медени колачиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Nov 2022 11:49:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png медени колачиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Старински рецепт за медењаци: Колачиња кои мирисаат на детство и се топат во уста https://arhiva.vistina.com.mk/starinski-recept-za-medenjaci-kolachinja-koi-mirisaat-na-detstvo-i-se-topat-vo-usta/ Fri, 25 Nov 2022 13:15:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277469

Предноста на овие медењаци е тоа што можат да стојат долго време без да ја менуваат текстурата или вкусот. Колачите со арома на мед и цимет не само што ни го подобруваат расположението, туку можат и да не загреат во студените есенски и зимски денови. Затоа овој период од годината е почеток на сезоната за правење медењаци, старомодни колачи со кои пораснале генерации. Предноста на рецептот што ви го пренесуваме е тоа што овие колачиња може да стојат долго, а нивната текстура и вкус ќе останат исти како кога сте ги печеле. Состојки: – 2 јајца – 2 лажици мед – 50 гр путер – 400 гр брашно – 150 гр шеќер во прав – лажичка сода бикарбона – лажичка мелен цимет и анасон во размер 1:1 (или готов зачин за медењаци) – изрендана кора од половина лимон Подготовка: Измешајте ги шеќерот во прав, брашното, сода бикарбоната и зачините, просејте сè низ сито и оставете го на страна. Во тенџере ставете ги путерот и медот, мешајте на тивок оган додека не се растопат и соединат, па оставете ги на страна да се изладат. Додадете јајца, па соединете сè со брашното, шеќерот во прав, сода бикарбоната и зачините. Лимонот убаво измијте го, а потоа изрендајте ја кората од половина цитрус и додадете ја во тестото. Месете додека тестото целосно не се изедначи, потоа завиткајте во проѕирна фолија и оставете го да отстои на ладно место најмалку 48 часа (може и подолго). Кога ќе одлучите да ги печете медењаците извадете го тестото од фрижидер, расукајте го со сукало, па со чаша или калап извадете форми и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Се пече на 180 степени додека не порумени. Имајте на ум дека колачињата се готови многу брзо, па и дека ако останат само една минута подолго во загреана рерна, може да се препечат и да не бидат вкусни. Почекајте да се изладат, па префрлете ги во лимена кутија со капак. Уживајте! извор:курир.мк]]>