мелбурн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Oct 2023 20:33:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мелбурн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Домаќини, добри гости ви дојдоа… Тања и Новица во далечната Австралија имаа посета, па со песна ги дочекаа колегите од Македонија! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/domakini-dobri-gosti-vi-dojdoa-tana-i-novitsa-vo-dalechnata-avstralija-imaa-poseta-pa-so-pesna-gi-dochekaa-kolegite-od-makedonija-video/ Wed, 11 Oct 2023 07:10:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321575

Татајана Лазаревска и Новица Василевски, брачната естрадна двојка по летниот престој во родната Македонија кој и тоа како работно го искористија со фестивалски настапи и промоција на две нови песни и спота, се вратија во далечната Австралија каде последниве години живеат и работат. Иако постојано таму се дружат со нашинците,  не помина долго време кога одново нешто одблизу ги спои со родната грутка. На австралиските домаќини добри гости им дојдоа... и тоа колеги од Македонија! Имено, Стојне Николова, Бобан Мојсовски и нивната фолк екипа од Динамик бенд периодов се на турнеја токму низ Австралија, па симпатичната струмичанка и нејзиниот музички компањон по концертот во Емералд во Мелбурн, најдоа слободно време да им отидат на визита на нивните колеги, сега веќе одомаќени во еден од најголемите градови на најдалечниот континент.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by STOJNE NIKOLOVA (@stojne_official)

А кога ќе ти дојдат дома гости, па уште колеги и драги пријатели од татковината нема зборови да се опише убавината... Особено онаа на заедничката дружба, која како поинаку би кулминирала кај пејачите, ако не со песна. Масата полна, нешто да се замези и пивне, а потоа доаѓа време и да се запее. Муабетите немаат крај, ама за песна време секогаш се наоѓа... И тоа за онаа најновата, дуетската и победничка од последниот „Охрид фест 2023“ на Тања и Новица. И тоа насловена токму онака како што и прилегало и на дужбата со колегите и пријатели од Македонија: „Љубов ни е име, а пак среќа ни е презиме, песна место потпис, тоа ни е наш краток опис...“! И сите заедно, цeлото семејство и нивните гости  во еден глас ќе запеат додека го гледаат  настапот во неодамна снимената емисија „Мерак меана“, во која австралиските домаќни пред да заминат од Македонија учествуваа! Ваква дружба и весело расположение ретко се гледа и доживува... Но, тоа е очигледно секогаш така кога се во прашање Татјана и Новица... А дружбата - дај Боже да е секогаш ваква искрена, топла и срдечна, довека! Впрочем и домаќините удостоени и гостите угостени и задоволни, за што говори и јавната благодарност за гостопримството на убавата Стојне до, како што  самата вели, нивните најпозитивни колеги и пријатели. Фото: Инстагрм/tatjanalazarevska_official/stojne_official]]>

Го познава цел свет, а само Македонија му е во срце: Ване Црнгаров – единствениот македонски Елвис Присли не го сонува животот, туку го живее сонот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/go-poznava-tsel-svet-a-samo-makedonija-mu-e-vo-srtse-vane-tsrngarov-edinstveniot-makedonski-elvis-prisli-ne-go-sonuva-zhivotot-tuku-go-zhivee-sonot-foto/ Tue, 18 Jul 2023 06:13:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310524

„Jailhouse Rock“ е насловот на албумот на единствениот македонски Елвис Присли, Ване Црнгаров, а беше промовиран вчера, (понеделник, 17. јули 2023 год.) во култното скопско музичко кафуле „Аудиокултура“. Албумот содржи осум песни - кавер верзии и е втор албум, кој досега го има снимено Ване со песни на кралот на рокенролот. Ване, кој и физички неверојатно личи на Елвис Присли, на промоцијата дојде облечен во костум, по каков беше препознатлив рок ен рол кралот, за да ја прослави 30 годишнината од неговата кариераво која има снимено три албуми. Првиот е со македонски фолк песни, од кои тој е аавтор на повеќето,  вториот е со песни од Елвис Присли, како и сегашниот со грст познати негови хитови. „Австралиските медиуми се „виновници“, тие ми ја дадоа идејата да го продолжам ликот и делото на Елвис Присли. На почетокот ми беше чудно, кога непознати луге ме застануваа на улица да се сликаат со мене, бидејќи сум бил како Елвис. Оттука и почна се. Ги научивнеговите песни, а со нив го совладав и јазикот, односно акцентот. Тоа се случи на почетокот, бидејќи јас потекнувам од Струмица, но 25 години живеам во Мелбурн. Но, и покрај тоа јас никогаш не ја заборавив Македонија. Секое лето сум тука, а понекогаш и зиме. Така и ќе остане. Без оглед што сум толку далеку од дома, во мене сепак грее нашето сонце, вели Ване и најавува многу идни планови. Но, ова не е единствениот повод, бидејќи Ване го најави и  документарецот насловен како  „Сонцето не грее од сите страни“, посветен на неговиот лик и дело. Документарниот филм го финансираше Ал Џезеира, а ќе биде , премиерно прикажан на 6 август, на филмскиот фестивал „Астер фест“ во Струмица.  Продуцент на документарниот филм е Дејан Милошевски, режија Глигор Кондовски, а документарниот филм е во продукција на „Револушн“. „Ване потекнува од типично македонско семјество, и по душа и по срце. Роден е во село Куклиш, Струмица, во 1974 година. За него најважен е домот и семејството. Но и сонот да стане познат музичар и да го забавува светот. Иако, за некој од таков крај, тоа е речиси и невозможно. Сепак, Ване ќе остане носител на традицијата, но, ќе стане и носител на новото и промените“ - рече водителката Оливера Петрушевска, која е и дел од документарецот и  додаде: „Денес, Ване не го сонува животот, го живее својот сон. Сонот од кој не сака да се разбуди. И, како што ќе каже своевремено Елвис Присли: „„Ако ја сакате музиката морате да и се препуштите„. Така, и македонскиот Елвис Присли од Куклиш верува во моќта на желбата и преку музиката го живее сонот! И, ќе рече: „Најмногу од се, сакам после концерт луѓето да размислуваат за мене, дури и кога ќе заминат дома“  потенцираше Оливера. Ване не е познат само на македонската јавност, туку и е светски познат како единствениот Македонец, почитувач на делото на кралот на рокенролот Елвис Присли.   Тој е чест гостин во австралиските медиуми, а во 2007 години учествуваше на единствениот фестивал во родното место на Присли, Тенеси, САД, каде се натпреваруваат артисти од цел свет.  Во 2017 година исто така беше единствениот Македонец кој настапи во Лас Вегас и секако единствениот кој имаше можност за средба со неговата ќерка Лиза Мери Присли во Мелбурн, како и со дел од членовите на неговиот бенд, додека престојуваше на фестивалот. Како македонски Елвис Присли тој ја имаше можноста да биде дел од филмот „Знаење“, во кој главната улога ја толкува Николас Кејџ, а и еден од ретките кој ја имал можноста да се дружи со дел од познатите холивудски актери.  ]]>

Дани Даниела и „Тик Так“ пејат за – “Две срца“ вљубени (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dani-daniela-i-tik-tak-pejat-za-dve-srtsa-vlubeni-video/ Fri, 03 Mar 2023 13:30:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291709

Младата и атрактивна македонска фолкерка Дани Даниела 2023 година ја почна со настапи  во Австралија, каде ги забавуваше нашинците во еклузивниот ресторан Sheldon. Но,  Дани престојот  во Австралија го искористи и за снимање на видеоспот на нејзината најнова песна насловена „Две срца“ која ја изведува со групата „Тик Так“.   Освен сексапилната фолкерка  во видеото се појавува и познат манекен од Австралија, а истото е снимано на неколку локации низ Мелбурн. Музиката, аранжманот, како и миксот и мастерингот на песната ги потпишува Љупчо Соколовски, додека текстот го напишал познатиот фолк автор и пејач Далибор Ѓошиќ Даки. Видеоспотот како и многу други досега го реализирала екипата од ИН ТВ продукција. Инаку, Дани Даниела има закажано голема австралиска туернеја  во октомври оваа година заедно со Ташко Каранфиловски и побеничката на Македонското музичко талент шоу Анастасија Митровска. Како звучат и изгледаат нејзините “Две срца“ погледнете од видеоспотот во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Татјана Лазаревска се огласи по силниот земјотрес во Австралија, па откри дека биле во самоизолација: „Денес славиме ослободување“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-lazarevska-se-oglasi-po-silniot-zemjotres-vo-avstralija-pa-otkri-deka-bile-vo-samoizolacija-denes-slavime-osloboduvanje-video/ Fri, 24 Sep 2021 07:50:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220427

Maкедонската пејачка Татјана Лазаревска заедно со нејзиното семејство, односно сопругот Новица и синовите веќе неколку години живеат во Мелбрун, Австралија каде си купија и сопствена куќа. Деновиве, силен земјотрес од 5,9 степени според Рихтер со епицентар во близина на Мелбурн ја погоди Австралија. Како што пренесоа медуимите има само материјална штета и нема жртви. Татјана која често е активна на социјалните мрежи и се дружи со нејзините следбеници, но некој период не објавуваше објави поточно кажано од 28 август кога се вклучи во живо. По подолго време, Татјана и Новица сега се вклучија во живо и открија како го поминале земјотресот. „Искрено за нас не е ништо ново. Ние знаеме како изгледа земјотрес, сме преживеале многу земјотреси, го преживеавме и овој. Се затресе малку куќата, јас бев во спална, а Новица во кујна вараше чај и јас почнав да викам – „Новица, Новица“. Тој вика – „Не се секирај, малку земјотрес“. Беше јако, добри сме, нема никави последици“ вели Лазаревска Тие открија дека се во самоизолација веќе седми ден, па времето го поминувале дома гледајќи филмови, турски – историски серии. Како што истакна пејачката, тие од денес излегуваат од изолација и имаат дозвола за движење, па затоа одлучиле да се вклучат во живо и да се подружат со ФБ пријателите. „Ние славиме ослободување од ропство наречено корона“, вели пејачката, а потоа со песна и музика го прославија излегувањето од изолација. Видеото погледнете го тука. фото: принтскрин/фејсбук/татјана лазаревска]]>

Ова е мајката на македонската фолкерка: Татјана е „плукната“ Снежана (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-majkata-na-makedonskata-folkerka-tatjana-e-pluknata-snezana-foto/ Sat, 28 Mar 2020 09:27:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141945

Пред пет години познатата музичка фолк двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски одлучија да ја напуштат Македонија и да се преселат во далечната Австралија, каде неодамна се вселија и во новиот дом во Мелбурн во кој живеат со синовите Стефан и Петар. Татјана и Новица важат за една од најкомпактните двојки на естрадата, вистински доказ дека партнер од иста професија и тоа како може да биде предност, а не маана. Музиката ги спои и сѐ уште изгледаат вљубени како на почетокот на нивната врска. „Се запознавме на една заедничка свирка, но тоа беше во времето кога и двајцата почнувавме да ги градиме кариерите. По првото познанство, често знаевме да се сретнеме на различни фестивали, музички манифестации, често излегувавме на исти места. Љубовта дојде нешто подоцна“ – се потсети Лазаревска, честитајќи му го роденденот на својот сакан Новица, на две одделни фотографии: едната семејно со синовите, на другата сами тие двајца! Лазаревска во неколку интервјуа изјави дека секоја можна прилика ја користи да се врати во татковината и дека можеби затоа не е премногу носталгична. Сепак, призна дека од другата страна на светот премногу ѝ фалат нејзините најблиски. Во Скопје остана да живее и нејзината мајка која неодамна ги посети за да помине малку повеќе време со внуците. Татјана наликува на мајка си Снежана која покажа дека има иста фризура како славната ќерка: кратка коса со впечтлива црвена боја и изгледа одлично за годините. Впрочем, ако подобро ги погледнете мејката и ќерката, особено на фотографиите на кои пејачката има иста боја на коса и фризура како мајка и, станува повеќе од јасно дека Татјана е „плукната“ Снежана!    ]]>

Татјана Лазаревска и Новица имаа голем повод за честење: Под свој покрив! https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-lazarevska-i-novica-imaa-golem-povod-za-chastenje-pod-svoj-pokriv/ Thu, 30 Jan 2020 08:44:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131732

Брачната двојка македонски фолкери Татјана Лазаревска и Новица Василевски речиси шест години живеат во Мелбурн, Австралија. Однеодамна, тие веќе не се кираџии, зашто  си купија нова куќа и веќе се вселија во неа. Татјана и Новица не кажуваат колку чини новиот дом, затоа се пресреќни и што ќе може да уживаат во него заедно со нивните синови, Петар и Стефан, а честитките пристигнаа од сите страни. Деновиве на гости кај нив беше дел од екипата на сателитската ИН ТВ од Македонија и Австралија, кои се пофалија дека навистина прекрасно си поминале таму и дека Татјана и Новица се одлични домаќини и гостопримливи луѓе. Заедно со нив, беа и дел од членовите на групата „Маестрал“ од Битола, кои во моментов се на Австралиска турнеја, па според фотографиите со сигурност може да се каже дека имало одлична македонска дружба. Татјана и Новица и овој пат се покажале како одлични домаќини, секогаш подготвени со преполна софра, и пријателско добредојде да ги дочекаат гостите од родната Македонија. Така, пред извесно време тие ги угостија и Мартин Вучиќ и Бубе - „Фортуна“, кои беа на турнеја во Австралија со националниот ансамбл „Танец“, а Татјана и Новица средба и дружење имаа  и со легендата на македонскта  фолк музика, пејачката Благица Павловска која пред неколку месеци ги посети во нивниот дом во Мелбурн. Татјана во едно неодамнешно интервју за ИН ТВ, зборуваше за животот во Австралија и колку им било тешко или лесно да се прилагодат на тамошниот живот. „За мене и за Новица апсолутно не беше ништо ново. Со Новица, заедно со Биоритам или јас со други колеги претходно веќе бев седум пати на турнеја во Австралија. Имавме голем круг на пријатели, поддржувачи на нашата музика и љубители на нашите песни. Одлуката падна кога почувствувавме дека во поглед на музиката направивме се што може да се направи во Македонија и без некоја конкретна причина решивме да заминеме“истакна Татјана во таа прилика. Таа меѓудругото раскажа дека животот во Австралија е прекрасен, одлично се прифатени од луѓето таму и дека стекнале уште поголем број пријатели. Инаку, Татјана од понеделник до петок се дружи со најмладите, бидејќи работи како учителка во градинка, но викендите и се резервирани за свирки и песни со Новица и нејзините колеги - музичари од Мелбурн. Во меѓувреме, иако не беше ниту 1-ви април ниту  „Ноќ на вештерките“, учителката реши „да се маскира“... Или поточно да ја смени бојата на косата, па Татјана од блондинка стана црвенокоса... Или поточно „розова“. Коментарите различни... Едни велат промената е добредојдена, други, под итно да ја врати блонд нијансата, зашто русокосите биле позабавни ( како што пееше и големиот заводник Род Стјуарт), а и посекси! Блонд или пинк, едно е сигурно: Татјана штом застане на сцена и се фати за  микрофонот предизвикува... „пожар“!  Или што би рекле народски - „пали“! ]]>

Жешката Џесика го разубави шампионскиот бал на македонскиот фудбал (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bujnata-dzesika-go-razubavi-shampionskiot-bal-na-makedonskiot-fudbal-foto-video/ Tue, 24 Sep 2019 07:18:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108549

Битолчанката Џесика Палашоска важи за една од најсексапилните македонски пејачки. Русокосата фолкерка летово си зеде  паузата од неколку месеци за оддишка на душата и телото, па замина на егзотични места да одмара и прави разни егзотични работи, како на пример да се капе со слонови на Тајланд. А, кога Џесика го погали слонот по сурлата,  среде „забавата“ му се наежија сите влакна на главата! А како и не би, кога тој нејзин неодолив сексапил го буди секој атом од машкиот тестостерон, та тоа бил и слон! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dzesika-palashoska-se-kapeshe-so-slon-i-go-pogali-po-surlata-pa-srede-zabavata-na-slonot-mu-se-naezija-site-vlakna-na-glavata-foto/ „Сега мислам дека сум одморена и дека повторно е време за бурни периоди“ - им изјави Палашоска, на гледачите на ИН ТВ, па одново се фрли на работа. Но, пред да влезе во студио да снима нови песни, излезе од земјава за да ги испее оние старите. И нејзините најголеми хитови и најубавите македонски народни песни зашто поводот беше голем, а токму секси Џесика беше избрана да го разубави шампионскиот бал на македонскиот фудбал и тоа во далечната Австралија. Имено, атрактивната фолк пејачка отпатува за Австралија на големо задоволство на сите нашинци кои живеат во оваа далечна земја, за да пее на Шампионскиот бал на најпознатиот македонски фудбалки клуб „Престон“ кој  се одржа на 21-ви септември во Мелбурн. Џесика на Шампионскиот бал пеела исклучиво македонски песни, а нејзиниот голем хит „Една е Македонија”, била меѓу оние песни кои ја одбележале вечерта, заради која специјално тргна на ова нејзино далечно патување. На шампионскиот бал, пејачката била придружувана од добропознатите момчиња од „Легато бенд“ и нивниот вокал Марјан Васкоски.
Штом ќе се врати дома, бујната русокоса ќе раскаже како поминала на балот на фудбалот. И дали можеби некој и се бендисал или некому му фрлила око и срцето и затрепери по некого од бројната екипа млади фудбалери? https://www.youtube.com/watch?time_continue=49&v=rEoXrrm92Io]]>

По неколкугодишна борба, почина човекот кој засекогаш ќе остане легенда во Формула 1 и автомобилизмот воопшто (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-nekolku-godina-borba-pochina-chovekot-koj-zasekogash-kje-ostane-legenda-vo-formula-1-i-avtomobilizmot-voopshto-foto/ Thu, 14 Mar 2019 12:28:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77615

На само три дена од почетокот новата сезона на Формула 1 која треба да започне на 17. март токму со трката за голема награда на Австралија во Мелбурн, на 67. годинишна возраст денеска во овој австралиски град почина директорот на Меѓународната тркачка автомобилска федерација (ФИА) Чарли Вајтинг, соопштија претставници на ФИА. Инаку Вајтинг со децении беше еден од највлијателните луѓе во Формула 1, а почина од белодробна емболија.
]]>