мелодија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 17 Nov 2022 11:08:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мелодија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна Станојевска Микиќ ја отсвире првата македонска електрокустична мелодија за соло харфа – „Urban pulse“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-stanojevska-mikikj-ja-otsvire-prvata-makedonska-elektrokustichna-melodija-za-solo-harfa/ Thu, 17 Nov 2022 11:07:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276277

Харфистката Весна Станојевска Микиќ ја промовира мелодијата Urban pulse, прво електроакустично дело од македонски автор за соло харфа и лента во современото музичко творештво. Автор на музиката е Ана Пандевска, а режисер на видеото е Андреј Марјановиќ. „Станува збор за мултимедијален проект во кој се преплетуваат авторската музика, изведувачката дејност и режијата како три различни уметности“, вели Ана Пандевска. „Во музиката се чувствуваат влијанија од амбиенталната музика, минимализмот како правец и современата авангарда. Преку видеото, во кое се прикажуваат двете страни на градот, онаа спокојната од изгрејсонце додека градот спие преку секојдневниот метеж и бучавата што се карактеристични за еден главен град, сè до зајдисонце и заспивањето на градот“, вели Весна Станојевска Микиќ. Дел од видеото е снимено во Музејот на современа уметност, што дава различен амбиент и убава панорама, но и дистанца од метежот на градот. „На овој начин можеше да се потенцира контрастот меѓу музиката на харфата, која во дамнешни времиња се верувало дека е инструмент што може да ги смири боговите, и деловите каде бучавата од градот за момент ја прекинува хармонијата. Овој контраст меѓу самите делови од композицијата се трудев да го пресликам и визуелно, мешајќи сцени од градот, градилиштата, улиците и хаотичното движење што во ниеден момент не престанува“, рече режисерот Марјановиќ. Проектот е дел од годишната програма на Министерството за култура, а дел од локациите се со поддршка на Музејот на современа уметност. Музиката е снимена во Fames project studio. Проследете го видеото (КЛИКНИ ТУКА): ]]>