медена земја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 16 Sep 2023 09:05:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png медена земја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елегантна дама со деколтиран фустан од црна тантела: Медената хероина Атиџе со нова храбра трансформација (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elegantna-dama-so-dekoltiran-fustan-od-tsrna-tantela-medenata-heroina-atidhe-so-nova-hrabra-transformatsija-foto/ Sat, 16 Sep 2023 07:07:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317064

Велат дека секое чудо три дена трае, а тоа и не е така далеку од вистината ако се земе фактот дека околу документарецот „Медена земја“ на Оскарите, особено главната хероина Атиџе, се зборуваше многу, за денес очекувано помпата речиси и да ја нема. Атиџе за која достоинството и доброто срце се животна водилка, иако по улогата во документарецот доживеа мега промена на се’ околу себе, денес таа остана иста, но веќе адаптирана на нов и поинков живот, средина, опкружување. Пред се, за среќа околу неа секогаш има добри луѓе на кои може да се потпре, а една од нив е водителката, музичар и писателка Сузана Турунџиева. Водителките намерно, па и случајно се се' почесто до Атиџе. Па така вчеравечер медената хероина беше дел на првот овчеполски гроздобер во Лозово, каде беше рамо до рамо со водителката Ирена Спировска која пак беше ангажирана за настанот. Атиџе и Ирена позираа за на социјалните мрежи, а од приложеното може да се види дека Атиџе е доста сменета физички и е вистинска дама во елегантно издание од црн деколтиран фустан со ракави од тантела. Едноставна и ненаметлива, но сепак толку впечатлива што ретко да остане незабележена, особено не за фотографија со луѓето кои сакаат да се сликаат со неа за спомен. За потсетување, Атиџе ја запознавме преку впечатливата улога од документарецот „Медена земја“ кој беше во трка за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм на на Оскари во 2020 година. ФОТО:ПРИНТСКРИН ЈУТЈУБ/МЕДЕНА ЗЕМЈА]]>

„Медена“ куќа: Реновиран домот на Атиџе – еве како изгледа сега (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/medena-kukja-renovirana-kukjata-na-atidze-eve-kako-izgleda-sega-foto/ Mon, 01 Mar 2021 09:07:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191708

Атиџе Муратова која публиката ја запозна преку „Медена земја“ односно нејзината животна приказна, деновиве  во своето во село Дорфулија имаше убав повод за славење. Имено, нејзината куќа во која ќе живее е потполно реновирана благодарение на инацијативата на Мариа Дуда. Мариа кога ја запознала Атиџе, изразила желба со нејзиниот сопруг Маурисио да го реновираат покривот на куќата. Тие започнале да собираат финансиски средства за да го уредат покривот, но, меѓувреме покривот бил среден, а тие финансии ги насочиле кон уредување на внатрешниот и надворешниот дел од куќата, при што хероината од „Медена земја“ доби нова куќа. Сузана која последната година е добра пријателка со Атиџе објави низа фотографии од реновираната куќа на Атиџе, како и прославата пред новата куќа на македонската хероина.   „ Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дудаи нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел - да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна! Ви благодариме“, напиша  Турунџиева. Атиџе доби и торта со илустрации од „Медена земја“. Хероината од „Медена земја“ е пресреќна поради реноивањето и наскоро ќе може да ужива и да се радува на убавите моменти во својот нов дом. Во видеото подолу погледнете како претходно изгледаше домот на Атиџе. ]]>

Нема да ја познаете: Со ваква впечатлива трансформација, Атиџе не беше ниту на Оскарите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nema-da-ja-poznaete-so-vakva-vpechatliva-transformacija-atidze-ne-beshe-nitu-na-oskarite-foto/ Mon, 30 Nov 2020 08:46:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178554

Велат дека секое чудо три дена трае, а тоа и не е така далеку од вистината ако се земе фактот дека околу документарецот „Медена земја“ на Оскарите, особено главната хероина Атиџе, се зборуваше многу, за деновиве повторно да прочитаме за старо –новата судбина на Атиџе Муратова. За Атиџе се пишуваше доста, се снимаа интервјуа, а со возбуда се очекуваше и нејзиниот изглед на црвениот килим во Долби театарот во Лос Анџелес. Денес пак, повторно има интервјуа со неа, но не така често и не како што ја замислувавме – вработена и вдомена во новата куќа. Неодамна на ТВ Алфа се емитуваше интервју во кое Атиџе зборуваше дека повторно живее во старата куќа, бидејќи со социјаланта помош од 4 илјади денари не може да ја одржува за струја, вода и се што е потребно. Понекогаш нема ниту храна, а и здраствено не се чувствува добро по повредите откако ја нападна куче. Сепак, таа самата вели дека никогаш не би побарала помош бидејќи се срами. На своја иницијатива, телевизијата објави трансакциона сметка од банка каде може да се донира за Атиџе, а и тие помогнаа во истото. Пејачкта, водителка и писателка Сузана Турунџиева, периодов е голема поддршка на Атиџе во секоја смисла. Сузе на својот профил објави фотографија од Атиџе на која едвај ја познавме медената хероина. Нашминкана, дотерана, со фризура, каква што не беше ниту на Оскарите. Но, акцентот во објавата на Турунџиева беше сосема поинаков. -Оваа жена е бесценета за нашата земја... Најголемото богатство кое таа го поседува е нејзиното ДОСТОИНСТВО и доброто срце...Колку што сум тажна и лута што некои медиуми и поединци со нивните непромислени потези деновиве се обидоа да и го скршат достоинството и да ја прикажат во светло кое таа не го заслужува, толку сум благодарна што во приватни пораки добив еден куп пораки од добри и хумани луѓе кои се подготвени да и помогнат, за да и покажеме дека не е сама, и дека колку сме - толку сме, но секогаш ќе бидеме тука за неа... Ви благодарам на сите, пишува Турунџивеа. Атиџе е доказ дека чудата навистина се случуваат, а да се надеваме дека животот за неа нема да остане онаков каков што го гледавме од документарецот и ни течеа солзи.]]>

„Медена земја” го отвори Фестивалот на документарен филм во Словенија https://arhiva.vistina.com.mk/medena-zemja-go-otvori-festivalot-na-dokumentaren-film-vo-slovenija/ Thu, 11 Jun 2020 11:05:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153338

Со проекцијата на македонскиот документарец „Медена земја” беше отворен Фестивалот на документарен филм во Словенија. Манифестацијата кој има 22-годишна традиција требаше да се одржа уште во март, но поради епидемијата на коронавирусот беше одложен за јуни. Телевизија Словенија објави и прилог за Фестивалот, ставајќи посебен акцент на „Медена земја”, опишувајќи го како документарец кој секој треба да го гледа. Во продолжение се зборува за сите награди кои ги доби филмот, вклучително и наградата за најдобар документарен филм на Санденс фестивалот. извор:сител.мк]]>

Судбината се повторува: Атиџе од „Медена земја“ никако да куртули од лоши луѓе околу неа https://arhiva.vistina.com.mk/sudbinata-se-povtoruva-atidze-od-medena-zemja-nikako-da-kurtuli-od-loshi-lugje-okolu-nea/ Tue, 26 May 2020 07:24:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151261

Хероината од „Медена земја“, македонскиот документарен филм кој беше номиниран за „Осакар“, повторно се соочува со истите проблеми како од нејзиното секојдневние кое беше документирано со камера и прикажано пред целиот свет. Во интервју за порталот „ММС“, Атиџе вели дека не се плаши од ситуацијата со коронавирусот, туку се плаши од лошите луѓе кои неодамна и ги украле пчелите. „Бев кратко во Дорфулија, го менувам кровот на куќата, но повеќе сум во Бекирлија. И кога се вратив имам што да видам, 20 нови трмки, кои требаше да се населат со пчели беа скршени, а две трмки постари полни со пчели ми украле. А годинава не знам како ќе биде, малку повеќе дува ветер, а кога дува не се ројат. Мене ме нервира лошото во луѓето, да живее некој за да му наштети на другиот. Ете тоа не можам да го разберам“, вели Атиџе. Иако нејзиното мото е „пола за мене, пола за тебе“, тешко во денешно време кој живее по таква девиза. На коронавирусот пак, Артиџе не му се плаши, живее здраво, во природа, без големо опкружување од луѓе и јаде здрава храна, но важно и е и менталното здравје, па не гледа телевизија. -Страв да гледам телевизија. Се тоа па тоа. Надеж имам дека ќе помине како и другите вируси. Ама ете во Свети Николе и светиниколско нема. Убаво се живее. Па во Бекирлија нема кој да ме зарази иако доаѓаат луѓе. Семејството ми се добри, ме викаат на гости ама јас ретко одам, еднаш годишно. Ако идам поретко повеќе ќе ме сакаат. Хахаха. Иако не можам да се пожалам, ме сакаат, раскажува Атиџе со надеж во секоја мисла и збор за подобро утре. Целото интервју можете да го прочитате тука]]>

Атиџе блесна на Оскарите благодарение на оваа Македонка која пак таму се дружеше со Антонио Бандерас (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/atidze-blesna-na-oskarite-blagodarenie-na-ovaa-makedonka-koja-pak-tamu-se-druzeshe-so-antonio-banderas-foto/ Fri, 21 Feb 2020 09:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135302

Велат дека секое чудо три дена трае ама кога е во прашање она што го оствари тимот на документарецот „Медена земја“ на Оскарите, особено главната хероина Атиџе, се зборуваше, а сигурно ќе се зборува уште долго. Оскарот не заврши во нивните раце, сигурно ќе бевме сите посреќни да беше така, но и во овој случај ние имаме победници на кои сме горди. За Атиџе се пишуваше многу, се снимаа доста интервјуа, а со возбуда се очекуваше и нејзиниот изглед на црвениот килим во Долби театарот во Лос Анџелес. Како вистинска ѕвезда, Атиџе пред големото случување имаше свој стилист која ја подготви нејзината фризура за појавувањето на црвениот килим, а не случајно за тоа беа избрани две сестри Македонки кои живеат во Америка. Станува збор за сестрите Љупка и Мила Арсовски кои во нивниот салон се погрижија за Атиџе. Дружбата со неа сигурно нема да ја заборават тие, а ниту таа, но секако и вечерта на Оскарите и забавите поврзани со големиот филмски настан каде беа собрани многу од светски познатите актери. Љупка на профилот на Инсатграм од својот салон, објави неколку фотографии заедно со сестра си и Атиџе, неколку од атмосферата, но и таква со славниот Антонио Бандерас. По ваквата објава се редеа коментарите, особено оние дека Љупка и Бандерас изгледааат блескаво. Инаку, Љупка Арсовска пред да замине во Америка работеше како модна дизајнерка, а се претставуваше и на скопската модна недела, нејзината сестра пак, работи како стилист за коса, а со истата професија продолжи и таму во сопствен салон.]]>

Тимот на „Медена земја“: Не добивме Оскар, но сосема сме свесни за големината на овој филм https://arhiva.vistina.com.mk/timot-na-medena-zemja-ne-dobivme-oskar-no-sosema-sme-svesni-za-goleminata-na-ovoj-film/ Mon, 10 Feb 2020 12:27:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133486

И покрај тоа што „Медена земја“ не доби Оскар, сосема сме свесни за големината на овој филм, за значењето на пораката што ја пренесува, за силата на бескрајните приказни што се кријат во оваа земја и за многуте наши талентирани уметници кои знаат како тие приказни да ѝ ги покажат на публиката. Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата, објави екипата од „Медена земја“ на фејсбук-страницата на филмот по завршувањето на доделувањето на Оскарите. Велат дека не можело да се предвиди дека нашиот филм ќе влезе во историјата на Македонија и во историјата на номинациите за „Оскар“. „Медена земја“ истовремено беше номиниран во две категории, за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм, затоа што, пишува тимот „универзалноста на приказната и јазикот на филмот ја даваат неговата компетентност и сила да се натпреварува со останатите номинирани“. – Кога го промовиравме филмот на фестивалот „Санданс“, пред повеќе од една година, не се ни надевавме дека ќе стигнеме толку далеку. Им се заблагодаруваме на сите што веруваа во нашиот мал филм и нè поддржуваа, а особено му се заблагодаруваме на дистрибутерот „Неон“ за вербата во моќта на кинематографијата и во смелото раскажување приказни. На крај, би сакале да ѝ се заблагодариме на нашата водечка ѕвезда, Атиџе Муртова што ни дозволи да влеземе во нејзиниот прекрасен свет. Филозофијата на Атиџе ‒ земи половина, остави половина ‒ е едноставна, но длабока. Тоа е порака во којашто може да се пронајде секоја публика. Горди сме што сме гласниците на таа порака, напишаа авторите на „Медена земја“. Во објавата на Фејсбук ја додават и пораката што од Лос Анџелес ја упатува главната протагонистка на документарецот, Атиџе Муртова: ‒ Мојот живот по снимањето на филмот драстично се промени. Сега имам нова куќа, и сѐ станува подобро и подобро. Сакам публиката да извлече само една порака од филмот: како што јас споделувам со своите пчели, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други, вели Атиџе. Во категоријата документарен филм Оскарот го доби „Американска фабрика“, а за најдобар интернационален филм беше прогласен јужнокорејскиот „Паразит“ кој освои вкупно четири златни статуетки. извор: Курир.мк]]>

„Медена земја“ се враќа без Оскарите, статуетките кај „Американска фабрика“ и „Паразит“ https://arhiva.vistina.com.mk/medena-zemja-se-vrakja-bez-oskarite-statuetkite-kaj-amerikanska-fabrika-i-parazit/ Mon, 10 Feb 2020 08:45:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133365

Тимот на „Медена земја“ од Лос Анџелес се враќа без Оскари, но со огромно искуство. Американската филмска академија му додели Оксар на „Американска фабрика“ за најдобар документарен филм во 2019 година. „Американска фабрика“ е прв филм на продуцентската компанија на Барак и Мишел Обама – „Higher Ground Productions“, продуциран за мрежата „Нетфликс“. Документарец е за кинеска компанија за производство на автостакла (Fuyao) која работи во згаснатата фабрика на „Џенерал моторс“ во Морејн, Охајо. Режисерите го снимале од февруари 2015 до крајот на 2017 година во истата фабрика што беше тема на нивниот документарен филм од 2009 година „Последниот камион: Затворање на фабриката ЏМ“. Ги прикажува работниците по преземањето на фабриката од кинескиот инвеститор – Кинези и Американци кои преку соработката ги уриваат културолошките бариери. За најдобар документарен филм во 2019 имаше 159 кандидати од цел свет, а по две селекции Академијата ги соопшти петте најдобри што вечерва беа во трка за Оскарот. Во втората категорија во која беше номиниран нашиот филм „Медена земја“ – Најдобар интернационален филм, Оскарот го доби јужнокорејскиот „Паразит“, победникот од Канскиот фестивал, кој вечерва имаше шест номинации. Оваа одлука во улога на презентер од сцената во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ја соопшти актерката Пенелопе Круз. Наградата ја прими режисерот Бонг Џун-Хо. Хитот „Паразит“ е црна комедија за класните разлики во јужнокорејското општество. Раскажува за сиромашно семејство кое со измами и интриги се вовлекува во домот на богати сограѓани во Сеул. „Паразит“ е меѓу филмовите со најголема заработка во националната кинематографија. Номинирани во категоријата интернационален филм вечерва беа и шпанскиот „Болка и слава“ на Педро Алмодовар, полскиот „Корпус Кристи“ на Јан Комаса и францускиот „Клетници“ на Лаџ Ли. И покрај ваквиот исход од гласањето за Оскарите, оваа ноќ во Холивуд е врв на успехот на „Медена земја“ чиј блескав пат беше навестен уште на неговата светска премиера минатиот јануари, со триумфот меѓу документарните филмови на американскиот фестивал „Санденс“. Филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев доби 30-ина награди на фестивали. Ја освои публиката и филмската критика со креативноста на екипата која направи совршен 85-минутен филм и со пораката на Атиџе Муратова – медот да се подели со пчелите, во чија едноставност има моќна опомена за опстанокот на планетата. извор: Курир.мк]]>

Актерот Вендел Пирс воодушевен од Атиџе од „Медена земја“: „Таа го заслужува вниманието што го добива“ https://arhiva.vistina.com.mk/akterot-vendel-pirs-voodusheven-od-atidze-od-medena-zemja-taa-go-zasluzuva-vnimanieto-shto-go-dobiva/ Sun, 09 Feb 2020 10:06:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133293

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ноќеска ќе бидат соопштени добитниците на Оскар за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот. „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм. Петчлената авторска екипа  – режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и протагонистката  во филмот – пчеларката Атиџе Муратова ќе бидат меѓу холивудската елита на свеченоста на 92-рото доделување на најпознатата филмска награда. Aтиџе веќе го воодушеви Холивуд. Хероината од „Медена земја“ имаше прилика да се сретне со Сара Џесика Паркер која била многу возбудена од средбата со Атиџе. Меѓутоа, и познатиот актер Вендел Пирс е воодушевен од  хероината на „Медена земја“. Тој на својот „Твитер“ профил напиша: „Атиџе Муратова е ѕвезда на Медена земја“. Само што ја запознав на предоскаровската забава. Таа и тоа како го заслужува вниманието што го добива. Ослободување. Во овој момент од нејзиниот живот таа е слободна. Господ да ја благослови. Награда за грижата што ѝ ја дала на мајка си“.     Дали „Медена земја“ ќе добие Оскар останува да видиме.]]>

Македонија вечерва во трка за Оскар: Целата наша поддршка во рацете на „Медена земја“, филмот на кој сме сите горди https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-vecherva-vo-trka-za-oskar-celata-nasha-poddrshka-vo-racete-na-medena-zemja-filmot-na-koj-sme-site-gordi/ Sun, 09 Feb 2020 08:58:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133280

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ноќеска ќе бидат соопштени добитниците на Оскар за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот. „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм. Петчлената авторска екипа – режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и протагонистката во филмот – пчеларката Атиџе Муратова ќе бидат меѓу холивудската елита на свеченоста на 92-рото доделување на најпознатата филмска награда. По 25 години нашата земја повторно има филм во трка за Оскар, првпат се случува да имаме две номинации, а првпат и во историјата на Американската академија документарен филм е номиниран во две категории. За најдобар документарец конкуренти на нашиот филм му се британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот „Пештерата“, бразилскиот „На работ на демократијата“ и американскиот „Американска фабрика“. Во категоријата интернационален (странски/неанглиски) филм, покрај „Медена земја“ во трка за Оскар се и јужнокорејскиот „Паразит“, „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“. По објавата на номинациите пред четири недели, тимот на „Медена земја“ (Honeyland) им се заблагодари на членовите на Американската академија за тоа што филмот го нарекле материјал заслужен за Оскар. -Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот, преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето. Ова не е само успех со историски размери, туку потврдува дека документарниот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување и стои рамо до рамо со фикционалната нарација. Филмот повикува на скромност, а кога ја гледаме љубовта во очите на гледачите, силно веруваме дека пораката е препозната, објави тимот на „Медена земја“ по соопштувањето на двете номинации на 13 јануари. Во меѓувреме снимателите Самир Љума и Фејми Даут ја добија наградата за најдобра кинематографија од Американското здружение на кинематографери, која првпат е доделена за категорија документарен филм. Во Лос Анџелес на 25 јануари наградата им ја врачи режисерот на филмот „Џокер“, Тод Филипс, кој рече дека ова е златно време за документарните филмови. Во пресрет на 92-то доделување на наградите Оскар, авторската екипа на нашиот наградуван филм присуствуваше и на традиционалниот оскаровски ручек кој за сите номинирани секоја година го организира Американската филмска академија. На овој значаен настан беа и најпознатите личности од светот на филмот – Квентин Тарантино, Роберт де Ниро, Ал Пачино, Леонардо ди Каприо, Бред Пит …. Нашата Агенција за филм соопшти дека номинациите во две категории се големо признание за македонската кинематографија и дека „Медена земја“ „стана синоним за раскошно филмско дело, совршен филмски производ и неверојатно чувство на гордост“. -На 10 февруари со огромна возбуда очекуваме златната статуетка да биде во рацете на екипата на „Медена земја“, порача Агенцијата за филм, која за поголема промоција на филмот објави честитка во специјализирани списанија – во печатеното издание на „Холивуд репортер“ (Hollywood Reporter) и во електронското издание на „Скрин интернешенал“ (Screen International). Оскаровската ноќ – меѓу најгламурозните настани на планетата што се пренесува во повеќе од 220 земји и територии во светот, по наше време ќе почне во 2 часот, а час и половина претходно ѕвездите ќе поминат на црвената патека пред театарот „Долби“. Доделувањето на наградите ќе се пренесува онлајн на oscar.go.com, телевизискиот пренос кај нас ќе го има на ТВ Телма. Директно следење на шоуто по полноќ ќе организира и Младинскиот културен центар каде што претходно, од 22.30 часот, ќе биде прикажан „Медена земја“ и ќе настапи групата „Фолтин“ кои ја направија музиката за филмот. Влезниците се бесплатни и треба да се подигнат на билетарницата на МКЦ. извор: Курир.мк]]>