метерологија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 May 2019 11:53:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png метерологија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Метеролозите предупредија: Пеколно лето, но и опасни бури! https://arhiva.vistina.com.mk/meterolozite-predupredija-pekolno-leto-no-i-opasni-buri/ Mon, 27 May 2019 12:30:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89824

Во поголемиот дел од Европа ова лето се очекуваат големи топлотни бранови, додека Југоисточна Европа и Балканот се очекуваат силни бури. Ова го објави метеоролошкиот сервис Акју ведер, во својата голема прогноза за летото што доаѓа за Стариот Континент. – Долгорочните периоди на суша на земјоделците ќе им предизвикаат проблеми, а сушно време се очекува низ континентот – пишува Акју ведер во својата прогноза. Додека поголемиот дел на Европа ќе биде под удар на сушно време и опасни топлотни бранови, на поголемиот дел од Балкан му се закануваат чести бури со силни грмежи. Ова особено важи за подрачјето на Далмација, но и во јужните делови на континентална Хрватска, пренесува Индекс.хр. – Иако делови од Балканот нема да бидат имуни на топлинските бранови, екстремните жештини ќе бидат ограничени – пишува Акју ведер. Опасни бури му се закануваат на подрачјето од Грција до Србија, Романија и Бугарија, но и на делови на Јадранот. – Овие бури ќе донесат голем број молњи, поплави предизвикани од поројни дождови, како и оркански ветрови и град – предупредуваат метеоролозите и додаваат дека најсилните бури би можеле да доведат и до создавање торнада. Вакви силни бурни најмногу се очекуваат во попладневните и вечерните часови. – Најголема опасност ќе донесат орканските ветрови, градот и поројните поплави – се заклучува во прогнозата за Балкан. Летото во Европа ќе го одбележат и долготрајни топлотни бранови кои ќе го зафатат подрачјето од Португалија и Шпанија па сè до Полска и Унгарија. Жештините ќе почнат уште во јуни во Шпанија и Португалија, а подоцна ќе се шират кон северниот и источниот дел на континентот. извор:сител.мк]]>