метаморфоза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Mar 2024 13:11:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png метаморфоза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тотална трансформација: Вака денес изгледа старлетата Милица Живановиќ позната како Мими – Оро (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/totalna-transformatsija-vaka-denes-izgleda-starletata-militsa-zhivanovik-poznata-kako-mimi-oro-foto/ Thu, 07 Mar 2024 13:10:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341539

Старлетата Милица Живановиќ, попозната како Мими Оро, пред многу години ја запали јавноста со своите одговори во популарниот квиз. Тогаш не знаела кога почнале и кога завршиле војните, ја згрешила химната и боите на знамето, а поради слаткото изговорено име „оро“ за птицата орел го добила тој прекар. По скандалот во квизот на знаење, таа учествуваше во реалното шоу Парови во кое не се прослави, но не беше позната ниту по многу скандали. Ги намали усните и ја промени бојата на косата... Па по тоталната трансформација. Милица Живановиќ денес сосема поинаку изгледа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Milica Živanović (@mimi_oro_milica)

Но се' уште привлекува со својот сексапил и заводливата голотија која мами воздишки кај нејзините многубројни следбеници. Слободното однесување кое на социјалните мрежи го користи за своите инфлуенсерски активности, како на пример рекламирањето секси долна облека, со што Оро заработува од спонзорите.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Milica Živanović (@mimi_oro_milica)

Фото и видео: Инстаграм/mimi_oro_milica

Повеќе на vistina.mk]]>

]]>
Уште една српска старлета повеќе не личи на себе: „Пластична метаморфоза“ на Сандра – „Медуза“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-edna-srpska-starleta-povekje-ne-lichi-na-sebe-plastichna-metamorfoza-na-sandra-meduza-foto-video/ Tue, 31 May 2022 12:41:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252587

Поранешна учесничка во реланото шоу „Парови“, српската старлета Сандра - „Медуза“, која сама си го даде тој прекар, остана запаметена по многу лапсуси. Таа се опиша себеси како првата природна српска старлета, без силикони. Извесен период не се појавуваше во јавноста, а новите фотографии покажуваат дека речиси целосно го променила личниот опис со естетски корекции. Кога ќе ги погледнеме нејзините нови фотографии на Инстаграм, можеме да заклучиме дека Сандра - Медуза претрпела „пластична метаморфоза“ па сега е сосема „поинаква личност“. Токму тоа во своите коментари го велат повеќето корисници на оваа социјална мрежа кои имаа можност да ги видат нејзините нови слики. Старлетата инаку многу заработува од разголените фотографии. Таа ги споделува на една страница за возрасни, каде што се наплаќа ваквата експлицитна содржина. Потсетуваме, Сандра стана популарна затоа што немаше поим за многу нешта што се познати од општа култура. Која струја ја измислил Никола Тесла, а не го знаеше ниту целосното име на Јосип Броз Тито, ниту прекарот на војсководецот Атила. Таа не ги знаела ниту боите на српското знаме, а шокантно е што не знае која е химната на Србија. Погледнете го видеото кое „ја прослави“: 

Повеќе на vistina.mk]]>

Поранешна учесничка во реланото шоу „Парови“, српската старлета Сандра - „Медуза“, која сама си го даде тој прекар, остана запаметена по многу лапсуси. Таа се опиша себеси како првата природна српска старлета, без силикони. Извесен период не се појавуваше во јавноста, а новите фотографии покажуваат дека речиси целосно го променила личниот опис со естетски корекции. Кога ќе ги погледнеме нејзините нови фотографии на Инстаграм, можеме да заклучиме дека Сандра - Медуза претрпела „пластична метаморфоза“ па сега е сосема „поинаква личност“. Токму тоа во своите коментари го велат повеќето корисници на оваа социјална мрежа кои имаа можност да ги видат нејзините нови слики. Старлетата инаку многу заработува од разголените фотографии. Таа ги споделува на една страница за возрасни, каде што се наплаќа ваквата експлицитна содржина. Потсетуваме, Сандра стана популарна затоа што немаше поим за многу нешта што се познати од општа култура. Која струја ја измислил Никола Тесла, а не го знаеше ниту целосното име на Јосип Броз Тито, ниту прекарот на војсководецот Атила. Таа не ги знаела ниту боите на српското знаме, а шокантно е што не знае која е химната на Србија. Погледнете го видеото кое „ја прослави“:  ]]>
Како водителот Стефан Лазаров за само 90 дена од „чкембар што вози во лер“ се направи вистински „ѕвер“: „Дали сум нормален“? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-voditelot-stefan-lazarov-za-samo-90-dena-od-chkembar-se-napravi-dzver-dali-sum-normalen-foto/ Tue, 26 Jan 2021 08:05:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186685

За него велат дека е момчето кое за кратко време ги освои симпатиите на гледачите на прва. И додека беше на ТВ како водител во  некои од најгледаните естрадни ТВ магазини, но и заради она што сега го прави на својот Јутјуб канал. Сепак Стефан Лазаров е момче на кое фудбалот секогаш му бил на прво место... Или барем прва љубов, непрежалена... „Фудбалот отсекогаш ми бил прва љубов, а така и ќе остане. Се пронајдов најдобро само поради фактот што живеев за тој спорт. Заврши поради повреда, а водителството е една голема авантура во која секојдневно се учат нови работи. Го сакам тоа и не се откажувам. Уживам кога сум пред камера“ - изјави своевремено младиот водител, во периодот кога ги правеше своите први чекори или поточно, првите стендапи пред камера. https://www.youtube.com/watch?v=0MYXIdewYeU Нешто подоцна момчето  се впушти и во музичките води со една, па друга песна, онаа последната, чие видео се појави неодамна насловаен „Beast ( Ѕвер)“, тематски врзана со спортот, но и животот, веројатно помалку и автобиографска. Дали токму  тоа не го разбуди „ѕверот“ во младиот убавец, за Стефан Лазаров да си постави себеси задача, која за многумина е невозможна мисија. Предизвик, кој повеќето во старт не би го прифатиле, а многумина од оние што ќе го прифатат на половина ќе се откажат. Многумина, ама не и тој... И онака како што знае своите соговорници „да ги вози“ со незгодни прашања додека ги вози во автомобилот во своето ново Јутјуб шоу, така реши и на предизвикот од „чкембар“ да се направи „батка“ за само 90 дена, да му излезе во пресрет, да се фати во костец и од себе и своето тело да го направи ненавидум невозможното: да се стори „ѕвер“! Телесната трансформација или поточно мускулната метаморфоза Стефан ја покажа на две фотографии во една иста поза: Пред и по 90-те дена од по пеколот, за на крајот да излезе слика како од рајот! Од мев, сало и „појас за спасување“ околу стомакот до планина од мускули, обликувани гради и плочки на абдоменот „на крајот од денот“. И како што своевремено самиот ќе изјави: „Не ми се веруваше дека станав водител. Се снајдов супер и не планирам да застанам тука. Сега почнувам и ново поглавје, а тоа е музиката. Едно сигурно знам, а тоа е дека никогаш нема да се откажам од себеси“, така сега Стефан Лазаров не планира да застане ниту со својата телесна преобразба и да се откаже од дообликување и одржувањето во форма на своето тело. „Искрено сум горд на себе...Многу пати во животот сум пробал да бидам во форма, да се победам себеси и не успевав, а искрено овој пат кога почнав, си го поставував прашањето: „Дали сум нормален’’? Да се посветам во време кога одам за Белград, доаѓаат празници , снимам секој ден и имам милион други приоритети...! Верувајте ми луѓе, се' се тоа изговори. Станете веднаш, почнете, ќе си бидете благодарни на себе... Фала ви на сите што верувавте во мене, а најмногу на @cocobocco кој беше со мене сите овие 90 дена. Јас ви ветувам дека ова е само почеток“. Ова е пораката која ја напиша Стефан на својот Инстаграм сликовито прикажувајќи ја својата трансформација од „чкембар што вози во лер“, до вистински набилдан „ѕвер“! А во продолжение  и видеото од неговото „влегување во животна форма“ за само три месеци: https://www.youtube.com/watch?v=LuZPTUTv-jY Фото: Инстаграм принтскрин/_lazarovv  

Повеќе на vistina.mk]]>

За него велат дека е момчето кое за кратко време ги освои симпатиите на гледачите на прва. И додека беше на ТВ како водител во  некои од најгледаните естрадни ТВ магазини, но и заради она што сега го прави на својот Јутјуб канал. Сепак Стефан Лазаров е момче на кое фудбалот секогаш му бил на прво место... Или барем прва љубов, непрежалена... „Фудбалот отсекогаш ми бил прва љубов, а така и ќе остане. Се пронајдов најдобро само поради фактот што живеев за тој спорт. Заврши поради повреда, а водителството е една голема авантура во која секојдневно се учат нови работи. Го сакам тоа и не се откажувам. Уживам кога сум пред камера“ - изјави своевремено младиот водител, во периодот кога ги правеше своите први чекори или поточно, првите стендапи пред камера. https://www.youtube.com/watch?v=0MYXIdewYeU Нешто подоцна момчето  се впушти и во музичките води со една, па друга песна, онаа последната, чие видео се појави неодамна насловаен „Beast ( Ѕвер)“, тематски врзана со спортот, но и животот, веројатно помалку и автобиографска. Дали токму  тоа не го разбуди „ѕверот“ во младиот убавец, за Стефан Лазаров да си постави себеси задача, која за многумина е невозможна мисија. Предизвик, кој повеќето во старт не би го прифатиле, а многумина од оние што ќе го прифатат на половина ќе се откажат. Многумина, ама не и тој... И онака како што знае своите соговорници „да ги вози“ со незгодни прашања додека ги вози во автомобилот во своето ново Јутјуб шоу, така реши и на предизвикот од „чкембар“ да се направи „батка“ за само 90 дена, да му излезе во пресрет, да се фати во костец и од себе и своето тело да го направи ненавидум невозможното: да се стори „ѕвер“! Телесната трансформација или поточно мускулната метаморфоза Стефан ја покажа на две фотографии во една иста поза: Пред и по 90-те дена од по пеколот, за на крајот да излезе слика како од рајот! Од мев, сало и „појас за спасување“ околу стомакот до планина од мускули, обликувани гради и плочки на абдоменот „на крајот од денот“. И како што своевремено самиот ќе изјави: „Не ми се веруваше дека станав водител. Се снајдов супер и не планирам да застанам тука. Сега почнувам и ново поглавје, а тоа е музиката. Едно сигурно знам, а тоа е дека никогаш нема да се откажам од себеси“, така сега Стефан Лазаров не планира да застане ниту со својата телесна преобразба и да се откаже од дообликување и одржувањето во форма на своето тело. „Искрено сум горд на себе...Многу пати во животот сум пробал да бидам во форма, да се победам себеси и не успевав, а искрено овој пат кога почнав, си го поставував прашањето: „Дали сум нормален’’? Да се посветам во време кога одам за Белград, доаѓаат празници , снимам секој ден и имам милион други приоритети...! Верувајте ми луѓе, се' се тоа изговори. Станете веднаш, почнете, ќе си бидете благодарни на себе... Фала ви на сите што верувавте во мене, а најмногу на @cocobocco кој беше со мене сите овие 90 дена. Јас ви ветувам дека ова е само почеток“. Ова е пораката која ја напиша Стефан на својот Инстаграм сликовито прикажувајќи ја својата трансформација од „чкембар што вози во лер“, до вистински набилдан „ѕвер“! А во продолжение  и видеото од неговото „влегување во животна форма“ за само три месеци: https://www.youtube.com/watch?v=LuZPTUTv-jY Фото: Инстаграм принтскрин/_lazarovv  ]]>
Балетот „Метаморфоза“ на сцената во Народен театар – Битола https://arhiva.vistina.com.mk/baletot-metamorfoza-na-scenata-vo-naroden-teatar-bitola/ Fri, 25 Oct 2019 11:00:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114627

Современиот балетски перформанс „Метаморфоза“, чија премиера и реприза одлично поминаа во 2018 година во Скопје, повторно ќе биде изведен на 26.10.2019, сабота, со почеток во 20:00 часот на големата сцена во Народен театар, Битола. Kонцептот и кореографијата е на  Ивана Коцевска, музиката е на Филип Глас, Иван Пенов, пијано изведба(снимка), Дино Имери. Костимографија е на Милена Атанасова. Tанчери: Илијана Данаилов, Христина Наќевска, Мила Ниновска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Симона Митовска, Виолета Карајанова, Мартина Димовска, Исидора Краљевска, Мирослав Митрашиновиќ, Валентино Апостоловски, Ендру Кук, Ивана Коцевска. Продукција: Дирекција за култура и уметност на Скопје.

Повеќе на vistina.mk]]>

Современиот балетски перформанс „Метаморфоза“, чија премиера и реприза одлично поминаа во 2018 година во Скопје, повторно ќе биде изведен на 26.10.2019, сабота, со почеток во 20:00 часот на големата сцена во Народен театар, Битола. Kонцептот и кореографијата е на  Ивана Коцевска, музиката е на Филип Глас, Иван Пенов, пијано изведба(снимка), Дино Имери. Костимографија е на Милена Атанасова. Tанчери: Илијана Данаилов, Христина Наќевска, Мила Ниновска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Симона Митовска, Виолета Карајанова, Мартина Димовска, Исидора Краљевска, Мирослав Митрашиновиќ, Валентино Апостоловски, Ендру Кук, Ивана Коцевска. Продукција: Дирекција за култура и уметност на Скопје.]]>
Балетски перформанс “Метаморфоза” https://arhiva.vistina.com.mk/baletski-performans-metamorfoza/ Tue, 03 Jul 2018 11:33:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35900

Во Салонот на Македонската опера и балет вечерва (3 јули) во 21 часот, премиерно ќе биде изведен современиот балетски перформанс “Метаморфоза” во кореографија на Ивана Коцевска и на музика на Филип Глас и Иван Пенов.   Овој современ балет се занимава со телото како субјект на состојби и сензации, како збир на афекти. На сцената ќе настапат танчарите Илијана Данаилов, Христина Наќевска, Ангела Велевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович, Виолета Карајанова, Мартина Димовска, Исидора Краљевска, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев, Ивана Коцевска, (Теодора Ежовска). Костимографијата е на Милена Атанасова, а на клавир ќе свири Дино Имери.

Елена Велевска разголена в постела: Во крзно, по долна облека во провокативна поза, подготвена за… метаморфоза! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-razgolena-v-postela-vo-krzno-po-dolna-obleka-vo-provokativna-poza-podgotvena-za-metamorfoza-foto/ Mon, 19 Mar 2018 09:28:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=16474

Елена Велевска не престанува да ја „скокотка“ љубопитноста на своите обожаватели, но и на пошироката јавност, речиси секојдневно постирајќи нови фотографии на социјалните мрежи! Македонската фолк ѕвезда покрај жанровки различните песни, веројатно за да го задржи вниманието на себе кај публиката, а воедно да стекне и нови обожаватели, по теркот на светските и регионалните колешки, непрестано го менува својот изглед и имиџ!
Различни парчиња брендирана облека, поинаква шминка, фризура, различна боја на косата... Велевска се почесто и се повеќе станува кралица на трансформацијата!
Пејачката нејзината најнова преобразба ја најави со една фотографија на која таа е поинаку нашминкана од вообичаено, со различна фризура и боја на косата. Имено, Велевска се преобрази во црвенокоса! Веројатно тоа е само првото фото парче од новата фотосесија со уметничкиот фотограф Даниел Јовески кој е потпишан на фотографијата, со која фолкерката сака да го „опипа пулсот“ на јавноста чекајќи ги нивните реакции за новиот изглед!
Во меѓувреме Елена Велевска не седеше со скрстени раце, па реши да ги поздрави своите следбеници на социјалните мрежи со уште една провокативна фотографија од последната хотелска фотосесија на уметничкиот фотограф Томе Табанов.
А на фотографијата, Елена го распослала сиот свој сексапил, сиот раскош и убавина на белата хотелска постела... Разголена в кревет, наметната со куса крзнена бундинчка, само по долна облека во провокативна поза, Елена е подготвена за... нова метаморфоза... Како црвенокоса!
Она што Велевска сака да ви го порача и посака на оваа слика е...  „Добра ноќ“! Само, мала забуна прават сандалите... Зашто, со чевли никој не легнува в кревет, освен ако не... Како и да е: „Добра ноќ!  После ваква глетка, што ви преостанува друго освен...  бурни сништа!  

Повеќе на vistina.mk]]>

Елена Велевска не престанува да ја „скокотка“ љубопитноста на своите обожаватели, но и на пошироката јавност, речиси секојдневно постирајќи нови фотографии на социјалните мрежи! Македонската фолк ѕвезда покрај жанровки различните песни, веројатно за да го задржи вниманието на себе кај публиката, а воедно да стекне и нови обожаватели, по теркот на светските и регионалните колешки, непрестано го менува својот изглед и имиџ!
Различни парчиња брендирана облека, поинаква шминка, фризура, различна боја на косата... Велевска се почесто и се повеќе станува кралица на трансформацијата!
Пејачката нејзината најнова преобразба ја најави со една фотографија на која таа е поинаку нашминкана од вообичаено, со различна фризура и боја на косата. Имено, Велевска се преобрази во црвенокоса! Веројатно тоа е само првото фото парче од новата фотосесија со уметничкиот фотограф Даниел Јовески кој е потпишан на фотографијата, со која фолкерката сака да го „опипа пулсот“ на јавноста чекајќи ги нивните реакции за новиот изглед!
Во меѓувреме Елена Велевска не седеше со скрстени раце, па реши да ги поздрави своите следбеници на социјалните мрежи со уште една провокативна фотографија од последната хотелска фотосесија на уметничкиот фотограф Томе Табанов.
А на фотографијата, Елена го распослала сиот свој сексапил, сиот раскош и убавина на белата хотелска постела... Разголена в кревет, наметната со куса крзнена бундинчка, само по долна облека во провокативна поза, Елена е подготвена за... нова метаморфоза... Како црвенокоса!
Она што Велевска сака да ви го порача и посака на оваа слика е...  „Добра ноќ“! Само, мала забуна прават сандалите... Зашто, со чевли никој не легнува в кревет, освен ако не... Како и да е: „Добра ноќ!  После ваква глетка, што ви преостанува друго освен...  бурни сништа!  ]]>