метал бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Aug 2023 12:34:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png метал бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кичевчаните „Inner Hate“ со „внатрешна омраза“ и „одмазничка порака“, но само во песната – „Vengeance will be mine“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kichevchanite-inner-hate-so-vnatreshna-omraza-i-odmaznichka-poraka-no-samo-vo-pesnata-vengeance-will-be-mine-video/ Thu, 24 Aug 2023 12:34:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315263

Моќен риф, енергичен ритам и мрачен вокал склопени во композиција која е олицетворение на духот на денешното општество. Гневот, бесот, неправдата со која секојдневно се соочуваме претставени во еден уметнички аудио израз преку кој се твори истовремено за стравот и надежта, омразата и храброста, принципите и беззаконието, вечната борба помеѓу две тврдини, два фронта, доброто и лошото. Синглот „Vengeance will be mine” е во авторство на членовите од бендот: Горан Трајкоски (вокал и ритам гитара), Горазд Радески (гитара), Христијан Војнески (бас) Оливер Стојкоски (тапани). Миксот и продукцијата на оваа композиција се на Христијан Ѓорѓиевски, а видео записот е дело на Montparnasse. „Inner Hate“ за кратко време ќе го издадат својот прв албум со наслов „Worthless throne”. Во меѓувреме слушнете како звучи нивната „внатрешна омраза“ со „одмазничка порака“ во нивната - „Vengeance will be mine“: ]]>

Славниот метал-бенд „Креатор“ во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/slavniot-metal-bend-kreator-vo-skopje/ Mon, 22 Jan 2018 10:41:57 +0000 http://vistina.mk/?p=10424

Германскиот трешметал-бенд „Креатор“ на 23 јануари, вторник,  ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар во Скопје. Гостувањето во Македонија е во рамките на вториот дел од нивната европска турнеја. На ова европско концертно патешествие, „Креатор“ го промовира својот последен албум „Gods of Violence“, како што е насловена и целата турнеја. На сите концерти од турнејата, „Креатор“ има и предгрупи, а во Скопје доаѓаат „Дагоба“ и уште еден славен метал-бенд „Вејдер“. Иако првично беше најавено дека предгрупа ќе биде „Дикапитејтед“, сепак тие нема да пристигнат во Скопје, а нивна замена е „Вејдер“. За домашната публика, која го почитува тврдиот и моќен метал-звук, ова ќе биде уникатна можност во една вечер да ги види и чуе едни од најдобрите претставници на овој музички стил. „Диви орди, не пропуштајте ја оваа ноќ на апсолутна агресија од нашиот втор дел од европската турнеја ’Богови на насилството’, Се гледаме во ’дупката’“, вели пејачот, гитарист и лидер на групата Милан Петроза, во најавата за претстојниот концерт во Скопје. Организатор на концертот е домашната концертно-промоторска организација „Терорвојд“, која со ова ќе ја одбележи својата 10-годишнина. Картите за концертот изнесуваат 1.200 денари, додека, пак, на денот на одржувањето тие ќе чинат 1.500 денари. За групата „Креатор“ ова е второ гостување во Скопје. Првиот пат бендот свиреше во 2004 година, во рамките на шестото издание на фестивалот „Таксират“. „Креатор“ е еден од највлијателните метал-бендови од Европа, кој инспирира голем број нови генерации. Групата успеа да направи светска кариера и да застане рамо до рамо со најголемите имиња од метал-сцената. „Креатор“ е оформен во 1982 година во германскиот град Есен и во својата 35-годишна кариера објави 14 албуми. Нивниот музички стил варираше од помеки до потврди, агресивни и моќни звуци.  ]]>