месечиново – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 11 Dec 2018 10:10:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png месечиново – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Месечиново“ – куклена претстава во киното „Фросина“ https://arhiva.vistina.com.mk/mesechinovo-kuklena-pretstava-vo-kinoto-frosina/ Tue, 11 Dec 2018 10:10:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62469

На 13-ти декември во 19:15 часот на сцената на кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи премиерата на куклената театарска претстава „Месечиново“ по текст, режија и во изведба на „Колектив Ветерница“. „Месечиново“ е претстава која обединува куклен, физички и театар на сенки. Дејствието на претставата се одвива во едно магично место наречено Месечиново каде што живеат сите суштества на фантазијата наречени друѓе. Во тоа градче е само ноќ и Месечината е неговиот заштитник. Кога Месечината е полна се одржува големиот панаѓур во нејзина чест, но кога е празна сите во Месечиново се кријат од најстрашното сениште – Кошмора. Јунаците од оваа сказна ќе успеат да го победат својот страв и да и се спротистават бидејќи само стравот нѐ спречува во остварувањето на нашите желби. Улогите ги толкуваат Марија Бејкова, Ивана Нелковска, Билјана Митева, Билјана Димитрова и Милош Стојановиќ. Куклите ги изработи Бруно Толиќ. Kостимографија е на Рената Димчов, а сценографијата на Велимир Жерновски. На реквизитата работеше Сања Симоска додека пак изборот на музика е на Ѓорѓи Јаневски. Дизајнот на промотивниот материјал е на Ангела Маневска, а анимација е од Вања Шереметкоски.]]>