матка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Mar 2023 13:04:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png матка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Ќе умрам„ – Тара Симов има проблеми во бременоста, па јавно побара совет од следбениците (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ke-umram-tara-simov-ima-problemi-vo-bremenosta-pa-javno-pobara-sovet-od-sledbenitsite-foto/ Mon, 13 Mar 2023 13:04:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293109

Поранешната учесничка на „Задруга“ Тара Симов е во блажена состојба, а наскоро ќе стане мајка на девојче.Таа не ја крие среќата за бременоста, а убавата вест неодамна ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи. Недолго потоа Тара и нејзиниот партнер дознале дека носи девојче, а радоста ја прославиле со своите пријатели. Сепак, она што ги загрижи сите е најновата приказна на Тара на Инстаграм каде таа откри дека во бременоста се справувала со голем проблем. Имено, старлетата со македонско потекло има камења во бубрезите, па ја искористила приликата да ги праша своите следбеници за совет и искуства. „Камен и песок во бубрегот за време на бременост, искуства? Ќе умрам“ - напиша Тара Симов. Патем, деновиве престојуваше во Скопје, кде најпрвин беше гостинка во јутјуб подкастот на Стефан Лазаров, а потоа не пропушти да прошета до убавата Матка.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tara Simov (@tarasimov)

Фото: Инстаграм принтскрин/tarasimov]]>

Парот од „Ѕвездите на Гранд“ , Елена и Гуте уживаат во летна авантура на ова скопска дестинација (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/parot-od-dzvezdite-na-grand-elena-i-gute-uzivaat-vo-letna-avantura-na-ova-skopska-destinacija-foto/ Thu, 05 Aug 2021 08:53:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213776

Македонската пејачка Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ се добри познати на јавноста по нивното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Токму во ова шоу се роди и љубовта меѓу двајцата натпреварувачи, а потоа Елена и Гуте нивната љубов ја крунисаа со брак, а во јуни претходната година го добија и синот Максим. Двојката ужива во нивната љубов и заеднички живот, а често на социјалните мрежи споделуваат заеднички фотографии покажувајќи како го поминуваат времето, како го воспитуваат наследникот или пак си посветвуваат емотивни пораки еден на друг. Елена и Гуте иако живеат во Белград, секојпат кога имаат прилика доаѓаат и во Скопје. Со оглед на тоа што е летна сезона и почнуваат одмори, повеќето познати уживаат некаде покрај езеро, море на плажа, разголени во бикини издание и покажувајќи ги своие облини со помалку облека на себе. Елена и Гуте овие денови уживаа и се релаксираат во Скопје. Имено, Елена на својот „Инстаграм“ сподели фотографија на која заедно со сопругот уживаат во кајакарење на скопската туристисчка атракција  -  Матка. „Најдете го вашиот внатрешен мир и исцелете ја душата“, напиша пејачката покрај неколкуте фотографии. Нема сомнеж дека тие уживаат во друштво еден на друг, па колку и надвор да е топло и да „врие“. Инаку, Елена и Гуте важеа за омилената двојка од „Ѕвездите на Гранд“, а пејачката кога остана бремена го напушти музичкото шоу, па повторно се врати претходната сезона и испадне пред финалето. Дали повторно ќе ја видиме на сцената на „Гранд“ останува да видиме.]]>

Гога живее во склад и хармонија со природата, а готви како Џејми Оливер (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/goga-zivee-vo-sklad-i-harmonija-so-prirodata-a-gotvi-kako-dzejmi-oliver-video/ Mon, 13 Jul 2020 07:44:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158349

Неа ја знаат сите... И студентите и професорите и политичарите и обичниот народ... Едни како професорката, други како колешката од факултетот, од парламентот, од претседателската трка... Но, веројатно малкумина, освен оние кои и лично ја познаваат, знаат дека проф. Гордана Сиљановаскка Давкова е сестрана жена. Освен науката и политиката, пошироката јавност  почна полека да ги открива и нејзините останати квалитети, спосиобности, можности... Од оние духовните, физичките, забавните, домаќинските... Имено, кандидатот за пратеник и носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, покрај тоа што ја запознаа како Гога - Јога, заради нејзиното практикување на вештината за хармонијата на телото и духот, неодамна јавноста откри дека Гога е апсолутно во тек со времето, современите технолигии, социјалните мрежи, новите апликации... Па така сите дознаа дека професорката Сиљановска -Давкова е првиот македонски политичар што има „Тик  Ток“ апликација, која не ја користи само за танцување, како повеќето други припаднички на понежниот пол, туку и за малку посуштинска „гимнастика на умот“.   Едукативно-промотивни активности како што е промоцијата на програмата Проект – Обнова на ВМРО-ДПМНЕ, со која настапуваат на претстојните парламентарни избори, младите и нивниот живот, воспитувањето, образованието, проблемите, потребите, нивните сфери на интерес… А кога сме веќе кај танцувањето, на Гога не и треба Тик -Ток за другите да ги фрли во сенка и остави во шок. Впрочем сите видоа дека професорката е „ѕвезда на танцот“. Твист, рок ен рол, диско... елеганција во секој чекор, совршен сенс за ритам и ритмички движења со звуците на музиката, професорката поденакво добро го владее танувањето како и правото и политиката. Но, она што уште не сте го знаеле за неа е нејзиниот начин на живот во склад и хармонија со природата. Дека е тоа така, откри покажувајќи ја својата мала, како што самата ја нарекува, „Бабина градина“, среде урбана средина, во градот, на својата тераса. Таа како вегетаријанец, речиси целокупните свои потреби за зеленчук ги задоволува одгледувајќи го во вид на органска храна во својата мала урбана зелена градина. Домати-јабучари, тиквички, целер, морков, босилек... И уште десетина други лековити билки или зачини. Не случајно таа вели дека Македонија ја замислува како земја на здрава и органска храна, во која туризмот и културата ќе бидат на едно место, зашто ако се грижиме за природата, ќе се грижиме и за сопственото здравје. Но, дека сето ова не се само празни зборова за рекламна кампања, како што тоа го прават нејзините политички опоненти, , популарната „Гога - Јога“ покажа во пракса, кога во живо демонстрираше како изгледа нејзиниот живот во склад со даровите од природата, па од чистите органски продукти, таа ги зготви еден од нејзините специјалитети: Вегетаријанска мусака од тиквички и сирење. За локација ја избра одново прекрасната природа на кањонот Матка во околината на Скопје, па вредната професорка покажа дека не е само врвен танчер, туку и готви како Џејми Оливер. Впрочем и светски познатиот готвач има своја мала органска градина, па токму со продуктите од својата, Гога го подгови својот ручек на зелаената падина. „Македонската трпеза е многу богата со мириси и вкусови, а како нема да е кога нашата плодна почва изобилува со највкусниот зеленчук. Можеби и затоа сум вегетаријанка“ - напиша Силјановска - Давкова па го откри рецептот за својот вкусен вегетаријански специјалитет. „Секоја чест... професорка,  политичар, жена, мајка, домаќинка и вистинска Македонка“ - беа само некои од стотиците коментари кои ги доби под објавеното видео на социјалните мрежи. ]]>

Росана и Маријана, одново заедно: Признавам, не можам без тебе… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/rosana-i-marijana-odnovo-zaedno-priznavam-ne-mozam-bez-tebe-foto/ Mon, 22 Jul 2019 08:59:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98621

Сестрите - близначки Маријана и Росана во 80-тите години беа едни од најпопуларните македонски пејачки. По заминувањето на Маријана во Австралија каде и денес живее, Росана продолжи соло, но овој пат во фолк водите каде исто толку беше успешна во 90-ите, за потоа преку ноќ да ја снема и буквално „да исчезне“ од естрадата.
Неодамна се слушнаа гласини за нејзино враќање, кои ги потврди и самата Росана, дека снима нова песна во студиото кај Александар Митевски, која е одново забавна, како што самата ќе каже, шлагер од кој „боли глава“!
Се крчка нешто нешто ново, боли глава од убавина. Прекрасен шлагер и врвен професионалец, Александра Митевски. Со песната ќе одиме на…Малку нека ве копка“-  вели Росана, која не сака да отрива каде ќе насатпат со новата песна и кога конечно ќе се појави во етерот.
И додека нам ни останува да „не копка“ додека не слушнеме за што се работи, Росана деновиве доживеа радост голема, иста онаква каква што секогаш доживува кога ќе се спои со своето второ јас! Нејзината сестра - близначка Марјана е на гости во Македонија.
Средбата на двете близначки емотивна, исполнета со среќа и љубов, каква што не може да се опише. Туѓината пуста да остане, ама затоа пак радоста е голема како Австралија кога одново ќе се сретнеме. Вака отприлика би можело да се опише новото видување, новата средба на двете сестри, кои животната судбина ги раздели да живеат илјадници километри далеку една од друга, во две разделени тела споени во една душа.
Летните горештини во Скопје се неподносливи, па затоа сестрите решија викендот да го минат во природа, во околината на главниот град, разгледувајќи ги и уживајќи во убавините на Матка.
Прошетка со кајче по езерото, одмор покрај Треска, разгледување на пештерата „Врело“, и размена на мноштво муабети, евоцирање спомени и дузина заеднички фотографии!
Од сето тоа можеби ќе се изроди и нова, овојпат заедничка песна, како оној, легендарниот макфестовски евергрин!
Зашто каде и да е едната, една без друга се како половина душа...
А, цело е само кога двете близначки се заедно. Впрочем оддамна самите испејаа: „Признавам, не можам без тебе...!“  ]]>

Во сабота на Матка: Бесплатни автобуси, планинарски чај и традиционално гравче https://arhiva.vistina.com.mk/vo-sabota-na-matka-besplatni-avtobusi-planinarski-chaj-i-tradicionalno-gravche/ Fri, 04 May 2018 09:08:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24624

Уште само неколку денови до првото издание на Големата Едукативно – хуманитарно планинарска акција Матка 2018! Оваа сабота 05 Мај сите патишта водат до скопската и македонска убавица Матка! Во организација на планинарските клубови на Федерацијата на Планинарски спортови на Република Македонија, а со поддршка на Град Скопје, во сабота, Матка ќе биде местото за сите вистински љубители на природата, планинините, спортот, рекреацијата и конечно на најубавиот кањон во Европа... Сите вие кои сакате да пешачите по убавините на Матка можете да се одлучите за една од двете планинарско – рекреативни тури:
  • Група 1: Село Шишево – Манастир Св. Никола – Кајакарски мост – Планинарски дом Матка
  • Група 2: Манастир Св. Богородица – Црква св. Спас – Планианрски дом Матка...
и на двете тури ќе ве придружуваат искусни планинари и членови на ПД Кораб – Скопје, ПСД Макпетрол – Скопје, ПК Шкупи – Скопје, ПД Козјак Куманово и ПК Шари од Гостивар кој на учесниците  ќе им ги доловат двете исклучително атрактивни планинарски патеки, основите на планинарењето, ќе слушнете кои се предизвиците на планина, што мора да се знае пред да се планинари, ќе се споделуваат исксутва, ќе дознаете повеќе за флората и фауната, како и за тоа како може да се опстане во планина подолго време и во различни временски услови.. Двете тури почнуваат во 08.00 часот на местото на тргнување на секоја една од турите, но за учесниците Градот Скопје и ЈСП Скопје обезбедија и бесплатен превоз до стартот на планинарските тури. Бесплатните автобуси тргнуваат од 07.00  до 07.25 од Транспортен центар, со попатно застанување на станиците: Пазарче Буњаковец, ТЦ Лептокарија и Бензиска станица Макпетрол Ѓорче Петров. Сите бесплатни автобуси ќе бидат означени ЗА ПЛАНИНАРИ МАТКА 2018. Атобусите се враќаат во 17.00 часот а ќе ве чекаат на големиот паркинг на Матка...
Оние пак кои нема да планинарат ќе можат да дојдат на целодневна забава пред Планинарскиот дом Матка. Ве повикуваме сите, особено најмладите да бидат дел од овој голем хепенинг. Пред Планинарскиот дом Матка ќе има поставено Штандови на Планинарски клубови и Федерација на планинарски спортови, на кои ќе бидат делени и продавани мапи, компаси, книги за планинарење, планинарска опрема, проспекти за безбедност во планина, алатки... Средствата од продажбата ќе оди исклучиво во хуманитарни цели. За секој посетител е обезбедено бесплатно планинарско чајче и вода, а ќе се дели и ручек за планинари и посетители – традиционално планинарско гравче. Ќе бидат поставени и кутии за донации, а членовите на ФПСМ и на клубовите, кои ќе земат учество, ќе донираат, храна, пари, обувки, облека, ќебиња исто така во хуманитарни цели. За нашите најмали и најмили планинарчиња ќе бидат тука и децата од Златно славејче, ќе може да дознаат како се врзува јазол, како да се заштитиме од дожд или снег во природата, како најлесно да ја исушиме облеката, како да поставиме шатор во природа... за најуспешните дечиња од работилниците ќе следуваат и подароци од искусните планинари. За малку повозрасните ќе има и ДЏ – сетови, стенд ап шоу и мнооогу изненадувања. Ве чекаме на првото издание на Едукативно – хуманитарно планинарската акцијаМатка 2018! Во сабота 05 Мај од 10.00 часот пред Планинарскиот дом Матка!]]>

Првите симптоми на рак на грлото на матката – секоја жена може да ја открие болеста навреме! https://arhiva.vistina.com.mk/prvite-simptomi-na-rak-na-grloto-na-matkata-sekoja-zena-moze-da-ja-otkrie-bolesta-navreme/ Mon, 18 Dec 2017 08:44:14 +0000 http://vistina.mk/?p=6928

Ракот на грлото на матката воглавно не покажува симптоми во раниот стадиум, па затоа многу е важно редовно да одите на гинеколошки прегледи. Иако нема јасни симптоми, телото испраќа поединечни сигнали дека во него се развива опасен тумор. Меѓутоа, за жал, жените најчесто ги занемаруваат овие симптоми и ги сметаат за безопасни. Токму таквиот став може да ги чини здравје! Симптомите што укажуваат на рак на грлото на матката се вагинално крварење по завршениот менструален циклус, болки во стомакот, неспособност да се воздржите од мокрење и крв во урината. Симптоми на оваа болест се и болки во коските, болки во долниот дел на грбот, отекување на нозете, губење апетит, нагло слабеење, чувство на поспаност и нервоза, промени на текот на мокрењето, како и промени во столицата. Најефикасната превенција од рак на грлото на матката се редовните гинеколошки преглед. Во повеќето случаи, ако се открие навреме, ракот ќе може и да се излечи! Не си играјте со вашиот живот и водете грижа за вашето здравје!]]>