мерка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 Jan 2023 13:09:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мерка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Го знаете ли правилото „5,5 сантиметри“? Едноставен трик со кој ќе дознаете дали ви одговара кратка коса https://arhiva.vistina.com.mk/go-znaete-li-praviloto-5-5-santimetri-ednostaven-trik-so-koj-ke-doznaete-dali-vi-odgovara-kratka-kosa/ Fri, 27 Jan 2023 13:09:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286240

Ако некогаш сте се запрашале која должина на коса најмногу одговара на вашето лице, ви претставуваме практично математичко решение. Тоа е формула според која лесно можете да дознаете дали ви одговара на кратка или долга коса. Експертите од Џон Фрид го измислија таканареченото правило од 5,5 сантиметри. Се што ви треба е огледало, молив и линијар. Формулата од 5,5 сантиметри ја гледа должината помеѓу брадата и ушната ресичка за да одреди дали повеќе ви одговара долгата или кратката коса. Како правилно да се измери лицето? Застанете пред огледало. Земете молив и ставете го хоризонтално под брадата. Поставете го линијарот под прав агол на моливот и кон увото. Измерете го растојанието помеѓу ушната ресичка и брадата. Доколку измереното растојание е помало од 5,5 сантиметри, ви одговара кратка фризура. Ако е поголемо од 5,5 сантиметри, подолгата коса најмногу ќе ви одговара. извор:курир.мк]]>

Српската естрада „исчуре“: Заради ширење на коронавирусот Црна Гора ги затвори ноќните клубови… настапите се откажаа, тезгите им пропаднаа https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-estrada-ischure-zaradi-shirenje-na-koronavirusot-crna-gora-gi-zatvori-nokjnite-klubovi-nastapite-se-otkazaa-tezgite-im-propadnaa/ Fri, 23 Jul 2021 10:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212323

Министерството за здравство на Црна Гора донесе одлука да ги затвори дискотеките и ноќните клубови од 23 јули до 2 август поради ширење на пандемијата на корона вирусот, што значи дека се откажани и сите веќе закажани концерти и ноќни настапи на српските и регионалните  ѕвезди на црногорското крајбрежје. Корона пандемијата особено ја погоди естрадната фела, која не можеше да настапува речиси една година, а кога мерките се олабавија, тие летово најмногу ги закажуваа своите настапи ширум Србија, но и во странство, а најмногу од нив се потпираа  на летната сезона во Црна Гора. Саша Ковачевиќ, Сенида, Аца Лукас, Маја Беровиќ, Александра Пријовиќ, Дара Бубамара, „Хурикејн“, Едита, Сандра Африка, Ѓани, Тропико бенд, Сека Алескиќ, Ацо Пејовиќ, Дарко Лазиќ, Слоба Радановиќ... и многу други естрадни ѕвезди останаа без стотици илјадници евра поради новите мерки на црногорската влада. Инаку, како што пренесува „Вијести“, по 2-ри август 2021 година, престојот во внатрешноста на угостителските објекти нема да биде дозволен. Фото: Promo, Printscreen, ATA Images, Kurir Televizija, Dragana Udovičić]]>

Сани Гроздановска си го бараше, па си го доби… своето второ јас: Копија со тапија, подобра и од оригиналот! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-grozdanovska-si-go-barashe-pa-si-go-dobi-svoeto-vtoro-jas-kopija-so-tapija-podobra-i-od-originalot-video/ Mon, 15 Jun 2020 07:22:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153618

Кога по сила на нештата си долго време затворен дома, кога со месеци ќе останеш без работа, ќе ги пробаш сите можни и неможни работи што никогаш претходно не си имал време да ги правиш, па за да ти мине времето на памет ти паѓаат невозмозможни нешта. Особено ако си естраден уметник, кого ем околностите, ем аматеризмот на властите безмалку од естраден, ќе го претворат во страден уметник! Така е со речиси целата естрада која со месеци живее „грицкајќи ја“ заштедата од минатиот труд или на туѓ грб на некој од останатите членови на семејството. Но, бидејќи духот не смее да клоне,  оптимизмот не смее да не напушти, а надежта последна умира, фолк пејачката Сања Сани Гроздановска и нејзиниот колега и постојан партнер за шеги, музичарот и скопски угостител Трајче Толевски, решија во овие тмурни времиња уште еднаш „да не умрат“ од смеење. Познати како меѓусебна мета за шеговити прпукувања на сметка на другиот, фолкерите одново најдоа начин како да ја разбијат сопствената монотонија, а при тоа да ги забавуваат и себе си и другите. Ако не од полна кафеана со гости, тогаш онлајн, преку социјалните мрежи со нова шега! Имено, Сани прва ја започна „закачката“ со нова „јадачка“ кон колегата, со тоа што на Трајче му постави нов предизвик: Да ја имитира пејачката, со „скромен“ изговор дека „не е прв што сака да биде како неа“!? Арно ама, бидејќи како него мајка веќе не раѓа, на „скопскиот боем“ не треба двапати да му се каже, па како проверен и искусен трагач по возбуди, не чекаше предизвикот сам да му дојде, туку тој му тргна во пресрет. Соодветна гардероба од проѕирна црна тантела, налик на онаа што Сани често ја носи, перика со долги коси, кармин на усните, сончеви очила и копијата за миг се преточила во оригиналот! Како засилување повикана екипата од неговата група „Скопски боеми“, за впечатокот да биде што посилен, а имитацијата да собере што повеќе поени, во очите на оние што ќе ја видат! Предизвикот прифатен, перформансот прекрасен, па музичарот за миг се преобрази во пејачката... Сани Гроздановска си го бараше, па си го доби... своето второ јас: Копија со тапија, подобра и од оригиналот! „Од малечок сум сакал да сум како тебе... Го прифатив предизвикот , но тоа не е се'...“ - напишал Трајче покрај споделеното шеговито видео. А Сани? Откако на фолкерката верно „и ја земаа мерката“, виде - невиде, мораше тоа и  самата јавно да го признае: „Не е прв што сака да биде како мене, ама најуспешен е!“ Чесно и поштено, зашто знаете како велат: „Кој признава, половина му се... додава“!!! ]]>

Кија Коцкар призна дека овие две познати лица оддамна ги мерка: Пејачката јавно си кажа кому му фрлила око! https://arhiva.vistina.com.mk/kija-kockar-prizna-deka-ovie-dve-poznati-lica-oddamna-gi-merka-pejachkata-javno-si-kaza-komu-mu-frlila-oko/ Fri, 06 Mar 2020 10:57:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137924

Иако има многумина кои веруваат дека никој не може да и каже „не“ на Кија Коцкар, пејачката откри дека има дури две симпатии, иако обајцата не се ни свесни за нејзиното постоење. Тоа се актерот Милош Биковиќ, за кој вели дека го следи на социјалната мрежа Инстаграм, како и музичарот Стјепан Хаусер чиј талент најмногу ја привлекувал. „Го следам Биковиќ на Инстаграм, го лајкувам, но тој не ме забележува и не ме следи“, вели Кија, а потоа и јавно го кани актерот да лајкне барем една нејзина фотографија. Пејачката признава  дека филмот „Јужен ветер“ не стигнала да го погледне, но дека со задоволствосо него бисе бакнувала пред камерите и би ја прифатила актерската улога да му биде филмска партнерка. „Секако дека ќе се бакнуваме со Биковиќ! Не мораме пред камерите, тоа можеме да го направиме и на страна“, ќе рече со смеа Кија. Потоа, пејачката зборуваше и за Хаусер, поранешното момче на Јелена Розга. „Никогаш не го запознав,  туку јас едноставно се заљубив во неговиот талент. Тој е музичар, но  не е пејач, само свири инструмент. Тој е многу талентиран и ме воодушеви. Јас сум личност која се врзува за нечиј талент, мозок, работа... Исто така, тој не знае дека јас постојам, но сепак сум негов голем обожавател. Драго ми е дека со што тоа што го прави е успешен и во светот, а не само кај нас“, заклучила Кија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by KIJA KOCKAR (@kijakockar) on

]]>