меланом – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 30 Jun 2022 11:56:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png меланом – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Совети за заштита од Сонцето и опасностите по кожата https://arhiva.vistina.com.mk/soveti-za-zashtita-od-sonceto-i-opasnostite-po-kozata/ Thu, 30 Jun 2022 12:15:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256582

Меланомот е малиген тумор што произлегува од меланоцитите – клетки кои произведуваат пигмент во кожата. Повеќето од овие тумори се јавуваат во кожата, но бидејќи меланоцитите може да се најдат и во други ткива, меланом може да се појави, на пр. и во окото. Туморот, за жал, главно има малигно биолошко однесување и многу брзо метастазира потоа во подалечни ткива и органи. – Луѓето со тн. фототип 1 и 2 – оние со светли очи, светла коса и кожа, со многу пеги, се изложени на поголема опасност од развој на меланом. Исто така, луѓето кои имаат голем број младежи или тн. диспластични млади, како и пациентите со паркинсонизам, имуносупресивна терапија или оние кои веќе имале меланом или други видови на рак на кожата, се поизложени и на ова заболување, вели проф. д-р Душан Скиљевиќ за порталот Н1. Сепак, најважните фактори на ризик и единствени на кои можеме да влијаеме е прекумерната изложеност на УВ-зраците од Сонцето или солариумите, особено на порана возраст. Според докторот, доколку се дијагностицира во рана фаза, 95 – 99 отсто од меланомот е целосно излечив со едноставно хируршко отстранување. – Ако пак, меланомот се дијагностицира доцна, стапката на преживување е значително помала – само 25 – 30 отсто од пациентите преживуваат следните пет години. Овие податоци јасно говорат за суштинската важност на раната дијагноза за лекување на пациентите со меланом, посочи тој. Бидејќи изложувањето на УВ-зраци е единствениот фактор на ризик што навистина може да се спречи, сите акции за информирање на јавноста настојуваат на максимално одговорно однесување, односно соодветна заштита од Сонцето, но и во солариумите. Соодветна заштита, според стручњаците, значи и избегнување престој на отворено во делот од денот кога сончевото зрачење е најсилно, што повеќе сенка, посветла облека, капи и очила и креми за заштита од сончевото зрачење.]]>