на Јутјуб.
За потсетување на сите оние што присуствуваа на концертот, но и како еден вид новогодишна честитка до своите фанови и сите останати, групата деновиве премиерно го претстави видеото за темата „Среќна Нова“!
Еве како звучеше и изгледаше оваа жива верзија на песната на концертот на групата, одржан на 18 ноември 2017 год. во скопската „Метрополис Арена“. https://www.youtube.com/watch?v=qbSAMIXxpWg&feature=share]]>

Меморија + Блејзери со концертната верзија на „Дирлада“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/memorija-blejzeri-so-koncertnata-verzija-na-dirlada-video/ Fri, 22 Dec 2017 12:47:02 +0000 http://vistina.mk/?p=7526

Пред нешто повеќе од еден месец, на 18 ноември годинава, легендарната македонска попо-рок група „Меморија“ го одржа својот голем повратнички концерт во арената „Метрополис“, каде што илјадници љубители на нивните безвременски хитови во еден глас пееја со комплетната постава на бендот. Неколкучасовната забава беше збогатена и со настапи на специјалните гости и пријатели на „Меморија“, како што се: Пере од „Нокаут“, Мики Јовановски - Џафер, групата „Зијан“, Гранит Таќи од „Лева патика“ и неговата ќерка и колешка Леа.
Освен двата албума со најголемите хитови што беа објавени годинава, „Меморија“ в година ќе нè почести и со сосема  новв материјал од кој како вовед ќе ја слушнеме темата „За тебе“, чија премиера се очекува во февруари. За потсетување на сите оние што присуствуваа на концертот, но и за да видат што пропуштиле оние кои не успеале или не можеле да бидат таму, групата деновиве премиерно го претстави видеото од бисот и спектакуларната изведба на познатата „Дирлада“, во придружба на блех оркестарот „Блејзери“, што ја сумира целата атмосфера на незаборавниот настан, а како изгледаше сето тоа можете да видите подолу. ]]>

„Меморија“ ве чека на најголемата рок ен рол концертна журка https://arhiva.vistina.com.mk/memorija-ve-cheka-na-najgolemata-rok-en-rol-koncertna-zurka/ Fri, 17 Nov 2017 12:47:14 +0000 http://vistina.mk/?p=3994

Македонската група „Меморија“ по пауза од 25 години, реоформена  утревечер, сабота 18 ноември ќе го одржи својот голем повратнички концерт во скопската Метрополис арена. Концертот е по повод 35 години од основањето на бендот и на него ќе настапат членовите на последната постава, засилени со уште еден од нивните бивши вокали - Ристо Самарџиев. Басистот и еден од основачите на групата, Петар Георгиевски-Камиказа, најави концерт со врвна акустична и видео технологија, специјални аудио,визуелни и светлосни ефекти, графика... но, пред се’, врвна свирка и совршена музичка изведба.
„Меморија“ годинава  издаде два албума со избор од нивните најголеми хитови: шестиот албум, насловен „Антологија на балади“, со 11 песни меѓу кои се „Возови“, „Нашите слики“,  „Оган под ѕвездите“...  и оној од пред неколку дена - нивниот седми албум - Greatest Hits составен од најголемите хитови од брзите песни на групата како „Нена“, „Снежо, Снежана“, „Одам засекогаш“, „Илјада песни“ ... и други, промовиран на последната прес-конференција во Пелистер. На последниот „Македонски радиски фестивал МАРС 2017“  што се одржа во вторникот, 14 ноември 2017 во МОБ, „Меморија“ ја понесе наградата „Трајни вредности“ за особени заслуги и придонес во развојот, афирмацијата и популаризацијата на македонската музика сиве овие години.
Влезниците за концертот се речиси распродадени, па се очекува утревечер полната сала на некогашното скопско сајмиште да биде „урната“ од звуците на музиката на „Меморија“ и очекуваниот фидбек од публиката во полната хала, во која ова ќе нбиде последниот концертен настан пред таа да биде урната.
Пред почетокот на концертот публиката со својот настап ќе ја загрева Марко - Логаут, а како специјални гости на „Меморија“ се најавени легендарната македонска група „Зијан“, вечниот Мики Јовановски - Џафер и Гранит Таќи,  вокал на некогашната „Лева патика“ и чобвекот кој го испеа еден од најголемите македонски хитови на сите времиња - „Неправда“, кој ќе настапи заедно со својата ќерка, актуелната пејачка Леана Леа Таќи!  ]]>