меди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 14 Jul 2021 12:53:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png меди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Жена од султана“ има ново момче: Тијана Милентијевиќ е во врска во познат бугарски пејач (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zena-od-sultana-ima-novo-momche-tijana-milentijevikj-e-vo-vrska-vo-poznat-bugarski-pejach-foto/ Wed, 14 Jul 2021 12:46:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211130

Пејачката, која до неодамна ја поврзуваа со младиот Војаж, веќе еден месец е во врска со популарен пејач од една соседна земја, чиј Инстаграм е преплавен со пораки од неговите обожавателки и следбенички, но тој сепак ја крие врската.   Тијана Милентијевиќ од неодамна е во врска со популарниот пејач од Бугарија, Меди, чие целосно име е Мехмед Огњанов Гогов.   „Тијана не сака да ја открие својата љубов во медиумите, иако полуде по него. По долго време, таа е среќна. Не и е проблем да оди кај него во Софија секоја недела. Или да комуницираат преку видео повик“ - изјавил неименуван извор близок до Тијана и открил како пејачите се сретнале.   „Пред два месеци тие се сретнаа на еден настап во Бугарија и погледите веднаш им заискријаа. Разменија контакти и продолжија интензивно да се допишуваат. Прво разговараа за соработка, а потоа се префрлија на поинтимни теми. Меди ја праша дали има момче, а потоа тој го направи првиот конкретен чекор поканувајќи ја да дојде кај него за викенд во Софија. Тијана отпрвин не сакаше, но на крајот реши да замине и токму тогаш ја започнаа врската“. Истиот извор открива дека Меди е голема sвезда во Бугарија но неговиот менаџерски тим смета дека популарноста на пејачот ќе се намали доколку се открие дека има девојка. Затоа тие се согласија да ја сокријат врската од медиумите. Сепак, на семејството и пријателите им беше кажано сè. „Семејството на Тијана го запозна Меди, но преку видео повик бидејќи тој сè уште не бил во Србија. Пејачот планира да дојде наскоро и да биде гостин кај нејзините родители“ - вели изворот. Фото: Инстаграм принтскрин/tijana__milentijevic_/mediigo
]]>