мелем продукција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Mar 2023 13:28:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мелем продукција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара ја опиша внатрешната борба во себе во – „Нијагара“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-ja-opisha-vnatreshnata-borba-vo-sebe-vo-nijagara-video/ Wed, 22 Mar 2023 06:02:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294549

По дует песната со Тара, насловена „Само ти ми фалиш“ која беше во манирот на старите диско хитови од 80-ите, Тамара Тодевска има нова песна и очигледно малку поинакви планови. Денес, среда, 2 март 2023 година една од најдобрите женски вокали не само во Македонија туку и во регионов ја промовираше во етерот  нејзината „Нијагара“. Музичка тема која е ссема поразлична од она што сме можеле да го слушнеме од Тамара во последно време. Модерна ар ен би слоу - ритмична нумера, спакувана во духот на новото време, со совршена продукција и избор на бои и звуци кои се користат во новите музички трендови. Сето тоа аранжмански стокмено, дотерано  и испеглано да звучи светски иако е наше, балканско. Музиката и стиховите се  заедничко дело на во последниве години веројатно најголемиот македонски хит-мејкер Лазар Цветковски и самата Тамара, продукцијата пак ја направил самиот Лазе што се чувствува во моќта на самиот саунд. Песната е отпеана на српски јазик, што само наговестува дека Тамара која не енепозната кај северниот сосед има намера конечно да се обиде да ја освои комшиската поп сцена. нешто што можеби требаше да проба оддамна да го направи, зашто за тоа ги има сите предуслови: Музичко - вокалните квалитети, изгледот, имиџот, контактите, сестра и Тијана... и уште многу други скриени адути неопходни за успех. Шлагот на тортата доаѓа со визуелизацијата на песната. Видеото на Огнен Шапковски и екипата на „Мелем продукција“ можеби не е сензационално, но е повеќе од ефектно и функционално и совршено соодветствува со стиховите на песната. Со визуелна симболика која ја  пренесува сета внатрешна борба, сета трпеливост и (не)одлучност, сите внатрешни стравови немири и дилеми, сите правилно и погрешно повлечени потези, сите победи и порази, погодоци и промашувања...  сето талкање од крајност во крајност. Визуелен опис на патот по трње на душата од „пеколот до рајот“, во внатрешната борба што во себе ја води секој од нас, па и самата Тамара, што на песнат и дава доза на автобиографска нота. Се' на се', ова како да наведува на некаков нов почеток, на старт на интернационална кариера на Тамара. Ако е така, нека тече како... „Нијагара“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Николче Мицевски од својата „New Era“ ви подарува уште еден музички – „Impulse“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikolche-micevski-od-svojata-new-era-vi-podaruva-ushte-eden-muzichki-impulse-video/ Thu, 08 Dec 2022 10:18:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279176

Македонскиот музичар, композитор и аранжер  Николче Мицевски има нова музикчка тема, со која  одново ја восхити неговата публика. Талентираниот битолски уметник го објави спотот за новиот трет по ред сингл „Импулс“ (Impulse), кој е симнат од „New Era“ - неговиот прв соло албум со таканаречена „World Fusion“ музика, која како што самиот ќе изјави,  отсекогаш била негова инспирација. „Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство“ -  ќе посочи Мицевски  најавувајќи го со темата „Импулс“ и  неговиот  прв солистички концерт во родната Битола, кој ќе се одржи во петок, на 9-ти декември 2022 година, каде ќе биде промовирана музиката од албумот „New Era“. „Ви го подарувам ова парче музика и видео наречено 'Impulse"! Ова е е третиот сингл од мојот албум "Нова Ера". Парче музика, импулс, вибрација, која секој ќе ја доживува на различен начин, но "Impulse" има една и единствена цел - да шири љубов и позитивна енергија. Им благодарам на Огнен Шапковски и целата екипа на 'Мелем продукција' за прекрасното видео! На  'XL студио Момироски' за врвната продукција. Благодарам на Владимир Крстев за виолината, Martin Bleki за несебичната поддршка и ангажман, Stefan O Pulos за позирањето. Благодарам на Андреј Папаз за стајлингот! Благодарам на сите кои се дел од ова видео, Ирма, Mатеј Дамчевски Сомнар, Ана, Студио Ребис, Студио Лебед, Ансамбл Студио фолклор, Теа, Јана, Јована, Мила, Ника, Илијана и сите други! Ова нека значи загревање пред концертот на 9-ти декември, петок од 20 часот во ЦК - Битола. И уште еднаш ве поканувам сите, да дојдете и да ја уживаме приказната наречена "New Era" - порачал Николче Мицевски преку својот Фејсбук профил, промовирајќи ја во етер темата „Импулс“ (Impulse), која можете да ја проследите во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Тони Зен се врати иако никаде не ни тргнал… поинаков му е – „Планот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-zen-se-vrati-iako-nikade-ne-ni-trgnal-poinakov-mu-e-planot-video/ Sat, 09 Jul 2022 09:39:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257892

По  подолга пауза на македонската музичка сцена повторно се враќа човекот кој пред десетина години беше еден од најслушаните изведувачи. Тони Петковски, во јавноста познат како Тони Зен, има нов сингл со наслов „Планот“ .  Во ова време – невреме за сите уметници, тој одлучи повторно да го прави она што најдобро го знае, а тоа е музиката. Ново време, нови визии, нови цели. „Целата приказна почна од поривот и љубовта за творењето. Се инспирирав од музиката и поддршката на моите пријатели и соработници Нино Васков и Ики, со кои работевме долги години. Идејата со оваа песна е дека сето она што ни било зацртано низ времето го остваруваме и прикажуваме на ваков начин, затоа што ова ни е задача и љубов од многу одамна. Се чувстувам должен кон публиката бидејќи долго време бев отсутен, ова враќање е токму за нив, инспириран од младите, но секако и од постарите артисти, музиката мора да продолжи без оглед на се. Сакам да се претставам на наш, македонски начин“ – вели Тони Зен. Музиката, аранжманот, миксот и мастерот го направија Илија Цветковски – Ики и Нино Васков, а за видео записот одговорен е Огнен Шапковски – „Мелем продукција“. Неговата агенда со настапи е веќе преполна, го очекува богата летна турнеја. Слушнете ја новата песна „Планот“  на Тони Зен и погледнете го видеото за неа: ]]>

Саше Љолес ве води во неговата – „Рајска градина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sashe-ljoles-ve-vodi-vo-negovata-rajska-gradina-video/ Wed, 09 Sep 2020 11:23:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166322

„Рајска градина” е третa песна на македонскиот музичар Саше Љолес, која всушност е и најава за албумот кој треба да се појави некаде до крајот на годината. „Станува збор за интимна песна создадена за најблиските луѓе, оние што ви се секојдневие и што зрачат љубов и добрина“ - изјави Љолес. Музиката и текстот се негови, а во аранжманот учествуваа и Владимир Чадиковски – Црни, Александар Ванчовски – Џигер, Мартин Јосифовски и Петар Лукиќ. Снимена е во јуни и јули во студиото на Нино Спиркоски. Придружните вокали ги пее Светлана Јовановска. „Рајска градина” е проследена со интересно видео кое го изработи Иван Куртевски – „Мелем продукција“. Имено, сликите користени во видеото се всушност уметнички дела на ликовниот  уметник Константин Качев - Коки, екс гитаристот на македонскиот хеви метал бенд „Санаториум“, кој воедно е дел од најтесното семејство на Саше Љолес. https://www.youtube.com/watch?v=5IOsIiEx12s&feature=emb_logo]]>

Јас сум тука, Тони Зен – „Сум“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jas-sum-tuka-toni-zen-sum-video/ Wed, 12 Jun 2019 11:44:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92629

Тони Зен неодамна го објави својот шести соло-албум „Од изворот на изборот“, од кој веќе имавме можност да слушнеме две песни: „Коан“  и „Градот липа“, а сега на ред дојде и можеби најсуштинската тема која одлично го опишува музичарот и сите негови „лица“. Токму тоа го сугерира и самиот наслов „СУМ“, чии стихови, секако, се дело на Тони, а музиката му е заедничка со Кирил Бабамов.
Сето тоа визуелно го долови екипата на продукцијата „Мелем“, а во видеото се појавуваат голем дел од неговите колеги и соработници од целата досегашна кариера, вклучувајќи ја екипата на „Токсикологија“.
„Сум дромец, сум другарот Македонец, сум тука, дворски шут у мојот дворец, сум флека, цела екипа сосе тонец“, рапува Тони, алудирајќи и на бендот „Флека“, а во рефренот сумира: „И кога ритамот те движи, јас тој сум – рап и фанк и џез и блуз – овој сум! Јас сум постојано низ ритам, во ритам!“
Сè на сè, „СУМ“ е одличен спој на сето она што изминативе години го слушавме од Тони Зен, но во мошне позрело издание, како што и доликува и се очекува од музичар што се менува и созрева, но останува верен на својата суштина. https://www.youtube.com/watch?v=ep4cYpUmRu8 Извор:РадиоМК]]>

Давид Темелков преку „Скопје 2014“ визуелно ја овековечи својата констатација – „Свијет се промијенио“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/david-temelkov-preku-skopje-2014-vizuelno-ja-ovekovechi-svojata-konstatacija-svijet-se-promijenio-video/ Thu, 21 Mar 2019 14:14:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78728

По учеството во регионалниот „Х фактор“,  Давид Темелков продолжи својата кариера да ја гради во Хрватска, каде што изминативе неколку години соработува со едни од најреномираните музички автори , легендарниот Мирослав Рус. 
По неколкуте поп теми  и балади, дојде време е за мало освежување и нова музичка насока во кариерата на македонскиот пејач, што неодамна се огледа во излегувањето на песната „Свијет се промијенио“ или „Светот се промени“, која е во фанки-стил и отвора ново поглавје.
Песната засега ја има само на хрватски јазик, но се надеваме дека ќе имаме можност да ја слушнеме и на македонски. Во меѓувреме,  „Свијет се промијенио“ доби и свој видеозапис кој пејачот одбра да биде снимен на улиците на македонската метропола, Скопје, кој го реализираше македонската видеопродукција „Мелем“, а видеопродуцент е Јосип Шукер.
Како изгледа визуелизацијата на најновата тема на Давид Темелков, со прекрасните кадри од проектот „Скопје 2014“, одбран по кој знае кој пат и од многупоголеми регионални ѕвезди ( Ж. Јоксимовиќ, З. Чолиќ, В. Стефановски...), да биде дел од нивните видеоспотови, погледнете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=ShMASxYe878&feature=youtu.be]]>