менада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 30 Mar 2023 12:19:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png менада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наградата „Менада“ на „Танц Фест 2023“ за универзитетите „Кодартс“ од Ротердам и „Гоце Делчев“ од Штип https://arhiva.vistina.com.mk/nagradata-menada-na-tants-fest-2023-za-univerzitetite-kodarts-od-roterdam-i-gotse-delchev-od-shtip/ Thu, 30 Mar 2023 12:19:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295876

Универзитетот „Кодартс“ од Ротердам, Холандија и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се добитници на наградата „Менада“ за 2023 година за поддршка на современиот танц која традиционално ја доделува Танц фест, соопштија од Бордот на Фестивалот. Интерарт културниот центар со Универзитетот „Кодартс“ од Ротердам соработува 15 години и со новна поддршка е основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава, а Универзитетот „Гоце Делчев“ во 2017 година ја вдоми Катедрата за современ танц. Бордот на фестивалот, во своето образложение вели:
„Сметаме дека е исклучително значајна работата на двата универзитета, нивниот сенс и однос кон современата култура, со посебен акцент на квалитетот на наставата, извонредната продукциска програма која им ја овозможуваат на студентите. Академијата за современ танц при Кодартс универзитетот во 2008 година потпиша Меморандум за соработка со Интерарт културниот центар и Рисима Рисимкин, со која во 2010 започна со работа Скопје танцовата академија, прва образовна програма на универзитетско ниво за современ танц во земјава. Оваа соработка, во која КОДАРТС за прв пат во својата историја, долга преку 80 години постоење, дозволи споделување на наставните програми на универзитетот, беше поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Со тоа се овозможи исклучителен развој на млади уметници, танчери и кореографи, кои кај нас се едуцираат на европско ниво, а програмата привлекува и странски студенти. Оваа програма е прогласена за најдобар проект кој Амбасадата на Кралството Холандија го поддржала во областа на културата кај нас“. Според образложението, Универзитетот „Гоце Делчев“ покажа исклучително чувство за уметничките современи форми и даде своја поддршка за развојот на современиот танц во земјава, преку оформување на Катедрата за современ танц на Филмската академија, програма која беше поставена во соработка со Холандија. „Во заеднички заложби со професорката Рисимкин, се обезбедија и просторни услови и катедрата работи во просториите на Домот на АРМ во Скопје, со што се заокружува формирањето на оваа програма. Студентите на Катедрата за современ танц својата пракса ја изведуваат во рамки на програмата и продукциите на Скопје танцовиот театар, со што се дел од висококвалитетни продукции и настапуваат во земјава и на интернационално ниво. Кодаратс танцовата компанија, работи во соработка со еден од најзначајните светски танцови фестивали и гостува низ Холандија и на интернационално ниво.
Наградите ќе се доделат на 4 април, во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, на свеченото отворање на фестивалот Танц Фест 2023 на кое ќе се изведе претставата на Кодартс танцовата компанија „Таленти во движење“ и кое се одржува во чест на 30 години дипломатски односи со Холандија!
]]>

Женскиот хор „Менада“ вечерва на „Охридско лето“ https://arhiva.vistina.com.mk/zenskiot-hor-menada-vecherva-na-ohridsko-leto/ Tue, 17 Aug 2021 12:53:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215698

Вечерва на програмата на „Охридско лето“ настап на женскиот хор „Менада“ под диригенската палка на маестро Ивица Зориќ. Хорот МЕНАДА е основан 1981 година во Тетово и сите овие години е предводен од маестро Ивица Зориќ. На репертоарот на хорот редовно се застапени композиции од најразлични епохи и стилови од македонската и светската хорска а-капела и вокално-инструментална музика. Хорот е добитник на многубројни награди и признанија во земјава, поранешна Југославија и Европа меѓу кои награди на натпреварите во Добрич, Цеље, Литомишл, Бад Ишл, Превеза, Нерпелт, Краков и Римини. За квалитетот на хорот сведочат бројните настапи на фестивали, конкурси и концертни турнеи и тоа во: Чешка, Полска, Шпанија, Шведска, Холандија, Данска, Португалија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Албанија, Романија, Бугарија, Турција, Германија, Грција, Словенија, Австрија, Белгија, Косово. Ивица Зориќ дипломира, магистрира и докторира на ФМУ во Скопје, како прв Доктор од областа на интерпретација во Република Македонија. Во 1977 година го основа детскиот хор „Лале”, а во 1981 година го основа и женскиот младински хор „Менада” во Тетово. На репертоарот со хоровите со кои работи поставил повеќе од 500 композиции од различни стилови и епохи на 18 јазици. Во македонската и меѓународната културна јавност познат е пред сè како реномиран хорски диригент. Со хоровите „Лале” и „Менада” има остварено повеќе од 1000 настапи во земјава и странство. Како диригент со хоровите настапувал на фестивали, концертни турнеи и конкурси во 17 земји каде освојува бројни награди и признанија вклучувајќи ја и наградата за најуспешен диригент на фестивалот во Хајновка (Полска) во 1999 година. Ивица Зориќ е претседател на управниот одбор на Меѓународниот хорски фестивал „ТЕХО”. Иницијатор е и основач на Балканскиот Хорски Форум во Тетово во 1998 година во кој членуваат претставници од Р. Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Србија и Романија.  Член е на Европската хорска асоцијација со седиште во Белгија како претставник на Р. Македонија во музичкиот комитет. Во 1979 година ја добива „19 Ноемвриската” награда на Тетово, во 1982 година наградата „Кирил Пејчиновиќ”, во 2005 највисоката државна награда на Р. Македонија „11 Октомври” и во 2007 година наградата на Здружението на музички педагози за „Повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија”. Настапот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.]]>