Методи Цветковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 07 Jan 2024 09:52:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Методи Цветковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Замижи и посакај добрина, мир“ – порачува Нина Николовска во песната за – „Божиќ“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zamizhi-i-posakaj-dobrina-mir-porachuva-nina-nikolovska-vo-pesnata-za-bozhik-video/ Sun, 07 Jan 2024 09:47:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334049

Малата Нина Николовска со песната „Божиќ“ ќе им ги стопли срцата на сите за време на Божиќните празници. За оваа песна, која претставува своевидна божиќна химна, изработен е и спот, во кој изобилуваат магични моменти кои ги носат овие празници не само во секој дом, туку и убавината што ја носи Крива Паланка во овој период на годината. Целиот тим, кој  го работеше овој проект се музичари од Крива Паланка, а е продукциското првенче на Центарот за аудиовизуелни уметности од овој град. Автор на музиката и аранжманот е џез-музичарот Гордан Спасовски, текстот е на Рената Кралевска, режија, Александар Ристески, директор на фотографија, Тони Величковски, а извршен продуцент е Методи Цветковски. Спотот е снимен во центарот на Крива Паланка, но и на повеќе локации во околината на градот, кои го покажуваат раскошот за време на овие празници, но и ги мамат посетителите како локација и за културен туризам, за  планински, гастрономски, еко-туризам, уживање во природата и чистиот воздух и секако неизбежниот убавец, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. Овој проект е под покровителство на Општина Крива Паланка ,  каде вчера  се организираа "Бадникови поворки" со Бадникова прослава на градскиот плоштад, а вечер, во 18 часот, ќе се одржи "Божиќен концерт" на Трио џентлмен. Славејќи го Христовото раѓање, Нина во песната порачува: „Ме буди мирис на цимет и божикни колсчиња. Божиќ е љубов и светлина, во нашите срца топлина. Замижи и посакај добрина, мир...“. ]]>