ме изгуби ти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Oct 2022 08:56:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ме изгуби ти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ангел Спасов – новото име на домашната сцена дебитира со – „Ме изгуби ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/angel-spasov-novoto-ime-na-domashnata-scena-debitira-so-me-izgubi-ti-video/ Wed, 12 Oct 2022 05:46:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270935

Ангел Спасов е ново име на домашната музичка сцена. Станува збор за младо момче, средношколец кој доаѓа од Струмица. Тој не случајно е во светот на музиката, која покрај медицината му е огромна љубов, и не случајно на јавноста ѝ ја промовира својата прва песна со наслов „Ме изгуби ти“, спакувана од веќе докажаниот хит-мејкер Роберт Билбилов. Дебитантската песна на Ангел носи свеж и модерен призвук, а таков е и концептот на видеото, потпишано од Зоран Стојановски-Зонде. Во кадрите освен Ангел се појавува и Ема Стојановска, членка на модното студио Зоа модел. „Велат кога нешто силно посакуваш се остварува, во моментов го живеам мојот сон. Имам песна каква што одамна посакував и пресреќен сум што со Роберт „кликнавме“ од прва и навистина ме погоди. „Ме изгуби ти“ е песна во стилот кој и приватно сакам да го слушам и нешто што на кое, нели без разлика на сѐ, знам дека ќе бидам горд затоа што е и отпеана и направена со многу љубов и на едно професионално ниво. Едвај ги чекам реакциите на публиката, затоа што навистина верувам во песната“, вели Ангел Спасов. Билбилов, пак, кој е комплетен автор на „Ме изгуби ти“, вели дека му било предизвик да работи со Ангел, затоа што тој е типичен претставник на онаа млада генерација која точно знае што сака кога е музиката во прашање. „Особено ми е драго што доаѓаат нови генерации кои ги следат трендовите и сакаат оној актуелен, светски звук да го пеат, би рекол, на македонски. Ангел е едно од оние нови имиња на домашната сцена, кои навистина верувам дека имаат и што да понудат, но и убава иднина“, вели Роберт. Ангел има 17 години и е средношколец во средното медицинско училиште, а освен што своето образование планира да го продолжи во таа насока, сака и музиката да биде дел од неговото секојдневние, па веќе во тек се и подготовките за следниот проект. Ќе одиме, се вели, чекор по чекор, но веќе во план ми е и следна песна затоа што сакам да имам свој репертоар и песни за настапи“, вели и Ангел и додава: „Имам и енергија, и желба, и љубов за музика, сѐ сработев со огромно задоволство и ништо не ми беше тешко ни снимањето во студио, ни работата на спотот. Со Зонде снимавме 12 часа без престан, но времето буквално ми летна. Едноставно ни се поклопија енергиите и атмосферата беше неверојатна.“ Ангел верува во песната, ние во младите – бидејќи светот ним им останува. Затоа уживајте во видеото за „Ме изгуби ти“ и музиката на ова младо момче чие време допрва доаѓа (КЛИКНИ ТУКА): ]]>