мери попова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 01 Feb 2022 17:31:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мери попова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мери Попова: Не бегам од одговори, знам колку не’ чини Евровизија, но не е мое да кажам (Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/meri-popova-ne-begam-od-odgovori-znam-kolku-ne-chini-evrovizija-no-ne-e-moe-da-kazam-video/ Tue, 01 Feb 2022 07:40:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237065

Речи си и да нема година, а да не се крене прашина кога е домашниот избор за песна на Евровизија во прашањe. Кој ќе не претставува, на кој начин е избран, каква треба да е песната, на кој јазик ќе се пее, какво е видеото, кореографијата, костимите...  Нацијата секогаш загрижена, вкусовите различни, лоби групите многубројни, поделеноста како и во се' друго - неминовна... Од политика, до музика, сосе сите интереси што ги следат обете. Од национални, до лични! Екипата на “Бекстејџ” ја контактираше  првата  дама на македонската евровизиска делегација, од која ги побараа одговорите кои секој од нас го интересираат. Мери Попова пред објективот на естрадниот магазин “Бекстејџ” во видеото во продолжение: ]]>

Марјана Станојковска со нов „бисер“: Пред 10 години ја повика на сцена да прими награда покојната Сашка Петковска, а сега наместо уредничката на МТВ Мери Попова да додели награда, водителката на сцената покани покојна актерка! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marjana-stanojkovska-so-nov-biser-pred-10-godini-ja-povika-na-scena-da-primi-nagrada-pokojnata-sashka-petkovska-a-sega-namesto-urednichkata-na-mtv-meri-popova-da-dodeli-nagrada-voditelkata-na-scenata/ Mon, 21 Sep 2020 08:28:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167737

Помина уште еден „Макфест“... Јубелејниот 35-ти, и покрај сите тешкотии, проблеми, недоумици и ризици заради Ковид -19 епидемијата, организаторите го истуркаа во најдобар ред... Со оглед на околностите - повеќе од задоволително. Важно беше традицијата да не се прекине токму на јубилејот, да не се заборави огромното творештво и сета музичко-културна оставштина што штипскиот фестивал на забавни песни и ја остави на Македонија и нејзините поколенија и да се чекаат подобри денови, за уште поблескави и понеаборавни мигови, за нови хитови и евергрини. А „Макфест“ несомнено произвел и зад себе оставил стотици такви. Затоа и беше важно без оглед на се', да се одржи и да го има! И бидна, а на него учествуваа и старите проверени македонски музички ведети и новите „деца“, младите пејачки имиња кои допрва доаѓаат, а од нив за некоја година поединци ќе им се приклучат на првите. Од водителските ведети секако сите ја паметат Вера Јанковиќ - некогаш неизоставната домаќинка на сцената на фестивалскиот Штип и сегашната, последниве години водителска алтернатива, моделот и лото девојка Марјана Станојковска. Убава, згодна, сатрактивна, секапилна... Арно ама, модната писта е едно, а фестивалската сцена нешто сосема друго.  На првата доволна е само естетиката, додека на втората харизмата, шармот, умеењето со микрофонот, владењето на говорот, динамиката на најавите, сценскиот ритам и гестикулациите во однесувањето... и уште многу други нешта ја создаваат „водителската магија“ на она нешто што еден водител „го има или нема“, го носи или не во себе, нешто што го прави уникатен, специфичен, единствен, различен од другите. Без претензии да правиме компарации помеѓу некогашната и сегашната, ама и овој „Макфест“ не помина без „бисери“. Највоочлив оној водителскиот на Марјана, на која и по повеќе од една деценија „историјата и се повторува“. Имено, Марјана во една од најавите презентирајќи го името на наа која треба да додели една од наградите наместо уредничката ка Културно-уметничката програма на МТВ, Мери Попова, на сцената ја покани да се појави покојната актерка. Марјана  и го погоди името на уредничката, ама и го утна презимето, па наместо Мери Попова, испадна дека ја повикува некогашната македонска актерска легенда, покојната Мери Бошкова! Да не е „трагично“ би било смешно, зашто веќе по втор пат на Маријана во водителска улога и се повторува „сценски викенд на мртовци“! Имено, на лото девојката во улога на водителка пред повеќе од десет години  на една манифестација и се случи истото. Тогаш Марјана на сцената ја повика легендарната македонска пејачка на забавни песни да прими награда, иако истата беше покојна, откако трагично загина во сообраќајна несреќа 25 и кусур години претходно: „Ја повикувам на сцената Сашка Петковска да го прими признанието“, најави тогаш водителката Марјана Станојковска на промоција на цедето „Кирилицо испеана“ во МОБ. Тогаш младата водителка и манекенка се збуни, па на сцената ја повика легендарната македонската пејачка која трагично загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе во 1983 година. Нејзиниот колега на сцената Александар Блажевски набрзина ја извади ситуацијата, и рече дека признанието за испеаните хитови ќе го прими нејзината ќерка Сандра Липша. Станојковска веднаш се извини за грешката, па на сцената го повика и авторот на евергринот "Бакни ме", сега исто така веќе покојниот Тодор Бојаџиев да ја прими наградата. Маријана Станојковска другиот ден изјави дека многу и е жал за грешката. Таа тогаш рече дека се надева оти семејството на Сашка Петковска ќе и прости и прогледа низ прсти. „Во сценариото, кое беше пред мене, за сите наградени го пишуваше истото: 'Плакетата оди за'... Затоа настана мала забуна и наместо да речам ја повикувам ќерката на Сашка Петковска, Сандра Липша, јас го изговорив името на покојната пејачка. Јас сум млада и ова ми беше прво искуство да водам програма во живо. Родена сум во 1984 година, па не знам многу за кариерата на Сашка Петковска, која на почетокот ја мешав со Нина Спирова. Во оваа пригода сакам да му се извинам на семејството и се надевам дека ќе ми простат и ќе ми прогледаат низ прсти.  Луѓе сме, грешиме"- изјави тогаш Марјана. Сега не е ниту така млада, во професијата секако, ниту и е ова прво фестивалско и воопшто сценско искуство... Годините минуваат, а грешките за жал, одново се повторуваат. Останува да чекаме само на ново извинување на водителката, кое од Марјана Станојковска не го слушнавме вечерта на макфестовската сцена, а нејзиниот гаф го прокоментираа и некои од колегите новинари! Кликнете ОВДЕ за да го видите ВИДЕОТО со моментот на ВИСТИНА(ТА):]]>