менува професија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 21 Mar 2022 08:45:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png менува професија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Јелена Спенџарска веќе не и се работи на телевизија: Презаситена од камерата или заталкана во професијата? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-jelena-spendzarska-vekje-ne-i-se-raboti-na-televizija-prezasitena-od-kamerata-ili-zatalkana-vo-profesijata-foto/ Mon, 21 Mar 2022 08:38:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243654

Телевизиската кариера се билда со знаење, умеење, квалитет... Симпатиите кај  ТВ аудиториумот се стекнуваат или не со тек на времето, а довербата се гради заеднички со гледачите на кои им се обраќаш, со кои аудио-визуелно секојдневно комуницираш, умееш да ги ислушаш, соодветно одговориш, дадеш можност да си го кажат своето... Со текот на годините или стануваш препознатлив ТВ лик, ТВ бренд, ТВ ѕвезда која сите ја бараат и сакаат да ја гледаат или стануваш еден, односно една од многуте, тонејќи во морето од (под)просечности... Тоа е судбината на телевизиските лица, трето нема! Неа ја гледате (речиси) секое утро на утринската програма на „Канал 5“ телевизија. Некогаш оваа беровчанка започна како статистка во музичките видеоспотови на македонските изведувачи, за подоцна да влета во водителските води. Случајно или намерно, Јелена Спенџарска стана дел од ТВ професијата која и помогна да излезе од анонимноста и да стане лице кое го познаваат и препознаваат. Водителската професија очигледно и помогна да влета и во инфлуенсерските води во кои познатите фаци рекламираат разни брендови, производи и услуги, па Спенџарска не остана покуса и за ваквиот вид реклами на социјалните мрежи, особено на Инстаграм. Арно ама, на истиот тој Инстаграм беровчанката многумина шокираше и изненади, кога на своите приказни се појави со чудна приказна: Дека повеќе не и се работи! Дека доживува нервни сломови зошто секое утро мора да оди на работа!!? Како другите да не одат?! Дали водителката се (пре)заситила од својата работа или заради нешто друго професијата и дошла „преку глава“? Или пак „славата и удрила во глава“, па „преку леб бара погача“, што би рекла старата добра народна поговорка, знае само „од работа уморната“ беровка?! Можеби одговорот самата си го дала, одговарајќи на едно од конкретните прашања поставени од нејзините следбеници на Инстаграм: „Дали размислувате за промена на професијата“? А можеби и некој од ТВ куќата во која работи намерно пратил некого да и го постави, за на Јелена да и ја провери лојалноста кон телевизијата? Што и да е, еве што одговорила водителката, а со одговорот некако и самата ја потврдила тезата дека „не е венчана за професијата“, односно ја наговестила промената, по што ја наметнала и дилемата: Дали на Јелена Спенџарска веќе не и се работи на телевизија, односно дали е презаситена од камерата или заталкана во професијата? Ако набргу и се реши за промена, како што самата вели, кога ќе дојде вистинскиот момент, многумина ги заскокотка љубопитноста, што тоа Спенџарска друго би работела? Од нешто мора да се платат алиштата, рестораните, сметките, патувањата...! Можеби одговорот го крие понекое од нејзните постирани Инстаграм видеа на кои Јелена покажува завидна умешност и креативност и за поинаква работна активност...
Рекламна, на пример? Фото: Инстаграм принтскрин/jelenaspendzarska  ]]>

Цаци си оди од „Сити радио“: Најпознатата македонска радиоводителката „го паркира“ радиомикрофонот и менува професија?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/caci-si-odi-od-siti-radio-najpoznatata-makedonska-radiovoditelkata-go-parkira-radimikrofonot-i-menuva-profesija-foto/ Fri, 14 Aug 2020 06:51:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163253

Нејзиниот глас велат станал заштиттен знак на секое радио каде што работела. А работела во двете најслушани национални и скопски радија: „Антена 5“ и „Сити радио“.  Слушателите пораснаа со нејзиниот стил на водење,  кој е своевиден трејд марк, синоним за женски радиоводител во македонскиот радиоетер. Ја сакаа нејзината позитивна енергија и ведрината со која зрачи заедно со радиото во етерот, позитивниот радиски амбиент и идентитет на самото радио кој го создава, страста со која зборува пред радиомикрофонот. Боја на глас и насмевка кој со првиот кажан збор е непогрешливо препознатлива - Славица Ставревска или популарната Цаци! Затоа и како „гром од ведро небо“ одекна веста дека Цаци повеќе нема да ја слушаме на радио. Не барем на „Сити“, каде овој петок, 14-ти август во својот вообичаен термин го пие последното „Сити кафе“ со своите слушатели?!! Како и зошто - засега само Цаци знае зошто си оди од „Сити радио“, но факт е дека најпознатата македонска радиоводителка „го паркира“ радиомикрофонот и менува професија, како што во свој стил ни ја потврди веста и нејзиниот колега, уште една скопска и македонска радио легенда, Виктор Петров -Викса. Дека е тоа така, говори и Фејсбук статусот на нејзиниот радиосопатник кој со неа е што се вели, „цел живот“ кога е работата во радиото во прашање, познатиот радио Ди - Џеј зад микс пултот, Владо Деловски - ДЈ Дела: „Ми беше задоволство што во изминативе скоро 30 години ја делевме најдобрата професија за тебе и мене..ЕЈ ИМАМ НОВА ПЕСНА ЗА ВО ЕТЕР,ТОП Е,ЌЕ БИДЕ ХИТ. Денеска и е последната емисија на Сити Радио... Од радиовотителството си оди Slavica Caci Stavrevska, за мене еден од најдобрите и најпрофесионални радиоводители во македонскиот етер. Радиото секогаш ќе ме потсетува на тебе... Знам дека е тешко кога се прекинува кариера, но... Нови мориња ќе можеш да откриеш дури тогаш кога ќе стекнеш доволно храброст да го изгубиш брегот од видикот“ - напишал во емотивниот статус за работната разделба со колешката ДЈ Дела, срамежливо потврдувајќи дека Цаци сепак си оди не само од радиото, туку и од радиоводителството и ја менува професијата со некоја друга. Своевремено, пред неколку години во едно свое интервју за медиумите Цаци изјави: „Избери работа што ја сакаш и никогаш нема да мораш да работиш во животот. А, ова дефинитивно сум јас!“ Дали тоа значи дека радиоводителката се „презасити од себе си“ и професијата, па ќе се обиде да се најде себе си во новиот предизвик?  Во кој (не) ќе мора да работи? Утринава ја побаравме, но Цаци беше недостапна за одговор... од прва рака!]]>

Милица Павловиќ менува професија: Секси сењорита оди во манекенските води? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/milica-pavlovikj-menuva-profesija-seksi-senjorita-odi-vo-manekenskite-vodi-foto/ Thu, 12 Sep 2019 10:45:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106493

„Драго ми е кога ми кажаа дека изгледам како модел и дека фотографирањето како и снимањето видеоматеријали одлично ми оди. Во мојот бизнис ова е пожелно и може да биде само плус. Обожавам добра фотографија, сакам добро видео и сè што има врска со сликањето е предизвик за мене. Иако ова е нормално и во светот фотографирањето е тесно поврзано со музиката, овде тоа сè уште не е случај. Нашите пејачи професионално се фотографираат и снимаат видеа само ептен кога мораат. За разлика од многумна од нив,  јас исклучително ја сакам таа страна на овој бизнис“ - вели секси сењорита за Ало.рс објаснувајќи зошто се повеќе ја убедуваат да му се посвети на манекенството.]]>