меѓународен сојуз – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 18 Mar 2021 14:07:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png меѓународен сојуз – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Боки 13 и Орце Камчев во елемент: Денешното судење за „Меѓународен сојуз“ налик на реално шоу! https://arhiva.vistina.com.mk/boki-13-i-orce-kamchev-vo-element-deneshnoto-sudenje-za-megjunaroden-sojuz-nalik-realno-shou/ Thu, 18 Mar 2021 13:59:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194960

На сè само не на судско рочиште наликува денешното судење за случајот „Меѓународен сојуз“, каде како сведок беше повикан Орце Камчев. Тој најпрво побара да биде изземен од својството на сведок, велејќи дека во ваков момент на кршење на законот нема да биде корисен за судот.
Ако ја кажам вистината…За кршење закон каде мојот кредибилитет како сведок е нарушен и нема да му бидам во корист на обвинителството, рече сведокот Камчев.  
Ова барање беше отфрлено од обвинителката Ивана Трајчевска, која рече дека притворот е одреден за друг случај кој не е поврзан со овој судски предмет. Во продолжение на својот исказ сведокот Јордан Камчев, рече дека прв пат за „Меѓународен сојуз“, разбрал во 2018 година. До него имало понудено две предлози еден за изградба фешн мол и другата за дом за стари лица.
Во овој случај фалат и лицата Зоран Милевслки, Катица Јанева и нејзиниот син. Првиот не го прифатив бидејќи мислев дека нема економска логика. Вториот предлог за старски дом исто го одбив. Ми беше кажано дека од ова има интерес синот на Катица Јанева и оттогаш почна тортурата врз мене, рече сведокот Камчев,кој додаде дека во документот бил потпишувано лицето Лазар Јанев.
Вистинската драма започна со испрашувањето од страна на обвинетиот Бојан Јовановски, кој го замоли Камчев да раскаже со што се занимава, на што овој одговори: Се да набројам? Сточарство, ѓубрива, преработка на гомна… Откако беше опоменат од судијата, тој ѝ порача – ми рековте се да набројам. Во еден момент обвинетиот Јовановски му го угаси микрофонот на Камчев, по што следеше и мала расправија. Во нервозното сведочење на Камчев тој рече дека Јовановски направил мајмуни од цел град и дека уплатил 150 илјади евра на сметката на 1ТВ за уценувачки договори. Кулминацијата достигна со прашањата од Јовановски:
Боки: За што ги уплативте? Камчев: За рекет, за да те „скинам ск*рца“!
Камчев во судницата беше спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор. Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“. Извор: Република.мк]]>

Боки 13 отворено си призна: „Бев поддржувач на СДСМ и Шарената револуција“, а за проектот имав прием и поддршка од Заев https://arhiva.vistina.com.mk/boki-13-otvoreno-si-prizna-bev-poddrzuvach-na-sdsm-i-sharenata-revolucija/ Thu, 23 Jul 2020 11:44:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160228

„Меѓународниот сојуз е невладина, а не хуманитарна организација под капата на Европската Унија. Останатите обвинети се обвинети заради мене“ - истакна во своето воведно обраќање обвинетиот Бојан Јовановски на денешното рочиште откако судијката го опомена да не говори повеќе од 30 минути. Боки 13, призна дека тоа време бил симпатизер на СДСМ и на Шарената револуција. Сега истакна  дека ова судење е забава за народот и праша каде е обвинителката Вилма Рускоска. -Ќе речете таа има полномошно, но тоа е исто како јас да го пратам затворскиот цимер – и се обрати Боки со судијката Софче Ефремова Гаврилова.
Бојан Јовановски ги откри имињата од власта кои го подджувале во проектот за изградба на Европски центар за возрасни лица. Тој тврди дека тоа бил одржлив проектот кој го препознале и бизнисмените кои доброволно сакале да учествуваат во изградбата. Боки вели дека нема земено ни денар од Буџетот на државата и оти е горд на тоа. „Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници, а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски“, рече Јовановски. Затоа тој уште еднаш побара да се вештачи неговиот мобилен телефон за да се види со кого се имал средби и контакти. Извор: Курир.мк
]]>