мече – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Oct 2023 20:41:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мече – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Откако Стефан Лазаров се поднови со „Мече“ на четири тркала, хејтерите веднаш го „исплукаа“: Јутјуберот погоден од коментарите, жестоко им возврати на ударите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-stefan-lazarov-se-podnovi-so-meche-na-chetiri-trkala-hejterite-vednash-go-isplukaa-jutjuberot-pogoden-od-komentarite-zhestoko-im-vozvrati-na-udarite-foto/ Wed, 11 Oct 2023 07:30:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320903

Стефан Лазаров иако не работи во ниту еден официјален медиум со текот на времето стана медиумски мегапопуларен лик на Интернет со својите подкасти, кои публиката на Јутјуб едвај чека со задоволство да ги проследи. Патем, социјалните мрежи јутјуберот обилно ги користи, па секојднениот престој на нив му е како престој во „втор дом“, од што јавноста може да дознае се што професионално и приватно на Лазаов му се случува.  Токму на својот Инстаграм, Стефан деновиве сподели дека се подновил со  „ тегет металик Мече“... Скап автомобил кој му бил отсекогаш сон да го има, а сега сонот успеал да си го оствари. Првото сочување со неа во салонот за автомобили, чинот на потпишување на документите и моментот на преземањето на колата заедно со неговата тазе сопруга Марта, Лазаров природно ги овековечил со видео кое подоцна го споделил на социјалните мрежи.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

Другиот ден дури и направил видео за својот Јутјуб канал, на кое ги собрал пријателите за да им ги слушне и сними мислењата и реакциите за новиот љубимец на 4 тркала... А и да им даде да свртат по едно кругче... Ама внимателно, под негова контрола и надзор! Арно ама, очигледно менталитетот во земјата во која живееме па и пошироко на Балканот, изгледа е таков, што овде можат се' да ти простат освен успех!? Зашто туѓиот најмногу ги иритира и нервира, па устите на хејтерите им се полни со злоба, завист, љубомора... Веднаш го „исплукаа“, а јутјуберот погоден од коментарите, реши жестоко да им го возврати ударот на својот Фејсбук:
„Читам денес на Твитер како мерцедесот ми бил подарен, купен на лизинг, даден од спонзор, сум се еб*л у г*, устата ми знаела и сум бил сељак.
Јас ќе ви посакам да си го живеете својот живот и да бидете среќни за туѓиот успех за да може да ви дојдат убави моменти и во вашиот. Со љубомора само тонете и гниете во вашиот гнев. Стефан се што прави од самиот почеток прави сам, со труд и макотрпна работа. Ќе ве оставам да ке*ате, само тоа и можете, а јас за своите луѓе и оние кои ме поддржуваат ќе давам се од себе секогаш!
Успех во оваа држава може да се направи и секогаш ќе се трудам да ги мотивирам оние кои веруваат во мене“ - јавно им порачал Лазаров на „неверните Томи“, плукачите и хејтерите на туѓата среќа!
Дали и колку неговата рекција ќе ги допре или „ќе ги боли уво“ па и понаму ќе продолжат да хејтаат е друга работа... Ако не друго барем по „емотивното празнење“ јутјуберот си ја смири совеста, а душичката му дојде на место, па сега Лазаров со мирно срце може да си го испие утринското кафенце!
Фото: Инстаграм/_lazarovv
Видео: Јутјуб
 ]]>

Има свое мече и ја обожува модата! Запознајте ја Џил: верверичката – трендсетерка! https://arhiva.vistina.com.mk/ima-svoe-meche-i-ja-obozuva-modata-zapoznajte-ja-dzil-ververichkata-trendseterka/ Tue, 19 Nov 2019 13:19:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119466

Запознајте ја Џил, седумгодишната верверичка која била спасена за време на ураганот Ајзак во август 2012 година. Таа има свој Инстаграм профил наречен This Girl Is A Squirrel, со над 630 илјади следбеници. На нејзиниот профил пишува дека е вегетаријанка која обожува салфетки и е експерт за паркур, но едноставно се плаши од правосмукалката. Џил има свое минијатурно мече кое сака да го гушка пред спиење. Таа е дресирана верверичка што обожува мода и позирање пред камера.

Дали сакате да ја запознаете Џил?

Во 2012 година, кога ураганот Ајзак беснеел во Америка, таа паднала од своето гнездо кое го зафатил тајфун. За среќа, ја пронашле нејзините згрижувачи и таа е сега среќна во нивното семејство.

Џил е Интернет сензација уште од 2015 година

Според сликите, можеме да забележиме дека таа е ѕвезда во семејството каде што живее. Редовно го слават нејзиниот роденден, а секој ден си добива и вкусни оброци. Понекогаш носи и слатка, мала облека!

Таа е модерна „девојка“

Освен што сака да позира, таа сака да оди и на одмор. Ужива во долгите возења и во песочните плажи. Погледнете уште неколку слатки фотографии од ова домашно милениче. извор: кафепауза]]>