менструални болки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Feb 2023 12:42:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png менструални болки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Овие секојдневни навики ги зголемуваат менструалните болки: Не сте ни свесни за тоа, но една работа може да помогне! https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-sekojdnevni-naviki-gi-zgolemuvaat-menstrualnite-bolki-ne-ste-ni-svesni-za-toa-no-edna-rabota-mozhe-da-pomogne/ Mon, 27 Feb 2023 12:42:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290813

Болка во долниот дел на стомакот, градите и долниот дел на грбот, како и слабост, грчеви, раздразливост, се само дел од симптомите на менструалниот циклус. Додека некои жени лесно го преживуваат и не го чувствуваат, има и такви кои дури и завршуваат во болница поради тешките менструации. Меѓутоа, проблеми со менструацијата може да предизвикаат и некои активности или лоши навики, за кои обично не сме свесни. Стресот Тоа е една од најчестите причини за болна или нередовна менструација, бидејќи кога сте под стрес, телото го ослободува хормонот кортизол, а кога сте постојано под стрес, може да го загрози менструалниот циклус, односно да имате нередовна менструација или дури и нејзино отсуство. Апчиња за контрацепција Најголем виновник за најлошите симптоми на ПМС е промената на хормоналната рамнотежа. Бидејќи апчињата за контрацепција првенствено влијаат на хормоните, заборавањето да земете три или повеќе таблети може да доведе до неправилно крварење. Добро е да знаете дека сите методи на контрацепција (освен кондомите) можат да влијаат на менструалниот циклус, па затоа се препорачува да се консултирате со гинеколог кој ќе ве советува кои најмногу одговараат на вашето тело. Пиете големи количини кафе Кога станува збор за емоционална „турбуленција“, ПМС може да предизвика анксиозност, напнатост, несоница и раздразливост. И пиењето големи количини кафе може уште повеќе да ги влоши овие чувства. Сте пиеле премногу алкохол Експертите предупредуваат дека прекумерната количина на алкохол може да ги влоши грчевите и да го продолжи нивното времетраење. Претерано сте вежбале Ако тренирате за маратон или триатлон, честитки. Но, имајте на ум дека секојдневната ригорозна физичка активност и напор може да предизвикаат хормонален дисбаланс. Но, тоа не значи дека треба целосно да избегнувате вежбање во тие денови од месецот. Уште повеќе, 30 минути лесна или умерена активност дневно може да ги ублажи симптомите на ПМС. – Постои една поза за спиење која може многу да ги намали менструалните непријатности и да ви помогне полесно да заспиете. Се работи за фетус положбата, односно свиткани како фетус и на страна. – Спиењето во таа положба ги ублажува болките во стомакот и во голема мера ги намалува грчевите – објаснила докторката Лиза Линдли за магазинот „Гламур“. Извор: Курир.мк]]>

Овој напиток е лек за најголемата женска болка https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-napitok-e-lek-za-najgolemata-zenska-bolka/ Tue, 09 Aug 2022 12:35:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262009

Најголемата женска болка е менструацијата. Но, и покрај таблетите кои повеќето жени ги пијат за ублажување на менструалните болки, постои и природен начин на кој можете да се ослободите од маката која ја доживувате секој месец. Сè што ви е потребно се овие три видови на чај. Состојки:
  • 100 грама надземен дел од ајдучка трева
  • 100 грама исушени цветови од невен
  • 50 грама исушени листови од коприви
Подготовка: Измешајте ги сите состојки. Потоа, две супени лажици од мешавината прелијте ги со половина литар зовриена вода и оставете во покриен сад да отстои пет минути. Примена: Чајот се пие полека, во мали голтки. Најдобро е да испиете барем еден литар дневно. Не се препорачува за време на менструација. Треба да го пиете пред циклус, а за време на тие денови никако.]]>