мажење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Feb 2023 08:55:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мажење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Некогашната пејачка на љубовни маки: Ноне образложи зошто од толку мажи не може да најде ниту еден да се омажи?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogashnata-pejachka-na-lubovni-maki-none-obrazlozhi-zoshto-od-tolku-mazhi-ne-mozhe-da-najde-nitu-eden-da-se-omazhi-foto/ Thu, 02 Feb 2023 08:54:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286979

Некогаш нашата ултрапопуларна  пејачка  Ноне Неделковска повторно и се врати на работата со која го прошета светот. Затоа сега и ја нарекуваат најшетаната велешанка, откако последнива деценија воглавно ја мина надвор од дома, работејќи на прекуокеанските крузери. Егзотични дестинации, окенаска шир, прекрасни плажи, големи пристаништа... Навидум Ноне живее живот како од соништа! Особено кога ќе го видите она што некогаш распеаната „џепна венера“ редовно го споделува на социјалните мрежи од местата што имала можност да ги посети. Како на пример новите фотографии од  песочните плажи и кристално чистите води на Кајманските Острови, каде во моментов Ноне престојува. Но, нејзиниот живот  колку и да изгледа  идилично, описот на некоја од нејзините фотографии кажува дека на „малечката сирена“ не е и баш се4 така фантастично. Далеку од дома, ама и далеку од нејзиното срце оној за кого толку долго чува место, а тој - некој, никако да се вгнезди. Токму затоа Ноне, намерно или случајно-несакајќи,  јавно ги сподели своите љубовни маки: „Оваа мала госпоѓа сака врска, ама сака и да биде сингл. Сака да има врска која ќе заврши со брак, но завршува со мажи што се емотивно незрели. Обично е многу пребирлива, но секогаш успева да го избере погрешниот“ - напишала Ноне во пораката покрај фотографијата во која детално  образложи, зошто од толку мажи не може да најде ниту еден да се омажи?! Коментарите на оваа нејзина теза пристигнаа во голем број, воглавно позитивни, а нејзините „љубовни маки“ кај некои следбеници дури и измамија воздишки,  па поединци се понудија и ѝ порачаа да избере некој од нив. „Како да се сконцентрирам на морето, а баш е убаво“, „Избери ме мене, пак ќе згрешиш“, „Можеби вистинскиот е поблиску отколку што ти се чини“, „Те молам дај ми шанса“, „лесно ко два и два и ти би ме украла“... – стои во некои од коментарите од нејзинтие следбеници. И покрај понудите, на Ноне очигледно во изборот баш и не и е „лесно ко два и два“...  само така навидум изгледа! Фото: Инстаграм принтскрин/ nona.nedelkovska]]>

Македонската водителка во „маркетинг акција… за мажење“: Јелена Спенџарска во улога на „очајна домаќинка“ или добра прилика? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-voditelka-vo-marketing-akcija-za-mazenje-jelena-spendzarska-vo-uloga-na-ochajna-domakjinka-ili-dobra-prilika-video/ Sat, 09 Jul 2022 07:17:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252668

Одамна старите рекле: „Добриот глас надалеку се слуша“... Ама добрата реклама, па уште ако е на Инстаграм, кај илјадници и се гледа и се слуша, а Бога ми може и да усреќи некоја „осамена душа“! Инстаграмот го користат сите, тоа е барем позната ситуација.  За разни нешта, меѓудругото и за сопствена промоција. Меѓу нив секако и познатите фаци и јавните личности. Од оние естрадните, спортските, до политичките и телевизиските. Исклучок не е ТВ водителката на утринската програма на Канал 5, беровчанката со скопска адреса на живеење, Јелена Спенџарска. Овој пат таа својот профил на познатата социјална мрежа не го исползува за инфлуенсертво и реклама на одредени производи или услуги, туку за сопствена „маркетинг акција... за мажење“?! Не дека Спенџарска и досега немала прилики, с'краја да е... Висока, стројна, здрава, права, згодна, неопходна, башка и медиумски експонирана и позната, водителката можеше и до сега да застане на „лудиот камен“, само, изгледа не дошол денот... До душа, имала понуди, некои дури и јавно искажани. Како онаа на „до уши“ во неа вљубениот овчар од с. Пухче, Марјан Трајчев кој не се срамеше јавно да ја побара за жена, ама... Јелена држејќи се до „стандардите“, се' уште е мома... за мажење! А кога си кандидат за невеста, не можеш да изигруваш по дома дама, па затоа Спенџарска се досети како се прави реклама која сигурно ќе допре до многумина, исто така кандидати за женидба. Кога момчето ќе ти побара нешто да му пратиш, „за мама да те види“, ти биди итра како Јелена, па прати му реклама. Како умееш добро да пеглаш... ...А, Бога ми и переш, ако треба и на рака... ...Уште подобро да чистиш... ...Колку си вредна во кујната со крпата в рака... Па да видиш дали „мама му“ нема да те сака и посака за снашка! Или сума сумарум кажано: Водителката нема проблем да биде во улога на „очајна домаќинка“ во акција, за идната свекрва да види колку е добра прилика? Единствено проблем на Спенџарска и е... Уште да си најде момче... Со Инстаграм и мајка што ги следи социјалните мрежи!
Фото: Инстаграм принтскрин/jelenaspendzarska]]>

Мелита се сели од Македонија: „Време е за нов живот далеку од некои болни луѓе“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/melita-se-seli-od-makedonija-vreme-e-za-nov-zivot-daleku-od-nekoi-bolni-lugje-foto/ Wed, 05 May 2021 07:47:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201283

За Мелита Ракиќевиќ веќе стана редовна пракса да одговара на прашања поставени од нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Деновиве квалитетно се посвети на тоа, па од како што вели таа експлозија од прашања, откри доста за себе и своите планови кои и претстојат. Имено, Мелита откри дека брои денови од својот живот во Македонија и наскоро си заминува бидејќи не е среќна во опкружување каде владее злоба, завист,болни мажи, лажни пријателства... Меѓу другото, како што течеше разговорот прашање-одговор, Мелита откри и дека има сериозна понуда за брак и дека ќе се мажи. Јасно и беше дека на оваа Инстаграм комуникација не и се гледа крајот, а љубопитноста е се’ поголема, таа реши дека е доста со она што го кажа.   Уште колку дена и останале до големата промена, останува да видиме од нејзините активности на споменатата социјална мрежа. Инаку, Мелита има еден брак зад себе од кој има и ќерка, но очигледно се уште верува во љубов и не се откажува од вистинскиот за себе.    ]]>

Наташа Беквалац откри дали ќе се мажи по четврти пат https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-bekvalac-otkri-dali-kje-se-mazi-po-chetvrti-pat/ Wed, 17 Oct 2018 11:44:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53400

Во април оваа година, Наташа Беквалац доживеа вистинска драма кога нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ физички ја нападна. Таа го пријави за семејно насилство и одлучи да стави крај на третиот брак. Беквалац беше гостинка во емисијата „Амиџи шоу“ каде што прозбори за љубовта и дали ќе се мажи по четврти пат. На прашањето дали повторно ќе заплива во брачните води, Ната одговори. „Кога е мажењето во прашање, повеќе не сакам да робувам на формата, туку на суштината. Кога станува збор за љубов не е потребан документ. Но, јас секогаш сум меѓу патријахалното воспитување и она што ти го наметнува друштвото. Не си сериозна жена ако не си омажена. За сите мои неуспеси криво е друштвото“ изјави Беквалац. https://www.youtube.com/watch?v=pdeYuFxb6-g]]>