меморија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Feb 2024 10:57:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png меморија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вулгарно сквернавење на македонската музика небаре доаѓа од „провинциска депонија“, а не од кафуле во град среде Македонија: Кога „Дирлада“ ќе зазвучи како песна со полна уста омраза! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vulgarno-skvernavene-na-makedonskata-muzika-nebare-doaga-od-provintsiska-deponija-a-ne-od-kafule-vo-grad-srede-makedonija-koga-dirlada-ke-zazvuchi-kako-pesna-so-polna-usta-omraza-video/ Mon, 12 Feb 2024 10:52:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338369

„Меморија“ е секако една од најголемите македонски поп-рок групи во историјата на македонската музика. Бендот кој постои 40 години и се уште е активен секако дека залужува место меѓу легендите. „Нена“, „Оган по ѕвездите“, „Одам засекогаш“, „Зошто Боже“, „Снежо, Снежана“... и уште дузина хитови од нивниот репертоар се вбројуваат во оние безвременски песни кои се слушаат со години и децении и ги пеат сите генерации. Меѓу нив секако е и култната поп-рок химна „Дирлада“, која  одолевајќи му времето доживува разни стилски трансформации и преработки, но останува една од ретките македонски евергрини која ќе се пее довека! Една од ретките македонски песни која има речиси 7 милиони прегледи на Јутјуб! Арно ама, дека баш и не знаеме да си го негуваме, чуваме и цениме своето, покрај бројните примери од типот: „Туѓото е подобро“, покажаува и една од последните срамни случки кои спаѓаат во оние уште пострашни и попогубни, не само за македонската музика, туку и а целото македонско битисување, постоење и живеење! Имено, лидерот и основоположник на „Меморија“, бас гитаристот Петар Георгиевски - „Камиказа“ на својот Фејсбук споделил една снимка од кафуле, за кое се тврди дека е локал во централна Македонија, иако мноумина се оградуваат дека се работи за посочениот, туку во прашање е друг македонски град. Но сеедно, каде и да се случува, она што може да се види на видеоснимката е атмосферата во еден ноќен локал во кој „извесен бенд“ музицира и наводно ја забавува клиентелата. И навидум ништо необично, освен ако убаво не ги заслушате стиховите на песната што се пее во локалот, каде веднаш можете да препознаете дека во прашање е токму споменатиот македонски мегахит - „Дирлада“... Арно ама со стихови испеани во сосема друг контекст, конотација и содржина... Срамна, брутално понижувачка, преточена во вулгарно сквернавење на македонската музика, небаре доаѓа од „провинциска депонија“, а не од кафуле во голем град среде Македонија! За жал, на снимката така звучи „Дирлада“... Како песна испеана со полна уста омраза! Како поинаку да го протолкувате нејзиното брутално сквернавење со зборовите: „Дирлада“, да го е*ам цело Скопје и нашата држва, Дирлада, да ви е*ам мајката, да го е*ам цело Скопје и... скопјанките“! „Се прашувам, дали песнава заслужува вакво скрнавење?! Кавадарци е местото на изведба на овој срам“ - напишал лидерот на „Меморија“ во објавата на срамното видео иако како што веќе споменавме, мноумина се оградуваат дека се работи за посочениот, туку велат дека е во прашање е сосема друг македонски град. Сеедно каде е... Вакво недолично, срамно и понижувачко пеење во јавен локал без никаква причина и повод е надвор од умот и никому не служи на чест. Ниту на изведувачите што претендираат да бидат познати и популарни на ваков начин, ниту на оние што со нив прифаќаат ова да го пеат во локалот, иако далеку од тоа дека е во прашање колективно прифаќање, уште помалку за сопственикот кој ангажира и дозволува вакви недолични „примитивци од бендот“ да му го уриваат угледот! Конечно, срам за сите нас, на кое мизерно дереџе спаднавме! Фото и видео: Фејсбук/Petar Georgievski - Kamikaza]]>

Двајца познати македонски музичари останаа без еден од своите родители: Почина мајката на Пере од „Нокаут“ и татко му на Перо – „Камиказа“ од „Меморија“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dvajtsa-poznati-makedonski-muzichari-ostanaa-bez-eden-svoite-roditeli-pochina-majkata-na-pere-od-nokaut-i-tatko-mu-na-pero-kamikaza-od-memorija-foto/ Mon, 05 Feb 2024 08:16:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337388

Овој викенд беше навистина тажен за две од најголемите македонски музички имиња и нивните семејства. Двајца познати музичари, двајца лидери на едни од најпознатите и најголеми македонски поп-рок бендови  остаа без еден од своите родители. Имено,основачот и лидер  на култната македонска рок група „Меморија“, Петар Георгиевски, познат како Перо - „Камиказа“остана без својот татко Ристо, кој почина во сон, во длабока страост на 97 годишна возраст. Но родител е родител, без оглед на возраста и разделбата со најсаканите, со оние кои ни дале живот, не подигнале, растеле, воспитувале, се радувале и тагувале со нашите успеси и недаќи е секогаш тешка и болна. Перо веста за заминувањето на својот татко  јавно ја објави на својот Фејсбук подолг статус, опишувајќи го во дузина реченици животот на неговиот татко.
„Даскалот
На 97 годишна возраст денес во сон замина мојот татко и животен учител.Беше човек кој растеше без татко, бидејќи по усмртувањето на попот Ѓорги(нивниот дедо) од страна на грчките андарти, баба Лена(нивната мајка) сама се бореше и подигаше три сина, бидејќи дедо ми Спасо,бега во непознат правец.Брат му Петре ја превзема на себе сета одговорност, но и тој гине во Егејска Македонија како командант на воената област во Леринско, предаден и запален до темел со првата напалм бомба фрлена во село Сорович, заедно со останатите команданти на ДАГ. Од него не остана ниту прашина! Татко ми ја преживеа втората светска војна како командант на воената полиција, па како најмлад заедно со баба ми Лена со цело политбиро од Егејска Македонија се префрла во денешна Македонија. Завршува учителска школа, па педагошка академија.Се вработува во основното училиште “Јане Сандански“како педагог и учител.По неколку години станува директор на ова мултинационално училиште, инаку најголемо по ученици во тогашна Македонија каде што го помина целиот свој работен век се до пензионирањето.Човек кој си немаше речено еден лош збор со никого, но строг како педагог подигна на иљадници деца, вкључувајки ме и мене, како најпалав и немирен.Секогаш знаеше заедно со мајка ми да го направат правиот потег, бидејќи беше навистина предизвик да се справат со “фуријата“наречена Перо Камиказа.Можам со фермани да пишувам за него и за љубовта што ја имаа со мајка ми, но тоа ви го оставам вам, мои и негови блиски, ученици, роднини и пријатели.И да, станот во кој живеевме во карпош 3 , го отплаќаше цели 30 години(никогаш не зема ништо од државата со зборовите:(нема да правам покрив над главата со коските на брат ми, можам сам да си заработам ). Ете таков беше Ристаки“ - напишал Перо објавувајќи го и времето и местото на последното збогување и испраќање во вечниот дом на својот починат родител, по што  додал:
П.С. Причека вчера да го прославам мојот 63 роденден, па потоа почина!Сполај ти татко за се, и горе меѓу ангелите со сигурност ќе го најдеш својот мир“ - напишал Перо во прошталниот статус на својот Фејсбук.
За жал викендот беше тажен и за уште еден познат македонски поп-рок музичар. Ден претходно почина Жане, мајката на предводникот на групата „Нокаут“, пејачот Никола Перевски - Пере.  Тажната вест Пере исто така јавно ја обзнани, споделувајќи потресен статус на својот Фејсбук профил покрај семејната фотографија со својата мајка, по нејзиното заминување од овој свет. „Денес, срцето ми е тешко додека се збогувам со жената што ме научи на вистинското значење на љубовта. Мамо, додека не се сретнеме повторно, го носам твоето срце во моето, секогаш и засекогаш. Слава ти… Твојот син Никола со семејството“ - напиша Пере простувајќи се мајка си. Нека почиваат во мир, а редакцијата на Вистина.ком.мк  изразува искрено и длабоко сочувство за ненадоместливите загуби до Перо и Пере и нивните семејства. Фото: Фејсбук/Petar Georgievski - Kamikaza/Nikola Perevski]]>

Ќе почувствувате драстична разлика! Намирници кои ја подобруваат меморијата https://arhiva.vistina.com.mk/ke-pochuvstvuvate-drastichna-razlika-namirnitsi-koi-ja-podobruvaat-memorijata/ Mon, 03 Jul 2023 12:13:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308678

За овие девет типови на храна истражувачите сметаат дека имаат улога во одржувањето на тонусот на целото тело – вклучително и вашиот мозок. Маслиново масло   Статистиките ги поддржуваат типовите на храна кои се богати со витамин Е, вклучително и растителните масла, семињата, оревите, путерот од кикирики и зрнестите намирници. Користа потекнува само од храната, а не и од суплементите. Моќниот антиоксидант – витаминот Е, може да помогне во заштитата на невроните. Кај Алцхајмеровата болест, невроните во одредени делови од мозокот изумираат, со што започнува каскада на настани кои водат до когнитивно пропаѓање (детериоација).   Риба   Лосос, крап, туна и останатите видови на риби се богати со омега 3 масни киселини, како и ДХА (докосахексеноична киселина). Се верува дека ДХА е мошне важна за мозокот и функционирањето на невроните.   Јадењето повеќе риба значи внесување на помалку црвено месо и останати форми на протеини кои се високо-ризични за развивање на масни депозити во артериските крвни садови.   Зеленo-листест зеленчук   Брокулите, спанаќот, кељот и прокељот се одлични извори на витамин Е.   На пример, една порција на свеж спанаќ сочинува 15% од вашиот дневен внес на витамин Е.   Сe уште не е докажано како фолатите го заштитуваат мозокот, но се смета дека намаленото ниво на амино киселината позната како хомоцистеин игра голема улога во тоа. Високото ниво на хомоцистеинот може да предизвика смрт на нервните клетки во мозокот, но фолната киселина помага во неговата разградба.   Високи нивоа на хомоцистеин исто така се поврзани со зголемен ризик од срцеви болести.   Авокадо   Авокадото е богат извор на антиоксиданси и витамин Е. Според истражувањето, храната богата со витамин Е – вклучително и авокадото, што исто така е богато со витамин Ц, е асоцирано со намален ризик од развој на Алцхајмерова болест.   Семки од сончоглед   Семките од сончогледот се богат извор на витамин Е. Една рака суво испечени семки од сончоглед содржат 30% од вашата препорачана дневна доза од витамин Е. Додадете ги на вашата салата и „освежете“ го вашиот мозок.   Кикирики и путер од кикирики   Иако и двата типа се богати со масти, тие се солиден извор на здрави маснотии. И кикириките и путерот помагаат во одржувањето на здравјето на срцето и на мозокот.   Црвено вино   Студиите покажале дека лицата кои консумираат умерени количини на црвено вино и останати типови на алкохол може да го намалат ризикот од Алцхајмерова болест. Лицата кои консумираат алкохол во умерени количини и се хранат здраво, може да бидат поздрави од оние кои не консумираат воопшто, па е тешко да се одреди дали здравата диета е онаа која ги заштитува од здравствените проблеми, или пак останатите здравствени навики.   Капини   Според последното истражување презентирано на Националниот собир на Американското друштво на хемичари, капините, малините и јагодите може да помогнат во намалувањето на ризикот од когнитивната детериоација што нормално се развива прогресивно со текот на годините. Овој механизам помага во ослободувањето на токсичните метаболити кои се поврзуваат со возрасно-асоцираниот губиток на меморијата.   Мешункасто овошје   Зрната кои се богати со влакна се интегрален дел на медитеранската диета, која исто така е составена од овошје, зеленчук, зрнести овошја и семиња, маслиново масло и црвено вино.   Истражувачите од медицинскиот центар – Колумбија во Њујорк, покажале дека овој тип на исхрана се поврзува со намален ризик од мали когнитивни нарушувања кои може да прогредираат во Алцхајмерова болест.   Овој вид на диета го намалува воспалението, оксидативниот стрес, и останатите васкуларни ризични фактори, како и високиот крвен притисок. Извор: Попара.мк]]>

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ракометно-естраден спектакл: Македонската репрезентација против селекцијата на ветерани и богата музичка програма https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-vo-sc-boris-trajkovski-rakometno-estraden-spektakl-makedonskata-reprezentacija-protiv-selekcijata-na-veterani-o-bogata-muzichka-programa/ Tue, 03 Jan 2023 06:34:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282518

Сите билети за ревијалниот натпревар меѓу македонската ракометна репрезентација и селекцијата на ветерани се распродадени. – Билетите за хуманитарниот ракометно-музички настан се распродадени. ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ХУМАНОСТА!! Се гледаме! – објави Ракометната федерација на Македонија. Овој несекојдневен спортски спектакл, има за цел да им оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои оставиле свој личен придонес во колективниот учинок на ракометот како најпопуларен македонски спорт. Актуелниот национален состав за претстојното Светско првенство во ракомет, кое ќе се одвива од 11 до 29 јануари 2023 во Полска/Шведска – ќе биде противничкиот табор на ветераните. Покрај квалитетен ракомет, за време на настанот се предвидува и квалитетна забавна програма модерирана од Сашко Коцев, во која учество потврдија македонските уметници: Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија. Сите приходи од настанот „Сите ѕвезди“ ќе бидат донирани за СОС Детско село. Спортско музичкото шоу ќе почне вечер во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.]]>

„Меморија“ со најава за нов концертен спектакл: Акустичен unplugged концерт во живо во 2023-та година https://arhiva.vistina.com.mk/memorija-so-najava-za-nov-koncerten-spektakl-akustichen-unplugged-koncert-vo-zivo-vo-2023-ta-godina/ Fri, 25 Nov 2022 13:03:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277507

По извонредните концерти одржани во 2022 година, како оној во А1 арената „Борис Трајковски“ во Скопје, така и оние низ Македонија, култната македонска поп-рок груа „Меморија“ најува нов концертен спектакл во живо. Овој пат се работи за акустичен концерт (unplugged) на големите хитови на „Меморија“ кои ќе бидат изведени во специјално подготвени за оваа пригода, акустични аранжмани во кои песните на бенот ќе зазвучат малку поинаку од вообичаеното, а сепак толку препознатливо. На концертот, како и досега, учество ќе земат бројни гости кои оставиле белег во македонската поп - музика со децении наназд. Членовите на бендот се ште не ги откриваат локацијата и датумот на одржување, но концертот е најавен во текот 2023 година.]]>

Со концерт за паметење на групата „Меморија“ заврши битолско културно лето „БитФест“ https://arhiva.vistina.com.mk/zavrshi-bitolsko-kulturno-leto-bitfest/ Mon, 05 Sep 2022 12:35:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265563

Со концерт за паметење кој го приредија членовите на групата „Меморија“, синоќа во Битола заврши битолското кулурно лето „БитФест“. Во изминатите два и пол месеци на повеќе летни сцени во Битола се одржаа концерти на класична, поп, рок, џез музика, театарски претстави, ликовни изложби, уметнички перформанси, фестивали…
Граѓаните дадоа поддршка на сите манифестации, на 140 настани со повече од 44.000 посетители, 77 денови, 9 фестивали…Почнавме спектакуларно со Каролина Гочева, фасцинантно завршивме со „Меморија“, групата на нашата младост, групата која ја возвишува македонската рок музика, истакна градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на последната фестивалска вечер што се одржа на ракометното игралиште. За време на сите фестивалски денови, во Битола гостуваа уметници и културни работници од Израел, Полска, Чешка, Швајцарија, Турција, Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија, Полска, Црна Гора, Албанија, Франција…
]]>

Концертот на „Меморија“ во Битола презакажан за 3-ти септември https://arhiva.vistina.com.mk/koncertot-na-memorija-vo-bitola-prezakazan-za-3-ti-septemvri/ Thu, 01 Sep 2022 10:44:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264592

Култниот македонски бенд „Меморија“ ќе одржи голем концерт под отворено небо во Битола. После големиот концерт во Скопје, настапот на „Пивофест“ во Прилеп, тие закажаа концерт во Битола за на 31-ви август на Ракометното игралиште. Поради метеоролошките најави за екстремно лоши временски услови, концертот е презаскажан и ќе биде одржан во сабота на 3-ти септември 2022 година. Концертот е дел од програмата на Битолското културно лето, кое всушност се завршува со концертот на „Меморија“. Влезниците се во продажба online на: www.kupikartizase.com, како и на  продажните места во Битола: Brothers тобако, Бела роза 2 и ЈК травел по цена од 250 денари. Картите купени претходно важат според обележаното. ]]>

„Бит Фест“ со нов концепт: 64 денови културна програма со концерти на „Танец“, Влатко Стефановски, „Мизар“, „Меморија“… https://arhiva.vistina.com.mk/bit-fest-so-nov-koncept-64-denovi-kulturna-programa-so-koncerti-na-tanec-vlatko-stefanovski-mizar-memorija/ Mon, 20 Jun 2022 13:01:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255270

Битолското културно лето, започна  со концерт на Каролина Гочева во Хераклеја и ќе трае до 31 август. Оваа година, „Бит Фест“ воведува нов концепт на културно лето, кое истовремено ќе ги поврзува традицијата и современите достигнувања во културниот свет. Во следните 64 денови, на повеќе просторни сцени во градот на кои како дел од „Бит Фест“ ќе се одржуваат 10 фестивали, со гостувања на уметници од над 20 земји од светот, Битола низ автентичен културен израз, ќе ја промовира македонската уметност, култура и традиција пред домашната и странска публика, градејќи и цврсти меѓународни врски, за нови можности за културен напредок на градот. Освен концертот на Каролина, на програмата се и два други големи концерти. Култните „Мизар“ на 9-ти август на платото кај Офицерскиот дом, а програмата завршува со концерт на „Меморија“ на 31-ви август во Хераклеја. Дел од музичката и музичко сценската уметност на „Бит Фест“ се и Камерниот оркестар „Профундис“, виолинистите Владимир Костов, Ана Контраденко, Марко Поп Ристов, сопранот Весна Гиновска Илкова, а под наслов „Со лезет за Битола“ ќе настапат светски познатите, македонски оперски пејачи Ана и Игор Дурловски. Традиционално, „Со песни за Битола“, продолжуваме со „Незаборав“. За љубителите на џез – културата, ќе се одржи Интернационалниот „Џез Фабрика Фестивал“, а „Балкан Гала фестивалот“ на Камерниот оркестар на Битола, ќе биде исполнет со поп и рок симфонија. Музиката и традицијата, ќе се негуваат преку „Локум фест“, а меѓу богатите содржини за време на фестивалот „Илинденски денови“ на „Бит Фест“ е и гостувањето на ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“ и Влатко Стефановски. Официјалната програма, ќе заврши на 31 август, а на предлог на комисијата, поддржани се и апликации кои се однесуваат на културни содржини кои ќе се реализираат во Битола, надвор од програмата на битолското културно лето, до крајот на годината. Ваквиот пристап на општина Битола, нуди простор и поддршка и за други проекти да бидат презентирани пред битолската јавност, да се потикне потенцијалот за идна соработка, но и да се отвори можност за реализација на проекти кои заради своите специфики и интересот на градот да ги поддржи, имаат потреба за дополнително време и средства за реализација. Целата програма е достапна на веб-страницата на Општина Битола.]]>

Од хируршка сала речиси директно на сцена: Поце го отпеа најдобриот концерт со „Меморија“ само неколку дена по извршената операција (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-hirurshka-sala-rechisi-direktno-na-scena-poce-go-otpea-najdobriot-koncert-so-memorija-samo-nekolku-dena-po-izvrshenata-operacija-foto/ Mon, 13 Jun 2022 07:55:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253884

Животот отсекогаш пишувал романи, во кои се содржани настани кои понекогаш ја испишуваат историјата. Во случајов на групата „Меморија“, музичката, а за некого од нив и човечката. Долго најавуваниот спектакл навистина тоа и беше. Иако наместо под отворено небо, заради временските неприлики, овој пат под „ѕвезденото небо“ направено од мобилните на публиката и светлосните ефекти во А1 арената - „Борис Трајковски“, каде бендот ја истури сета своја енергија, публиката возврати со невиден фидбек, за заедно да се сплотат музиката и радоста, пркоста и националната гордост, љубовта и емоциите, песната и душата... како никогаш досега! Забележливо беше дека членовите на бендот покрај беспрекорната музичка уиграност и знаење, заедно „дишеа“ како еден организам, од кој секој посебно го одработуваше својот свиречки дел, но и несебично даваша дел од себе, од својата сопствена енергија и харизма, кои ја споделуваа со публиката. Како и во секој бенд пејачот е оној, во кого се вперени сите очи, од чие грло излегува песната, стиховите, оној кој ги нивелира чувставата, ја владее емоцијата, нешто што му доаѓа како јаготка на шлагот од тортата. Не е спорно, а и општо е познато дека еден од двата вокали на „Меморија“, Апостол  Икономов е одличен пејач, врвен вокал, но таа вечер Поце се надмина себе си. Не само заради извонредно испеаниот концерт без ниту еден фалш, или заради сувереното владеење на сцената, на која со неподнослива леснотија на неговиот милозучен, а моќен глас ги изведуваше нумерите... Туку и заради нешто друго, што освен членовите на бендот, уште само малкумина го знеа. Имено, за време на подготовките и музичките проби, само неколку дена пред концертот на пејачот на „Меморија“ враќајќи се навечер дома му се слошило. Според зборовите на самиот Поце, почувствувал тегоби во стомакот, а веднаш потоа и слабост. Во прв момент помислил дека се работи за замор, а и заради тоа што дента слабо јадел, па дури после пробата седнале на пообемен оброк, па претпоставил дека можеби народски речено, се работи за „прејадување“. Но, откако пејачот стигнал дома, тегобите станувале се потешки, слабоста се' поголема, а болката се' посилна и неминовно било да замине на лекар. Набргу воспоставената дијаноза - акутно воспаление на слепото црево, кое мора под итно хируршки да се отстрани. Со еден збор, неминовна е операција. Реакцијата на Поце во прв момент била: „Никако! За неколку дена имаме голем концерт! Нема шанси заради мене да се откаже после сите овие најави и подготовки“! Но, како здравјето е пред се', а животот разбирливо нема цена, Поце морал под итно да „легне под нож“! Хируршкиот зафат за среќа бил успешен и минал без дополнителни компликации, но мирувањето било лекарска препорака која мора да се почитува. Но, предизвикот е толку голем, влогот уште повеќе, а желбата немерлива, така што вокалот на „Меморија“ Апостол Поце Икономов речиси од хируршка сала, директно се качи на сцената, покажувајќи дека „уметникот и не мора секогаш да биде сосема здрав, за да биде 100% уметник“, откако маестрално го отпеа најдобриот концерт со „Меморија“ само неколку дена по извршената операција. И тоа со се' уште свежа рана на отечениот стомак и неизвадени конци, кои заради природата на работата, напорот при пеењето и сценските движења, се заканувала опасност во еден момент и да пукнат. За среќа, кај пејачот и здравствено се' мина како што треба, а поп-рок ѕвездата од „Меморија“, надвор од сцената всушност беше многу повеќе од тоа... Поце беше „тивкиот херој“ на вечерта! Фото: Чапља/Приватна архива]]>

Концерт за историја: „Меморија“ го сплоти народот со песна и покажа дека Македонија е жива, горда и вечна! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-za-istorija-memorija-go-sploti-narodot-so-pesna-i-pokaza-deka-makedonija-e-ziva-gorda-i-vechna-foto-video/ Sun, 12 Jun 2022 10:48:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253829

„Меморија“ вчеравечер, сабота 11 јуни 20220 година ја „урна“ А1 арената „Борис Трајковски“. И покрај сите неприлики и малери кои му претходеа на долго најавуваниот концерт, групата на македонската публика и го приреди досега најголемиот концертен спектакл во последниве години, ако не и воошто, што една македонска група го направила. Исполнета до максимум, салата беше претворена во концертна арена со сите нишани. Досега неслушнат звук доведен до работ на совршенство визави лошиот глас што ја бие акустиката на салата, како да настапува светски познат бенд, а не македонска група. Визуелните и светлосните ефекти во комплетна функција на она што се случуваше на сцената, атмосферата максимално загреана уште во самиот старт со настапот на младите музичари од бендот „2ВЕ“ кои беа достојна предгрупа на големата „Меморија“. Со првите звуци на сајзерите и гитарските тонови веднаш се почувствува набојот на позитивна вибрации кој публиката беше подготвена да го создаде заедно со бендот. Култната „Македонија“ за старт на концертот кој беше многу повеќе од само обична рок ен рол журка. Како што се редеа песните од првата фаза, од почетоците на постоењето на бендот, така навираа емоциите вткаени во стиховите кои со текот на годините стануваат се посуштински, поважни, побитни... Некои од нив дури и историски! Бендот усвирен до бескрај, звучи како уиграна машина која полека го достигнува својот зенит со секоја нова песна , секој нов рефрен, доведувајќи ја атмосферата до точка на вриење... Поце пее како во најдобрите денови, суверено владејќи и со сцената и со публиката која  возвраќа со невиден фидебек на искрени емоции, страст, енергија... Невидено чувство на сплотеност на оние на сцената и публиката која во еден глас ги пее од збор до збор сите песни, танцува во ритамот, ги повторува познатите хит рефрени заедно со Поце... Само народот во еден глас и вокалот на пејачот... Величенствено чувство на исполнетост, задоволство, мерак  за душата, кој како никогаш досега се чувствуваше со секој отсвирен тон и секој испен стих... Некаде на половина концертот влегува во „мирни води“, во баладична фаза во која се редат познатите сентиш теми со епски стихови... „Зошто Боже“, „Возови“, и химната на сите генерации - „Оган под ѕвездите“. Ѕвезденото небо од мобилните се претопува со она од светлосните ефекти, а додека целата сала пее во еден глас: „Не барајте вино испиено е...“ навираат морници по телото, спомени во мислите и неподнослива убавина во душата што се радува од глетката... Македонски знамиња во публика, македонско знаме на сцената... „Меморија“ како никој досега успева да го сплоти народот со песна и да покаже дека Македонија е и тоа како жива... и вечна! Следува видео реквием, со еден отсвирен рефрен во живо на култнaта „Јесен у мени“ за крај на мирната фаза на концертот, како потесетување и почит на скопјанецот и голем Македонец, но уште поголем естраден уметник и пејач, скоро починатиот Аки Рахимовски. Новата кулминација доаѓа со најавата на специјалните гости. Стефан и Мартин  од „Некст Тајм“ засилени со Николче Мицевски и свирката на членовите на „Меморија“. „Патриотскиот набој“ го мултициплираат со уште една фантастична изведба на „Ја излези Ѓурѓо“, која во еден глас излегува од илјадниците грла. Уште една братска двојка, Енко и Сецко од „Ласт Експедишен“ ја продолжуваат низата држејќи го концертниот набој на најсилно. „Шефе“ звучи „убиствено добро“, моќно како испукан музички проектил! Најавениот пејач на „Конкорд“ Сеад Јакупи за жал беше спречен да дојде заради корона, но македонскат гитарска легенда Венко Серафимов, заедно со „Меморија“ и Поце ја отпрашија „Високи штикли...“ како во најдобрите денови, кога „Конкорд“ беа најславни! Венко остана и со Славчо од „Морал“ во кој некогаш свиреа и сегашниот тапанар и гитарист на „Меморија“ - Мичо и Цале, па сите заедно засилени со Ристо Самарџиев во чест на починатиот Влатко Илиевски ја отсвиреа „Кога патувам“, водејќи ја публиката низ годините наназад и спомените на младиот прерано заминат пејач. Ристо останува на сцената да пее во последната третина од концертот на кој се редат хитовите од таа фаза. Матурата кулминира со „Снежо, Снежана“, со која „Меморија“ покажува како се матурира со чиста петка во рок ен рол гимназија. И не само матура, туку и лектира... За минатите, сегашните и за идните генерации на некои нови клинци кои ќе имаат и на што да се потсетат и од кого да учат, и со што да се гордеат... Едноставно, ќе имаат своја, наша македонска музичка историја која бендот таа вечер покажа како се создава! По „Моите слики“, Самарџиев останува сам на сцената со акустична гитара в раце за да ја отсвири и отпее неговата „Таму кај што си“, а додека публиката пее со него сцената се подговува за големото „гранд финале“. Со најавените први звуци на тапанот и појавата на блех оркестарот на Аце и „Весела дружина“ одекнуваат и првите ноти на „Дирлада“... И салата „експлодира“, А1 арената „се урива“ од атомски набој на енергија, преточена во музика. Гласни грла, високо кренати раце, еуфорија за историја... Сплотеност каква ретко кога се гледа... Можеби само при големите спортски победи на репрезентацијата, но овде нацијата ја замени репрезентацијата, а спортистите ги заменија музичарите на сцената. Сите заедно, за неподносливо чувство на радост, среќа, насмевки, прегратки, емоции... Како некогаш, во најдобрите денови. Светлата се гасат, но публиката бара уште... Бисот неминовен,  овој пат и двајцата вокали на „Меморија“ заедно на сцената и  реприза на трите историски хита: „Македонија“, „Оган под ѕвездите“ и „Дирлада“... И одново лудница... Онакава каква што ни најголемите  светски бендови кога доаѓале, не направиле. Ама, радоста е голема до небо, зашто ова што тааа вечер го слушнавме и видовме  - е наше! „Made in Macedinia“... како што оддамна не била,  полна со „оган под ѕвездите“. Македонија онаква каква што заслужува... Горда, среќна и вечна! Фото:  by Чапља и приватна архива]]>