мерки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 14 Oct 2021 12:34:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мерки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На концерт само вакцинирани со две дози во полупразна сала https://arhiva.vistina.com.mk/na-koncert-samo-vakcinirani-so-dve-dozi-vo-poluprazna-sala/ Thu, 14 Oct 2021 12:34:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223010

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор во театри, кина, филхармонија и други објекти, со што максималната исполнетост на салата се зголемува на 50% проценти од капацитетот на салата наместо досегашните 30% исполнетост. Дополнително се воведува условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против Ковид-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките.]]>

Ковид приказна од денес од Сити Мол https://arhiva.vistina.com.mk/kovid-prikazna-od-denes-od-siti-mol/ Thu, 19 Aug 2021 12:41:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216044

Приказна од денес од Сити Мол. На дечко му бараат сертификат за вакцинација: – Еве ти сертификат. А лична карта треба? – Не. – Па сертификатов можда е од татко ми. – Не знам јас ми рекоа само сертификати да проверувам. – Хаха, добро.А ти вакциниран си? – Не, јас не се вакцинирам! ]]>

„Музика сега“: Дискриминација е музичарите само на свадби да може да свират https://arhiva.vistina.com.mk/muzika-sega-diskriminacija-e-muzicharite-samo-na-svadbi-da-moze-da-svirat/ Wed, 02 Jun 2021 13:06:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205340

ЗУПМ „Музика Сега“ повторно јавно се обраќа до Владата барајќи олабавување на мерките за музичарите, да нема дискриминација во било кој сегмент на нивниот колегиум и конечно после 15 месеци да можат да отпочнат со работа сите музичари.
Искрено се надеваме дека овој пат ќе бидеме сослушани и сериозно сфатени, во спротивно ќе се надоврземе на нашето Отворено писмо до јавноста од 28.05.2021, а доколку нашите молби не бидат ислушани и нашите барања за укинување на мерката од (Службен весник бр.240 Прилог број 7 и 8 точка број 13 и 15) овој петок 04.06.2021 година најавуваме протест на сите музичари и музички работници во Република Македонија, се вели во јавното соопштение.
„Музика Сега“ вели дека како Здружение за унапредување на правата на сите музичари без разлика на националност и етникум, досега во целост се труделе да изградат коректен однос со надлежните институции следејќи ги сите протоколи во комуникацијата, конструктивно и достоинствено. Истовремено одговарајќи на сите нивни задачи и предлози за наша организација, со цел да послужат како стожер во изградбата на функционална инфрастуктура во корист и заштита на цела една професија од непроценлива културна вредност.
За жал исходот од нашите културни напори за позитивни резултати и со помош на државните органи да ја ублажиме болката од стрмниот финансиски пад и деградација на цел еден еснаф, го знаете сите, стои во реакцијата.
И покрај нивни напори, велат тие, не успеле да ја раберат логиката на последната официјална објава по одлуката на владата за олабавување на мерките.
Зошто свадбите и музичарите кој настапуваат по свадби би биле привилегирани сега во однос на другите? Каде се протоколите за мали настани (кафичи, ресторани, ноќни клубови, барови, кафани, и други угостителски објекти) кои ви ги предадовме изминатото лето? До кога ќе трае оваа дискриминација, бидејќи за тоа се работи, за дискриминација?“, стои во реакцијата.
Според „Музика Сега“, со оваа последна одлука од Комисијата за заштита од заразни болести „овие половични мерки ќе создадат хаос во работењето и новото секојдневие, и да не испадне утре во сите угостителски објекти секојдневно да се организираат свадби и прослави“.]]>

Вака Тамара Тодевска се штити од коронавирусот: „Можеби изгледам смешно…“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-tamara-todevska-se-shtiti-od-koronavirusot-mozebi-izgledam-smeshno-foto/ Sat, 26 Dec 2020 08:18:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139815

Главна тема, проблем број 1 во целиот свет е „Ковид 19“ или коронавирусот, па Македонија и светот се уште соочуваат со уште еден здравствен предизвик, за кој сите едвај чекаат да му докјде крај. Поради превентива и заштита од корона, надлежните институции и Светската здравствена организација постојано апелираат за  заштитни мерки, а меѓу нив се често миење на рацете со сапун, самоизолација, намален контакт со луѓе, носење на маски и ракавици, чистење и дезинфекција на површините.... Македонските јавни личности ги почитуваат овие мерки, па многумина од нив останаа во своите домови, а за да ги расположат граѓаните и да го тргнат фокусот од короната, некои од нив се вклучуваат онлајн на социјалните мрежи. Тамара Тодевска во ваквата ситуација деновите најчесто ги поминува во кругот на нејзиното семејство. Меѓутоа, кога треба да излезе до продавница или аптека, никој не би ја познал, односно согласно со правилата за заштита, пејачката носи маска и ракавици. Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа објави фотографија и покажа како се штити од короната. „Можда изгледам смешно, али јас вака се штитам, и тоа ако отидам до маркет или аптека, евентуално. Вие што ме гледате како НЛО, ваш проблем“ напиша пејачката во описот на „сторито“ каде седи зад воланот со маска и ракавици.  ]]>

Венко Филипче жестоко ги навреди музичарите: „Нека протестираат пред инфективна, пред оние што најверојатно се заразиле на нивните настапи и свадби“! https://arhiva.vistina.com.mk/venko-filipche-zestoko-gi-navredi-muzicharite-neka-protestiraat-pred-infektivna-pred-onie-shto-najverojatno-se-zarazile-na-nivnite-nastapi-i-svadbi/ Tue, 06 Oct 2020 07:58:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170082

Реакциите на новите одлуки на владата по препорака на Комисијата за заразни болести за нови мерки за заштита од ковид-19, кои овој пат главно предвидуваат ограничувања во работата на угостителските објекти и рестрикција на живата музика, жестоко одекнаа како на социјалните мрежи, така и во медиумите. Најгласни, секако најпогодените: угостителите и музичарите и естрадата воопшто. Зашто рестрикциите на звукот на 55 децибели и забраната за настапи на ДЈ и музичари по локалите повеќе од јасно е дека им ја запечатува не само естрадната кариера на оние што тргнале да ја градат, туку и судбината воопшто на сите оние, на кои музиката и музицирањето им е основна егзистенција! Револтот и огорченоста се огромни кај музичката фела и ивент индустријата, која почна да се саморганизира и веќе го закажа првиот протест за утре, среда, 7-ми октомври 2020 год. во 14 часот пред Владата на Република Македонија. Од друга страна истата таа влада или потчно нејзините најповикани луѓе во здравството предводени од министерот Венко Филипче засега никако не попуштаат, картегорички тврдејќи дека мерките мора стриктно да се спроведат, без оглед на колатералната штета која стотици, па и илјадници луѓе од угостителско-музичката фела и нивните семејства, ќе ги остави гладни на улица! И додека на социјалните мрежи музичарите, а и останатите почнаа да си прават самите мајтап на сопствената мака која некој друг им ја приредил, министерот Филипче гостувајќи по одредени медиуми со своите „неумесни“ изјави дотура масло на огнот, што многумина го сфатија како дотурање „сол на нивната рана“,  сол која  им ја истураат токму тие што ги „ранија!“ Дури и музичарите кои важат за „блиски до власта“ сфатија колку е часот, па гледајќи дека покрај „сувото ќе изгори и суровото“, се обидоа „да му отворат очи“ и на министерот и на целата таа здравствено-комисиско-владина свита околу него, дека наместо да ги казнуваат и затвораат само оние газди и локали што го кршат законот, што не ги почитуваат одлуките и одредбите и не ги спроведуваат протоколите, тие решиле комплетно да „збришат“ се' што е локал и се' што во него свири и пее! Или како што самите музичари по аналогија на настаните даваат еден пластичен пример: „Ако вечерва пет-шест возачи поминат со автомобилот на црвено светло на семафор, дали тоа значи дека ќе го забраните комплетно целиот сообраќај“? И како капак на се', Венко Филипче во едно од вчерашните гостувања на една од телевизиите, на новинарско прашање како ќе го коментира најавениот протест на музичарите пред владата, министерот даде неумесен одговор, испраќајќи им навредлива порака со жесток коментар: „Нека протестираат пред инфективна клиника, нека ги погледнат во очи семејствата на оние кои се борат за живот и на оние кои починаа, а се заразиле најверојатно на нивните настапи и свадби каде што настапувале, лесно е да излезеш на протест, тешко е да седнеш и да најдеш решение кое ќе биде добро за сите...“ - меѓудругото им порача на музичарите пред утрешниот протест министерот Филипче. Претходно „провладините медиуми“ го фалеа министерот дека е смирен и сталожен, дека не ги губи нервите на било какво новинарско прашање... Да, ама тоа беше пред избори, кога не смееше и не требеше да се покаже нервоза кон своите и другите потенцијални гласачи, а сега откако изборите завршија и маските паднаа, па гледаме некој друг Филипче. Реакцијата на музичката фела и воопшто на голем дел од јавноста на неговата изјава уште пожестока, воглавно изразена на социјалните мрежи: Ќе си даде ли Филипче оставка по ваквото скандалознио и недопустиво однесување, како што од него бараат музичарите? Тешко... или поточно, невозможно! Тогаш, дали барем министерот ќе се извини за нервозата, навредливиот и потценувачки однос кон музичко-уметничката фела, останува да видиме? Како што останува да видиме дали нивниот протест ќе биде многу посилен и погласен од 55 децибели, а владата за нивните барања „ќе има слух“ за да ги преиспита и преиначи своите погубни одлуки?!        ]]>

„Д Фестивал“ на 22 август со македонски артисти, без камп и со строго пропишани безбедносни мерки https://arhiva.vistina.com.mk/d-festival-na-22-avgust-so-makedonski-artisti-bez-kamp-i-so-strogo-propishani-bezbednosni-merki/ Tue, 04 Aug 2020 12:35:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161782

Организаторите на „Д Фестивал“ ја објавија програмата со македонски артисти за овогодинешното фестивалско издание во Дојран, кое поради кризната состојба и безбедносните мерки ќе биде скратено на еден ден – 22 август. „Д Фестивал“ ќе се одржува само на главната бина која е распространета на 10.000 квадратни метри, а капацитетот ќе биде ограничен на само 30%. Се дружиме со бендот кој го отвори првиот Д Фестивал – банда инструментале Суперхикс, претставниците на независната музичка сцена во регионот Bernays Propaganda, гордоста на домашниот андерграунд хип-хоп LD Pistolero, предводниците на трап звукот Donplaya, Bon Praskiza, Prince$$ Donatsu и за прв пат во Дојран, симпатиите на новата генерација Pluto’s Doubts!, соопштуваат организаторите. Меѓу другото, објавија дека скоро сите артисти што требаше да настапуваат за ова издание – потврдени се за 2021 година. Организаторите потенцираат дека со месеци работат и се подготвуваат да овозможат безбедна атмосфера за посетителите. Носењето на маски, дезинфекција на рацете, одржување на физичко растојание од 1,5 метри и мерењето температура се задолжителни за сите. Редарите ќе имаат право да го отстранат секој поединец кој не ги почитува мерките. Кампот годинава нема да биде отворен. Поради безбедносни причини нема да има ниту „Church Stage“, програма „Lake Awake“, а и „ПлоштАрт“ е презакажан за 2021. Првиот контигент на билети кој традиционално се нарекува Ран корморан е веќе во продажба по промотивна цена од 800 денари. Акцијата ќе трае до истекот на количините. Повеќе информации, често поставувани прашања за билети, сцени, програма и рефундации можат да се видат ТУКА.]]>

Естрадата на бунт против последните мерки на владата: „Вака не може“ – музичарите на нозе, бараат музика сега! https://arhiva.vistina.com.mk/estradata-na-bunt-protiv-poslednite-merki-na-vladata-vaka-ne-moze-muzicharite-na-noze-baraat-muzika-sega/ Thu, 25 Jun 2020 08:41:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155505

На социјалните мрежи е покрената иницијативата ,,Музика – сега” на која се приклучија околу 1.400 музички работници и тие бараат средба со владата, односно со надлежните кои ги носат мерките за заштита од корана епидемијата, обвинувајќи ги за селективност во превентивата, при што музичарите, естрадните уметници  и нивната дејност се соочуваат со тешки егзистенционални проблеми, бидејќи се оневозможени да работат и спречени да заработуваат, а со тоа им е загрозена нивната егзистенција и егзистенцијата на нивните семејства. Иницијативата за враќање на музичките настани на музичарите и музичките работници „МУЗИКА – СЕГА!!!“ и нејзините (до денеска вклучени) 1.400 членови, најостро реагираат на последните одлуки на Владата, објавени во последниот Службен весник, објавен на 23 јуни 2020 година, со кој сè уште се забрануваат секаков тип на организација на музички настани на отворен или во затворен простор во угостителските објекти за исхрана и покрај фактот што последните 15-ина дена, се донесени многу мерки со кои се укинуваатт претходните ограничувања за добар дел од секторите од индустријата (барови, теретани, казина, отворање на границите без потребни ПЦР тестови и задолжителна самоизолација и сл.), соопшти преку „Фејсбук“ музичарот и фронмент на „Суперхикс“, Петар Младеновски, а него го подржаа уште стотици други негови колеги. Истата одлука се содржи во член 15 од делот кој се однесува на угостителските објекти за исхрана. Во писмото со протоколите кое е објавено пред некој ден од самата Иницијатива се предложени многу мерки, во согласност со препораките на СЗО и локалните релевантни фактори за зачувување на општото здравје и спречување на ширењето на вирусот Ковид 19 а со цел – итно враќање на музичките настани под одредени протоколи! Бараме итна средба со одговорните за носењето на мерки и одлуките со кои е направен овој пропуст кој оди директно на штета на илјадници музичари и музички работници кои деновиве со борат со проблеми од егзистенцијална природа по затворањето или ограничувањето на можноста слободно да работат и заработуваат а директно поврзано со донесените рестриктивни мерки и нивното олеснување , за кој, очигледно за сега- се нема слух! МУЗИКА – СЕГА!, порача Младеновски од името на иницијативата. „Влада и компанија луѓе/нелуѓе, дали малку ја чукнавте главата дека раниме фамилии??? Претеризам е ова! - напиша музичарот Дејан Младеновски, инаку тапанар на „Браво бенд“, чија реакција на социјалните мрежи е само една од низата на музичарите во врска со забраната за организирање музички настани и во отворените и во затворените делови на објектите. Ова се само некои од македонските музичари и естрадни уметници кои ја поддржаа иницијативата ,,Музика – сега”, а  кои живеат и егзистираат од музиката, при тоа обезбедувајќи и егзистенција за своите семејства. Повеќето од нив немаат друга професија, ниту друга работа... А нивниот список е долг... Брои илјадници!]]>

ОФИЦИЈАЛНО: Од среда полицискиот час ќе трае од 16 до 5, за викендите 24 часовна забрана за движење! https://arhiva.vistina.com.mk/oficijalno-od-sreda-policiskiot-chas-kje-trae-od-16-do-5-za-vikendite-24-chasovna-zabrana-za-dvizenje/ Wed, 08 Apr 2020 05:59:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143520

Полицискиот час од среда ќе почнува во 16 часот, а ќе завршува во 5 часот следниот ден на територијата низ цела Македонија.
Во викендите полицискиот час ќе биде активен 24 часа, односно од петок од 16 часот, до понеделник до 05 часот наутро.
Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава, за време на работните денови и викендите, со важност од среда, 8.4.2020, од 16 часот
Владата на Република  Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.
Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Дополнително,
За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.
За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.
За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.
Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.
Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено, стои во соопштението од Владата.
]]>

Скопската Зоолошка градина нема да работи додека траат мерките за заштита од коронавирусот https://arhiva.vistina.com.mk/skopskata-zooloshka-gradina-nema-da-raboti-dodeka-traat-merkite-za-zashtita-od-koronavirusot/ Wed, 11 Mar 2020 13:10:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138931

Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, ве известуваме дека Зоолошка градина Скопје нема да биде отворена за посетители во наредниот период, се додека траат мерките за заштита од Корона вирусот, информираат од скопската Зоолошка градина. Оттаму додаваат дека во меѓувреме, постојано ќе ги дезинфицираат живеалиштата на животните во градината. ]]>

„Задругарките“ во шоуто на Огњен Амиџиќ: Прво им зема мерка, а потоа расните старлети добија хит задача – со задниците да дуваат балони! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zadrugarkite-vo-shouto-na-ognjen-amidzikj-prvo-im-zema-merka-a-potoa-rasnite-starleti-dobija-hit-zadacha-so-zadnicite-da-duvaat-baloni-video/ Sat, 04 Jan 2020 08:20:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127351

Старлетите од реалното шоу „Задруга“ беа гостинки во специјалното новогодишно издание на „Ами Џи“ шоуто на Огњен Амиџиќ. Во несекојдневни игри се натпреваруваа две екипи на страрлети: бившите против сегашните учеснички во „Задруга“ односно секси дадамразици против бикини старлети. Откако најпрвин водителот им зема мерка, мерејќи им ги пропорциите, со особен акцент на нивните големи, заоблени задници, старлетите во последната игра добија необична задача! Ана Кораќ, Ивана Шопиќ, Маја Маринковиќ, Ана Марија Смиљаниќ, Драгана Митар и Сања Станковиќ добија специјална задача на која најмногу и се израдуваа мажите... И во студиото и пред ТВ екраните. Несомнено се препотија додека ја гледаа оваа сцена, во која потскокнуваа големите га*иња и се гледаа танга гаќички. Имено, поранешните и сегашните задруга мораа да го надуваат балонот со својот задник, скокајќи горе-долу на столчето на кое се наоѓаше пумпата. Чиј балон прв ќе пукна од пренадуеност, тимот на таа старлета добива поен. Во овој интересен натпревар, прво се испробаа Ана Кораќ и Ивана Шопиќ. По неколку минути пукна балонот на Ивана и таа заработи бод за својот тим. Кога Маја Маринковиќ и Марија Ана Смилјаниќ почнаа да ги пумпаат своите балони, Марија Ана беше подобра. На крајот, на овој натпревар испробаа и Драгана Митар и Сања Станковиќ, каде Сања победи. Погледнете го наизглед  урнебесното, а сепак возбудливо видео, каде расните „задругарки“ покажаа која најдобро и највешто умее да ја користи и употреби својата голема задница... ]]>