ме сакаш кога ме немаш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 18 Dec 2023 11:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ме сакаш кога ме немаш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лара Иванова во нова љубовна приказна – „Ме сакаш кога ме немаш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-vo-nova-lubovna-prikazna-me-sakash-koga-me-nemash-video/ Mon, 18 Dec 2023 07:31:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331437

Лара Иванова стана машироко позната по макфестовскиот дует со младиот македонски пејач „Пајак“ и нивната песна „Bella“, која стана регионален балкански хит и достигна над 35 милиони прегледи на Јутјуб. Оттогаш наваму кариерата и е во константен подем иако останува впечатокот дека младата пејачка се' уште е недоречена и има уште потенцијал во неа за многу поголеми достигнувања. По годинешната летна песна „Нека гори“ дело на Иван Јованов - Ивајо, Лара решила да го смени и авторот на музиката и на стиховите, обидувајќи се и самата да се промовира како коавтор на новото музичко остварување,  „Ме сакаш кога ме немаш” како што гласи  новата песна на младата пејачка.   Музиката и тектот се на Лазар Цветковски и самата Лара, продукцијата и арнжманот на Лазар. Промена заради промена или обид да се чепне од богатата хитовска ризница познатиот македонски хитмејкер, но и да се промовираа  сопствениот талент за авторство, знае само самата пејачка и тимот кој стои зад неа. Времето ќе покаже дали Лара има капацитет она што како кредит го „заработи“ во дуетот со Пајак и нивната „Бела“, сега самата како соло артист да го претвори во влог за квантен скок во кариерата или обидувајќи да биде сама свој мајстор ќе го потроши и прокоцка заради лоша проценка? Темата „Ме сакаш кога ме немаш” ја промовираше на својот YouTube канал заедно со видеоспот кој го потпишува Томислав Живковиќ, видео кое помалку наликува на оние ретро македонски видеа од 90-те години, но сепак е доволно функционално за да ја следи и визуелно да ја долови  атмосферата во целата мелодија. Вообичаена љубовна приказна која многу повеќе ќе ја придобие тинејџерската публика, отколку играта на карта на сексапилот на Лара, која сепак послатко и поубедливо делува како наивна тинејџерка отколку како некаква секси риба во друштво на екипата статисти како машкиот модел Филип Додевски и девојките, Миа Ристеска, Анастасија Синадинова, Јована Лалчевска, Калина Александар и Тина Димковска. Тајмингот за промоција на песната не случајно е избран да биде пред Нова Година, што може да биде и плус и минус во сета таа новогодишна еуфорија. Во продолжение погледнете го видеото и преслушајте ја лара Иванова и нејзината најнова тема  „Ме сакаш кога ме немаш”… ]]>