меѓународниот ден на жената – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 Mar 2020 07:54:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png меѓународниот ден на жената – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Снеже Велков со моќна порака до сите жени за 8-ми март: „Блескај мила оти ти се може“ https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-so-mokjna-poraka-do-site-zeni-za-8-mi-mart-bleskaj-mila-oti-ti-se-moze/ Mon, 09 Mar 2020 07:54:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138171

Меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува секоја година на 8 март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. По тој повод припадничките на понежниот пол на овој ден добиваат подароци од своите најблиски, пријатели, колеги... Македонските јавни личности на свој начин го одбележаа овој ден, а  преку социјалните мрежи го честитаа „Меѓународниот ден на жената“. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kaliopi-so-chestitka-za-denot-na-zenata-neka-sekoj-den-vi-bide-8mi-mart/ Водителката и фитнес инструкторката Снеже Велков испрати моќна порака до сите жени. Имено, таа преку својот „Фејсбук“ им го честита на жените 8ми март порачувајќи им да блескаат оти им се може. „Еј жено од кај ти е силата да издржиш кога еднаш месечно пукаш од болка пред да добиеш. Еј жено од кај ти е силата кога добиваш породилни болки и мислиш некој утробата ти ја корне. Еј жено од кај ти е силата да го гледаш своето болно чедо и се распаѓаш од грижи и несоница а нему му се смешкаш раскажувајќи му приказни Еј жено од каде ти е силата да се собереш после болно раскинување кога целиот свет ти се срушил. Еј жено како мила стигаш секаде?И на работа и ручек да направиш и деца да земеш од школо и со нив да учиш и домот да го следиш и алишта да испереш... Еј жено а како се воздржа кога на состанок твојата презентација воопшто не ја гледаа туку го мерката твојот задник? Еј жено како ли се собра и отиде на работа утрово кога изгледаше најгрдо на свет? Еј жено колку ли пати го слушаше партнерот како се надвикува со тебе место да те гушне и утеши Еј жено колку ли пати на мајка ти и рече настаната сум не плачам а срцето ти се кине Еј жено па ти си карпа.Ти си моќ. И кога солзи ќе ти надојдат кога твоето дете ти ја чита честитката за 8 март и ќе ти рече Ти си најдобрата мајка на свет-знај дека си! Блескај мила и денес и утре и кога нема што да облечеш и кога си се здебелила и кога имаш целулит и брчки на лицето.И кога знаеш дека твоја беше идејата што ја презентираше колегата и кога те пцуеја во сообраќај дека не знаеш да возиш.Блескај мила-ОТИ ТИ СЕ МОЖЕ! НЕКА НИ Е СРЕЌЕН ПРАЗНИКОТ“, напиша водителката во описот на фотографијата. Кон честитките се приклучија и нејзините фб пријатели кои и го честитаа „8ми март“. За потсетување, Снеже неодамна го прослави својот роденден.]]>

Денеска се одбележува 8ми март – Меѓународниот ден на жената https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-se-odbelezuva-8mi-mart-megjunarodniot-den-na-zenata/ Sun, 08 Mar 2020 09:00:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138107

Меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува на секоја година на 8ми март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Негирање на женските права, дискриминација и насилство се дел од работите со кои денес сеуште се соочуваат жените. Тие денеска го слават 8 Март како ден на борба за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, но во пракса бројките се поразителни и го покажуваат спротивното. Денес се уште е мал бројот на жени на раководни функции, а тие не се и правично застапени во структурите за донесување на одлуки. Дополнително, се уште постои јаз во платите меѓу мажите и жените, односно за иста работа жените се помалку платени од мажите. Податоците што ги објави Државниот завод за статистика во публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија“ покажуваат дека вработеноста се карактеризира со многу неповолна полова структура, односно стапката на вработеност во 2017 година кај жените изнесува 34,6 и е значително пониска во споредба со онаа кај мажите која изнесува 53,6. – Оваа структура е непроменета во еден подолг временски период, пред сè, поради нестабилните економско-социјални услови во земјата и неусогласеноста на расположливите и потребните профили на пазарот на труд, велат од Заводот за статистика. Пониска е и стапката на активност на жените и изнесува 44.3, а забележливо е повисока кај мажите – 69.3. Жените се уште ретко се одлучуваат и да почнат бизнис и најчесто тоа го прават од потреба. Така, бројот на жени претприемачи се движи околу 30 проценти и најчесто ги има во услужните дејности. Застапени се во микро и малите претпријатија кои имаат мал обрт и профит. Причината за тоа е неможноста да се направи баланс меѓу професионалниот и приватниот живот и социјалната структура на државата односно немањето доволно услови за социјална грижа за децата и старите лица. Од друга страна и менталитетот кај нас е се уште таков што мажите, за жал, само припомагаат во домашните обврски, а не се грижат заедно со жените за семејството. – Целта на жените кои започнуваат бизнис најчесто е за да можат да направат економски баланс во семејството, но никогаш не тргнуваат да работат големи бизниси. Нив им е поважно да имаат баланс меѓу фамилијата и бизнисот отколку да се 100 проценти внесени во бизнисот. Тука влијание има социјалната структура на државата односно жената и да сака да биде 100 проценти посветена на бизнисот, нема услови односно нема социјална грижа за децата или за старите лица. Тоа се проблеми кои не и дозволуваат да биде целосно посветена на бизнисот, вели Валентина Дисоска, претседателка на Здружението на бизнис жени. Од друга страна, статистичките податоци покажуваат дека жените се повеќе факултетски образовани од мажите. Така, се повеќе жени се запишуваат на факултет и на втор и трет циклус студии. Главно ги има на општествените, хуманистичките и медицинските науки за разлика од мажите кои повеќе преферираат да се запишуваат на техничко-технолошките науки. Слична е ситуацијата и во средното образование односно женските деца повеќе сакаат да се запишуваат во гимназија, а машките во стручните училишта. Во однос на процентуалното учество на жените и на мажите во вкупното население нема некои поголеми промени. Така, речиси подеднакво е учеството или изразено во бројки 49,9 проценти се жени, а 50,1 процент мажи. Од друга страна, сепак жените се подолговечни од мажите или поинаку кажано живеат 3,8 години подолго од мажите. И покрај тоа што бројките за односот на мажите и жените во општеството не бележи некои драстични промени, сепак денеска жените се во центарот на вниманието. Во нивна чест најавени се повеќе настани. Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права четврта година по ред организираат „Марш за правата на жените“. Годинава, маршот ќе биде посветен на жртвите на родово базирано насилство и според најавите ќе се маршира под слоганот „Ти не си виновна!“. Историјатот на одбележување на Меѓународниот ден на жената е поврзан со имињата на Клара Цеткин и Роза Луксенбург. Првиот ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 година во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународниот ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911 година овој празник по првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. И жените во Македонија го прaзнуваат 8-ми март. А вообичаено на овој ден, сопругот, пријателите, децата, колегите, посилниот пол подаруваат подароци на жените. Редакцијата на вистина.ком.мк им го честита на жените „8-ми март“ и да продолжат да бидат силни, борбени, професионални, успешни...]]>