медицинка сестра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Mar 2020 13:17:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png медицинка сестра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Погледнете ги вашите очи“ – медицинска сестра открива досега непознат симптом на коронавирусот https://arhiva.vistina.com.mk/poglednete-gi-vashite-ochi-medicinska-sestra-otkriva-dosega-nepoznat-simptom-na-koronavirusot/ Thu, 26 Mar 2020 15:00:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141729

Домот за стари лица во Вашингтон стана новото жариште на коронавирусот... Медицинската сестра Челси Ернест, заедно со тимот на доктори секојдневно била во првата линија во борбата против коронавирусот, а единствената задача ѝ била да им помогне на луѓето кои што биле сместени во старечкиот дом во Вашингтон. Таа во разговор за Си-ен-ен открила дека освен кашлање, температура и често забрзано дишење, сите луѓе кои што биле заразени од коронавирусот и биле во лоша здравствена состојба имале црвени очи. „Тоа го забележав кај сите пациенти. Имаат црвени очи, како да ги мачи некаква алергија. Белката од окото не е црвена туку повеќе изгледа како да имаат црвена сенка околу очите“ – објаснила Челси. Американската офтамолошка академија испратила предупредување до своите членови дека постојат извештаи дека Ковид-19 може да предизвика и конјуктивитис поради што се појавува црвенило околу очите, пренесуваат од Си-ен-ен. Исто така тие соопштиле дека луѓето треба да ги заштитат своите усти, носот и очите... Конјуктивитисот не е на листата на симптоми кои што ги објави Центарот за контрола и превенција на болести. Како главни симптоми, како што знаеме се наведуваат зголемена телесна температура, константна и сува кашлица и недостаток на кислород во телото, но очигледно дека листата не е целосна. Челси вели дека покрај наведените сигнали кои што ги имале пациентите, за неа и за нејзините колеги во старечкиот дом и според признанијата на докторите од болниците, црвените очи претставуваат знак дека личноста е заразена од коронавирусот. „Имавме пациенти кои имаа црвени очи и тоа беше единствениот симптом кој што го забележавме. Сместени беа во болница, а потоа набрзо починаа“ – изјавила таа. извор:точка.ком.мк]]>