мечка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Nov 2023 11:10:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мечка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Жанко – З’Ш се покажа голем маж: Водителот со храбар став – „Мечка страв, мене не страв“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zhanko-z-sh-se-pokazha-golem-mazh-voditelot-so-hrabar-stav-mechka-strav-mene-ne-strav-video/ Tue, 14 Nov 2023 10:37:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326796

Познатиот охридски радио и ТВ водител Жанко З'ш Голабоски меѓу останатото важи и пасиониран љубител на природата. Нема годишно доба кое може да го запре или спречи, Жанко да не замине некаде... Најчесто по ледините и планините на Македонија, каде ужива во сета природна убавина на родната таковина, иако знае да му ја летне и надвор од неа , до соседството од каршија, нешто малку појужно, па и малку подалеку. Кога е на асфалт или барем на земјена подлога на која може да се вртат педалите, велосипедот му е секако најверниот пријател. Кога за јавање точак нема услови, нозете добро извежбани од вртењето педали, Жанко максимално ги користи без да ги жали. Есента е секако иделно време за прошетка низ планина, па охридскиот водител тргна да ужива во есенската идила. Сувото есенско лисје крцка под нозете, а по некое паднато стебло добро му доаѓа кога уморните нозе треба да се одморат. И таман го извади фотоапаратот за да направи уште по некоја идилична фотографија среде пожолтената природа, кога на жанко нешто почна да му шушка. Задскриен зад стеблото со очи ширум отворени водителот наеднаш се стаписа кога сфати со кого тргнал на визита в планина. Друштвото мошне симпатично, ама нималку пријатно ако иумаш блиска средба со него. Или сопоточно со неа, з'ш во прашање беше единка на кафеава мечка, која изгледа го намириса неканетиот гостин на нејзина територија, па тргна да го пронајде, за да му изрази - „срдечно добредојде“! Жанко онака задскриен  зад стеблата тргна да го овековечи моментот, ама кога мечката тргна кон него, никако не му беше сеедно. И таман баба меца се приближи, кога виде со кој треба да си има работа - налево круг и му ја скубна назад во шумата.   З'ш кај Жанко „немат - имат“ страв... Имат снемано, па оттаму и изреката: „Мечка страв - мене не страв“ се покажа како апсолутно вистинита.  З'ш Жанко се покажа голем маж, па од него и мечката избега во шумата! Е сега, дали животното беше се погодило плашливо, па се уплашило или можеби водителот му заличил на некое „шумско страшило“...? До душа после тоа, откако мечката си замина, храброста требаше да се поткрепи и со едно ж'лто ракииче... Колку за душата да остане наместо, собрана во едно парче! З'ш наскоро почнува и снимање на петтата сезона на македонското музичко ТВ фолк шоу, „ИмаТ - НемаТ“, па  пред стартот да бараат нов водител, никако не чини... Од, скраја да е,  бизарни причини! Фото и видео: Инстаграм и Фејсбук/Zanko Zsh Golaboski]]>

Тинејџерка се соочи со мечка за да си ги спаси кучињата https://arhiva.vistina.com.mk/tinejdzerka-se-soochi-so-mechka-za-da-si-gi-spasi-kuchinjata/ Fri, 04 Jun 2021 12:45:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205714

Тинејџерка која реши да се соочи со мечка и да ја турне за да си ги спаси кучињата стана хит на социјалните мрежи. Станува збор за 17-годишната Хејли Моринико од Јужна Калифорнија која работела со мајка ѝ во градината во нивниот двор во Бредбери, кога се појавила мечката со младенчиња. Дивите животни ги вознемириле домашните кучиња и тие почнале да лаат и да трчаат кон мечката, која се обидела да ги удри со шепата. „Истрчав да видам зошто лаат кучињата. Ја видов мечката како се обидува да го удри кучето. Веднаш помислив дека треба да ја турнам и некако успеав", изјави тинејџерката, која помина само со мала повреда на коленото во овој несекојдневен инцидент. извор: кајгана]]>

Мелита го распосла сексапилот во автомобилот: Може звучи нефер, ама во однос на неа, Сораја и Станија „возат во лер“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/melita-go-rasposla-seksapilot-vo-avtomobilot-moze-zvuchi-nefer-ama-vo-odnos-na-nea-soraja-i-stanija-vozat-vo-ler-foto/ Sat, 01 May 2021 07:25:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=21511

Селфито и фотографиите за некогашната македонска ТВ водителка Мелита Ракичевиќ станаа добро утро. Штом ги отворите социјалните мрежи нема да нема  нова фотографија во нова поза нели, од Мели. Една или неколку, важно е денот да и почне со документиран фото доказ од она што правела претходната вечер. Ако нема ништо атрактивно од новата фото понуда, добродојдена е и малку ретро возбуда! Потсетување на едно некогашно ноќно излегување.
Оваа фотосесија не нуди многу акција, ама затоа не и недостига провокација. Овој пат Мелита го распосла сиот сексапил во својот автомобил.
Ултра кусо мини фустанче од црна тантела со гол грб, во кое до израз и доаѓаат долгите нозе и монденски чевли на платформа со високи потпеци... Ја гледаш и срцето ти застанува во петици!
И покрај сите приказни за неа, вистини и невистини, и покрај секој нејзин трач, нема машко што не би сакало да и биде совозач!
Конечно, колку и да звучи нефер, ама во однос на неа, српските старлети „возат во лер“!
Кој не верува нека направи споредба на фотографиите на Мелита со оние на Сораја и Станија и веднаш ќе му стане јасно дека не е само до автомобилот...
Многу поважно е кој ја вози... Не „мачката“, туку „Мечката“!
 ]]>

Тест: Изберете мачка и откријте што тоа кажува за вас https://arhiva.vistina.com.mk/test-izberete-machka-i-otkrijte-shto-toa-kazuva-za-vas/ Tue, 18 Feb 2020 14:00:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134832

Овој забавен тест особено ќе ги израдува љубителите на мачки. Се верува дека мачките поседуваат голема моќ и истите може да откријат многу за нивниот сопственик. Изберете ја мачката која најмногу ви се допаѓа, а значењето на вашиот одговор може да го пронајдете веднаш под фотографијата.

Одговори:

Мачка бр. 1

Вие сте љубезна личност со големо и добро срце. Одлично се согласувате со речиси сите луѓе, благодарение на вашата способност брзо да се прилагодите на нова средина. Светот ве сака и ве го сакате светот!

Мачка бр. 2

Вие сте неверојатно итра личност. Родени сте да бидете лидер, а поради вашата љубопитна природа и огромен талент, луѓето едноставно ве обожаваат. Потребно е само повеќе да бидете храбри и да не се плашите да сонувате. Мачка бр. 3 Вие сте горда личност, која низ животот чекори исполнета со надеж и верба. Не правите многу грешки и околината понекогаш ве смета за генијалец, поради вашата извонредна интелектуалност.

Мачка бр. 4

Во душа сте вистинско дете. Имате луди и малку палави идеи, не прифаќате негативен одговор, се лутите кога не е по ваше и обожавате да правите лудории, но луѓето веќе се навикнати на вашата забавна енергија, на која едноставно никој не може да одолее. извор: Нане]]>