меган и хари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 May 2023 10:28:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png меган и хари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пратија јавна порака до сите што ги исмејуваат: Меган и Хари шокирани од тоа што мислат за нив https://arhiva.vistina.com.mk/pratija-javna-poraka-do-site-shto-gi-ismejuvaat-megan-i-hari-shokirani-od-toa-shto-mislat-za-niv/ Mon, 29 May 2023 10:28:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304055

Ако добро сте се изнасмеале на војводата и војвотката од Сасекс во последните денови, тие имаат нешто важно да ви кажат. Принцот Хари и Меган Маркл дефинитивно знаат да кренат прашина во јавноста, од која наводно побегнале во Америка во 2020 година, а последните денови повторно се во центарот на вниманието. Откако парот објави дека папараците два часа ги бркале низ Њујорк, во бркотница со „речиси катастрофални последици“, полицијата, папараците и градоначалникот се огласија и секој на свој начин фрли сомнеж во веродостојноста на нивните тврдења. Војводата и војвотката од Сасекс потоа побарале фото агенцијата чии папараци ги следеле да ги предаде фотографиите, што било одбиено со презир. Како што сега тврдат извори блиски до парот, принцот Хари и Меган Маркл се запрепастени бидејќи луѓето не им веруваат дека се било како што тврдат. - Тие инсистираат на тоа дека не ја преувеличиле потерата, а луѓето да кажат поинаку е болно и неприфатливо - изјави анонимен извор за Us Weekly. Корисниците на социјалните мрежи веќе со денови го исмејуваат парот, а многумина се пошегуваа дека сигурно имало потера и дека папараците всушност бегаат од Меган Маркл, но Сасексите одбиваат да ги замолчат со тоа. Затоа имаат јасна порака до сите што мислат дека потсмевот ќе ги втурне во медиумското подземје. – Што се однесува до сугестијата дека се кријат и се плашат да го покажат своето лице, тоа нема да се случи – вели изворот. - Ова само ја зацврсти нивната одлука да продолжат да се залагаат за себе и отворено да зборуваат кога ќе им се нанесе штета - истакнува блиска личност на парот. Да потсетиме, пред неколку вечери принцот Хари и Меган Маркл присуствуваа на доделувањето на наградите „Жени со визија“ во Њујорк, а следниот ден излегоа со соопштение дека тие и мајката на Меган, Дорија Рагланд, биле бркани од папараците за да се можеше да заврши трагично. - Синоќа, војводата и војвотката од Сасекс и г-ѓа Дорија Рагланд беа вклучени во речиси катастрофална бркотница со автомобил, предводена од круг на многу агресивни папараци - објави ПР на парот. - Оваа безмилосна потера, која траеше повеќе од два часа, за малку ќе резултираше со повеќекратни судири, во кои учествуваа други возачи на патот, пешаци и двајца њујоршки полицајци - се наведува понатаму во соопштението. Веднаш потоа се огласи градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, кој инцидентот го оцени како „непромислен и неодговорен“, но истакна дека не е убеден дека се е така, а таксистот кој ги возел Сасексите посочил дека во ниту еден момент „не се почувствувал како да е во опасност“. фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA/AP]]>

Во новиот документарец Меган Маркл повторно го разврза јазикот: „Не бев фрлена кај волците, јас бев храна за волците“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-noviot-dokumentarec-megan-markl-povtorno-go-razvrza-jazikot-ne-bev-frlena-kaj-volcite-jas-bev-hrana-za-volcite-video/ Tue, 13 Dec 2022 09:48:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279747

Објавени се два нови трејлери за вториот дел од документарната серија „Хари и Меган“, но со важна разлика. Во видеото објавено на Твитер и на Јутјуб каналот на Нетфликс, се слуша како Хари вели: „Беа среќни да лажат за да го заштитат брат ми“, што може да доведе до заклучок дека овие обвинувања се однесуваат на Палатата. Меѓутоа, во друго видео од страницата, јасно се укажува дека британските медиуми се тие кои лажеле за безбедноста на Вилијам и кои не сакале да ја кажат вистината за да ги заштитат Меган и Хари, пишува Дејли Мејл. -Се прашувам што ќе се случеше со нас ако не заминевме тогаш, вели Хари додека Меган додава, „Нашето обезбедување беше повлечено. Сите во светот знаеја каде сме. „Реков, морав да си одам одовде“, вели британскиот принц. На екранот се прикажуваат и слики на човек со заматено лице, авион кој лета, слика на Хари од летот за Америка, велејќи дека тоа е лет на слободата. „Не бев фрлена кај волците, јас бев храна за волците“, забележува Меган. Хари истакнува дека тој и неговата сопруга биле изложени на институционализирана манипулација. Технолошкиот гуру Кристофер Буси, кој претходно изјави дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам изгледаат премногу старо, се појавува и во новиот трејлер каде истакнува дека тие се „регрутирани луѓе за ширење дезинформации“. Вториот дел од серијата ќе се прикажува за три дена. фото:Јутјуб/ принтскрин]]>

Една причина може да стави точка на односот помеѓу таткото и синот: Кралот Чарлс подготвен е да им прости сè на Хари и Меган, но ако… (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/edna-prichina-moze-da-stavi-tochka-na-odnosot-pomegju-tatkoto-i-sinot-kralot-charls-podgotven-e-da-im-prosti-se-na-hari-i-megan-no-ako-video/ Wed, 07 Dec 2022 11:30:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279079

Документарната серија на „Netflix“ чии главни актери се Меган Маркл и принцот Хари, не престанува да ја тресе британската јавност, а познато е дека Хари со брат му Вилијам и кралот Чарлс поради изјавите во документарецот, како и во серијата е во лоши односи. Серијата започнува да се емитува на осми декември, додека пак пред самиот почеток се појавија шпекулации. Како што пренесуваат странските медиуми, кралот Чарлс Трети се надева дека тензиите ќе се смират, а односите ќе се поправат: „Кралот Чарлс кој што го сака својот син и како и секој родител е фрустриран и загрижен што неговите синови имаат толку комплициран однос“, пишува „Daily Express“. Наводно, Чарлс не сака да го прекине односот со својот син и верува дека постои начин Меган и тој да се смират со кралското семејство и конечно да стават точка на скандалите. „Кралското семејство се плаши од овој документарец, но се надева дека кога Хари и Меган ќе го кажат своето, ќе можат да подвлечат црта и да продолжат понатаму. Ова е многу вознемирувачко време. Секако се надеваме дека сè ќе се реши, зошто којзнае каде би нè однело сето тоа“, изјавил познавачот на настаните на дворецот и автор Филм Дампиер. Споменатиот автор истакнал дека не е изненаден со наводната одлука на Чарлс да премине преку сè што направил неговиот син и да се смират. „Сигурен сум дека е во ред што Чарлс ќе направи сè за да ја одржи врската со Хари, но постои граница. Кралот Чарлс на Хари би му простил речиси сè – освен доколку ја уништи репутацијата на Камила. Доколку интервјуто на Хари за разводот на неговите родители биде премногу критично кон Камила или пак премногу обвинувачко кон Чарлс, доколку истовремено во таа приказна биле прикажана неговата мајка како светица, тоа ќе биде точка без враќање назад“, истакнал тој. Кои контрамерки во тој момент постојат? Каков избор имаат освен да кажат: „Во ред, тука ја преминавте границата и нема враќање назад. Време е да тргнете по својот пат, но не како војвода и војвотка од Сасекс“. Вториот трејлер којшто е објавен ја прикажува загриженоста на Меган во борбата против папарацо фотографите, односно дека таа би можела да стане новата Дајана и трагично да заврши. фото:Јутјуб принтскрин]]>

Каков шамар: Испливаа детали за непријатната средба меѓу Хари и Меган со кралицата Елизабета https://arhiva.vistina.com.mk/kakov-shamar-isplivaa-detali-za-neprijatnata-sredba-megju-hari-i-megan-so-kralicata-elizabeta/ Fri, 17 Jun 2022 10:34:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254941

Принцот Хари и Меган Маркл се во комплицирани односи со кралицата, иако цел свет зборуваше за помирување во британскиот двор, кога се појавија и на прославата на платинестиот јубилеј на вледеењетона кралицата. Како што пишуваат светските медиуми, кога дошле да го прослават јубилејот, Хари и Меган добиле само 15 минути официјална средба со кралицата. Од Бакингемската палата не сакаа да коментираат дали и што разговарала со внукот, а Меган и Хари молчат за нивното доаѓање во Британија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Кралицата очигледно се уште е лута поради скандалот што го предизвика интервјуто со Опра Винфри, а сега се шпекулира и за мемоарите кои Хари посветено ги пишува, а кои според кралскиот биограф и новинар Данкан Ланком би можеле да доведат до конечна разделба во семејството. - Ако нешто протече во јавноста од викендот, убеден сум дека целосно ќе се откажат од нив и нема да има враќање. Тие дојдоа во Велика Британија да го прослават јубилејот и повторно се претставија како членови на кралското семејство. И самите се свесни дека тоа е добро за нивниот бренд, но и дека би било одлично за Spotify, Netflix или Penguin, со кои имаат потпишано договори – изјави Данкан за „Closer“.
Поради комплицираниот однос со кралицата, кој моментално го имаат Меган и Хари, и средбата на кралицата со нејзината правнука Лилибет Дајана беше многу официјална: - Тоа беше брзо завршена работа. Сè беше прилично официјално - изјави извор за The Sun.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Misan Harriman (@misanharriman)

Кралицата исто така го забрани присуството на фотографи кои ќе ја придружуваат првата средба со Лилибет, а поради тоа добредојде Хари и Меган побрзаа да се вратат во нивниот дом во Лос Анџелес. фото:Guliver/Getty Images/Instagram]]>

Опра Винфри откри детали од интервјуто со Меган и Хари: Еве што најмногу ја изненадило во разговорот со нив https://arhiva.vistina.com.mk/opra-vinfri-otkri-detali-od-intervjuto-so-megan-i-hari-eve-shto-najmnogu-ja-iznenadilo-vo-razgovorot-so-niv/ Tue, 27 Apr 2021 10:13:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200653

Водителката Опра Винфри зборуваше за интервју со Меган Маркл и принцот Хари кое крена многу прашина и откри дека некои од нивните одговори ја шокирале. Имено, за време на промоцијата на нејзината книга, таа се осврна и на разговорите со Хари и Меган. Таа истакна дека не очекува интервјуто да има таков ефект и откри дека подготвувала многу за интервјуто. - За мене беше многу важно да му го покажам сето тоа на светот за да можат сите да видат, но за работите да не протекуваат и да не бидат толкувани погрешно пред вистинското интервју - изјави Опра за списанието „Пипл“. Разговорот траеше повеќе од три часа, а Опра строго забрануваше на снимачката екипа да ги открие деталите од интервјуто пред преносот. - Значи, игравме делови на CBS и го сторивме тоа на начин што ништо не може да се користи и погрешно да се протолкува. Вложен е многу труд и енергија во тој дел од сè - додаде таа. Водителката тврди дека било за неа, но и за војводата и војвотката од Сасекс, да ја споделат вистината со јавноста. - Тие сакаа можност да ја раскажат својата приказна и да бидат што е можно поискрени во тоа - вели Опра, но таа не го криеше фактот дека некои од одговорите многу ја изненадија: - Тоа беше моќно интервју бидејќи тие беа отворени, ранливи и искрени. Интервјуто се покажа толку добро затоа што тие реагираа на сè на тој начин. Најмногу ме изненадија изјавите за расизам и кога парот рече дека нивниот син Арчи не ја добил титулата. - Рекоа дека нема да ја добијат титулата. Тој нема да добие осигурување што ќе го заштити, туку дека се загрижени за тоа колку ќе му биде темна кожата кога ќе се роди - се присетува Опра.]]>

Ова е одговорот на Бекингамската палата по заминувањето на Хари и Меган… https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-odgovorot-na-bekingamskata-palata-po-zaminuvanjeto-na-hari-i-megan/ Mon, 13 Jan 2020 08:46:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128531

Кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс и принцот Вилијам побарале да се најде решение за ситуацијата која настана после објавувањето на Меган и Хари дека се повлекуваат од „високите“ кралски должности. Кралското семејство наводно е повредено поради оваа одлука. Извори од палатата за BBC рекле дека принцот Хари и Меган Маркл не се консултирале со никого пред да го објават соопштението. Во тоа соопштение, објавено во средата, Хари и Меган наведоа дека се повлекуваат од „високите“ кралски должности и дека ќе станат финансиски независни. Планираат и понатаму времето да го поминуваат на релација Велика Британија - Северна Америка, но дека ќе продолжат да ја почитуваат должноста кон кралицата. Дописник на BBC за кралското семејство, Николас Вичел, рекол дека кралицата е во контакт со принцот од Велс (Чарлс) и војводата од Кембриџ (Вилијам). Тие сите побарале помош од соработниците за да се изнајде решение за ова прашање. Кратко потоа е потврдено дека Меган отишла во Канада. BBC наведува дека Бекингамската палата не знаела ништо за ова соопштение. Имало разговори за нивната иднина, но тие биле во рана фаза. „Ја разбираме нивната желба за поинаков пристап, но ова се комплицирани прашања за чие решение е потребно време“, соопштила Бекингамската палата. И покрај одлуката, Хари останува 6-ти во линијата за наследство на британскиот престол.]]>

Таткото на Меган Маркл е разочаран од својата ќерка https://arhiva.vistina.com.mk/tatkoto-na-megan-markl-e-razocharan-od-svojata-kjerka/ Fri, 10 Jan 2020 08:45:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128210

По одлуката принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да се повлечат од кралството и да живеат на релација Англија-Америка, меѓу првите се огласи таткото на Меган, Томас Маркл. На Томас баш не му се допаднала оваа вест. „Едноставно сум разочаран“, рекол Томас, кој не се видел ниту зборувал со ќерка си откако во мај, 2018-та година се вечаше со принцот Хари. Томас не сакал ништо повеќе да коментира поврзано со одлуката на Хари и Меган. Да потсетиме, веста за повлекувањето, војводата и војвотката од Сасекс ја објавија на социјалните мрежи. „После неколкумесечното размислување и интерни расправи, одлучивме оваа година да направиме промена и да се обидеме да создадеме нова прогресивна улога во оваа институција. Сакаме да се повлечеме како постари членови на кралското семејство и да работиме на тоа да бидеме финансиски независни додека континуирано и во целост го поддржуваме Нејзиното Кралско Височество.Планираме да го балансираме нашето време помеѓу Обединетото Кралство и Северна Америка, и ќе продолжиме да ја почитуваме нашата должност кон Кралицата и заедницата. Овој геогравски баланс ќе нѝ овозможи да го одгледаме нашиот син во кралската традиција во која што се роди, а истовремено ќе му овозможиме движење во нашиот нов добротворен ентитет. Дотогаш прифатете ја нашата најдлабока благодарност за вашата постојана поддршка“, објавија тие.]]>

Хари и Меган заминаа за Африка заедно со синот: Бебето облечено исто како татка си пред 34 години (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/hari-i-megan-zaminaa-za-afrika-zaedno-so-sinot-bebeto-oblecheno-isto-kako-tatka-si-pred-34-godini-foto/ Tue, 24 Sep 2019 09:24:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108624

Принцот Хари и Меган Маркл заминаа на службена турнеја по јужна Африка, а со себе го понесоа и четиримесечниот син Арчи Харисон, што беше прилично неочекуван потег. Објавено е дека малиот кралски наследник ќе остане во резиденцијата со дадилка, додека Меган и Хари ќе бидат зафатени со обврски. Меган се појави во бели фармерки и маичка врз која имаше сив капут, додека на нозете носеше балетанки во неутрална нијанса. Во рацето го држеше Арчи, а иако бебето на фотографијата се гледа малку, јасно е дека носи тегет дуксерче и капче со топче на врвот. На социјалните мрежи веднаш се појавија коментари со споредба на Арчи со принцот Хари на негова возраст, каде е слично облечен додека го држи мајка му, принцезата Дајана. Ова не е прв случај членовите на кралското семејство да носат слична гардероба како во минатото, само помодерна.]]>

Развод на повидок: Бракот на Меган Маркл и принцот Хари западна во голема криза!? https://arhiva.vistina.com.mk/razvod-na-povidok-brakot-na-megan-markl-i-princot-hari-zapadna-vo-golema-kriza/ Tue, 03 Sep 2019 09:30:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104861

Меган Маркл и принцот Хари изгледаат среќни во бракот, но многумина се сомневаат во нивниот идиличен брак. Дури и обичните бракови се во криза, а камоли бракови на членови на кралското семејство кои имаат многу погледи. Иако неодамна добија дете и скоро секогаш се насмевни, нивните обожаватели, како и странските медиуми, сметаат дека бракот им паднал во криза, а некои дури споменуваат и за развод. Оваа двојка се запозна на „слепо“ во 2016 година, а за помалку од две години веќе беа свршени. Кралското семејство и јавноста генерално се согласија дека двојката непромислено влезе во брак. Причините што ги дадоа медиумите беа дека тие биле лудо вљубени, а од друга страна, многумина сметаат дека се под притисок поради возраста и дека тоа е всушност причината. Секако нивната одлука предизвика голема драма во семејството.
Главната причина за кризата во бракот е фактот дека поради раниот брак Меган не успеа да се навикне на својата нова титула и многу кралски правила, за разлика од Кејт Мидлтон, пишува „Cheatsheet“ и додава дека Меган сега создава огромна притисок. Напнатоста во бракот се должи и на честите расправии меѓу браќата, кои пред да се појави Меган, имаа многу хармоничен однос. Она што ги натера фановите најмногу да веруваат во разводот на кралската двојка е тоа што принцот Хари неодамна го запостави во јавноста фактот дека неговата сопруга се обидува да му каже нешто.]]>

Меган и Хари се од „големото добро утро“, а нивните нови соседи не баш ги поднесуваат наметнатите правила! https://arhiva.vistina.com.mk/megan-i-hari-se-od-golemoto-dobro-utro-a-nivnite-novi-sosedi-ne-bash-gi-podnesuvaat-nametnatite-pravila/ Mon, 29 Jul 2019 07:40:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99594

Новата актуелна кралска двојка, принцот Хари и неговата сопруга, екс-актерката Меган Маркл од неодамна живеат во Фроџмор Котиџ, а со тоа на соседите им наметнаа правила на кои треба да се придржуваат. Токму ваквите принципи на однесување, ги налутија оние кои живеат во нивна близина. Имено, соседите не треба да разговараат со нив, да ги допираат нивните кучиња или да се понудат да го почуваат малиот Арчи. -Извор за британските медиуми тврди дека правилата биле обелоденети од вработен во куќата на кралското семејство. Меѓутоа, од палатата тврдат дека не дале инструкции за однесувањето на локалното население, пишува „Дејли Мејл“.
Сепак, се чини дека локалното население уште е незадоволно. -Никогаш не сме слушнале такво нешто, секој што живее на имотот и работи за кралското семејство, знае како да се однесува со почит. Ова е нешто што никогаш не ѝ го кажавме на кралицата, таа е многу среќна кога луѓето доаѓаат да се поздрават, вели еден од соседите. -Звучи како постојаните тврдења за приватност на Хари и Меган што е чудно, бидејќи тоа е само пристојно однесување – пријатен разговор со вашиот сосед, што е многу честа појава во Британија, велејќи “добро утро”, изјави Ингрид Сјуард, коментатор на кралското семејство, додавајќи дека кралицата секогаш зборува со соседите и дури и пие чај со нив на нејзиниот имот.]]>