матично – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Jun 2023 08:40:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png матично – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мартин „Некст Тајм“ се женеше: Ечеше во Кичево, младоженецот качен на тапан, а брат му лепи бакшиш (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/martin-nekst-tajm-se-zheneshe-echeshe-vo-kichevo-mladozhenetsot-kachen-na-tapan-a-brat-mu-lepi-bakshish-foto/ Tue, 13 Jun 2023 08:40:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306013

После ергенската забава во Париз, очекувано следеше и големиот свадбен ден за гитаристиот на „Некст тајм“, Мартин Филиповски кој „рипна во тевче“. Мартин и Андра и официјално се во брак, откако си се ветија еден на друг пред Бога во манастирот „Св. Богородица – Причеста“ во Кичево, а ставија и потпис во матично. Како што налага традицијата, зетот отиде по невестата во нејзиното родно Кичево каде ечеше свадбарска музика. Зетот качен на тапанот, а неговиот брат Стефан до него лепеше пари на музичарите. Се вртеше оро, се пееше и наздравуваше во име на љубовта на младите кои по осум години врска решија да стават прстени. По регистрацијата и црквената венчавка се случила и мала прослава во еден кичевски ресторан каде присуствувале најблискте. Како што дознава Вистина, свадбена забава се подторвува и во Скопје, а ќе се случи наредниот викенд во кругот на најблиските. За потсетување,Мартин ја побара раката на Андреа минатиот септември на неговиот роденден. Тие неколку години ја одржуваа врската на далечина поради професионалните ангажмани на ракометарката во странство. Андреа Белеска беше дел од Металург во Македонија, а во странство настапуваше за турскиот Јенимале, романската Валчеа, шведскиот Боден, грчкиот ПАОК. Честитки! фото:Фејсбук/Инстаграм принтскрин]]>

Невеста како кукла, сензуална и елегантна: Татјана Стојановска стави параф и се вети на вечна љубов со долгогодишниот партнер Михаил (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nevesta-kako-kukla-senzualna-i-elegantna-tatjana-stojanovska-stavi-paraf-i-se-veti-na-vechna-lubov-so-dolgogodishniot-partner-mihail-foto/ Mon, 12 Jun 2023 06:39:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305770

Татјана Стојановска, добро познатиот телевизиски лик, изминатиот викенд имаше голем ден за свавење, возбуда, теперење од убаво – венчавката со нејзиниот избраник Михаил Киотаноски. Регистрацијата и прославата во кругот на најблиските роднини и пријатели се случи во тениското на хотелот Александар Палас, а моментите од големиот дел Татјана ги сподели со Вистина.ком.мк. За забавата да биде според посакуваното на младите и за меракот на гостите, се погрижиле групата „Соната“ и Кате. Ако Тајнана секојдневно изгледа беспрекорно пред камерите, за својата венчавка едноставно блескаше како никогаш досега. Довербата за шминка и фризура му ја довери на долгогодишниот соработник Дадар кој ја стилизираше да изгледа како кукла. Тесна венчаница во сирена крој со нагласено деколте, а дијадемата дополнително ја нагласи нејзината убавина во спој во едноставно собраната коса. За потсетување, Тања и бизнис консултантот Михаил живееја заедно во неформален брак околу осусм години, а по точно десет откако ја запроси решиле на истиот ден, 10-ти јуни да ја направат свадбата. Во едно интервју своевремено за својот сакан таа кажа дека ја освоил со својот интелект и шарм. -Па со интелектот и шармот. Станува збор за човек кој навистина ги поседува овие две карактеристики и со вниманието и почитувањето, семејните вредности и почитувањето на жената, кажа Тања за „Бекстејџ“. Тие се запознале на одмор во Турција во 2012 година каде биле на одмор со децата, а нивната пријателство прераснало во љубовна врска која по една деценија заедно заврши и со формален брак. Татјана од првиот брак со пејачот Благоја Грујовски го има 25 годишниот син Матеј. фото:Приватна архива]]>

Дарко Лазиќ се оженил во тајност, а самиот се издаде кога ја нарече Катарина сопруга: Еве ги и првите фотографии од венчавката (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-lazik-se-ozhenil-vo-tajnost-a-samiot-se-izdade-koga-ja-nareche-katarina-sopruga-eve-gi-i-prvite-fotografii-od-venchavkata-foto/ Thu, 06 Apr 2023 10:25:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296923

Фолкерот Дарко Лазиќ и го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Катарина. Лазиќ моментално е во болница поради постоперативни компликазии од отстранување на вишокот кожа, па во таа прилика кажа дека Катарина му е сопруга. Оттука, веќе беше јасно дека се венчале во тајност, па таа не додржа и објави фотографии од нивната венчавка во матично која се случила пред операцијата. Дарко Лазиќ и Катарина биле облечени во црно и во кругот на оние најпотребните во случајов – сведоците. Популарниот пар се сликаше со кумовите, а неговата избраничка среќните моменти ги сподели со своите фанови на Тик Ток. Инаку, со денови се шпекулира за односот меѓу мајката на Дарко и снаата на Катарина. Дарко пред неколку дена отишол на операција за отстранување на вишокот кожа, но состојбата му се искомплицирала и дошло до крварење од се уште свежата рана. Бранка за тоа наводно ја обвинила снаата и му рекла на синот дека ќе го убие, но сега Дарко се огласил и рекол дека тие двете всушност имаат одлична врска, а шпекулациите во медиумите не се точни. Инаку, ова е втор брак за Дарко Лазиќ, претходно беше во брак со Ана Севиќ, додека Марина Гагиќ му остана само како свршеница која му роди син. фото:Инстаграм/Тик Ток/принтскрин]]>

Сани и третиот сопруг ставија параф во матично, а таму еве што му порача пејачката: „Извини ама… сам си ја потпиша судбината“ (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/sani-i-tretiot-soprug-stavija-paraf-vo-matichno-a-tamu-eve-shto-mu-poracha-pejachkata-izvini-ama-sam-si-ja-potpisha-sudbinata-foto/ Thu, 02 Feb 2023 09:34:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286978

За фолкерката Сања Сани и нејзиниот нов избраник Никола Урдаревиќ , Новата година започна на возбудлив начин, па уште од  почетокот на годината ќе имаат  убави спомени од 2023 - та  година. Имено, Сани  по трет пат кажа „ДА“ , а презимето Гроздановска, на социјалните мрежи го смени точно на први, иако го задржа доста подолго од планираното, т.е го задржа  и откако се раздели од вториот сопруг. Но, згодната кумановска не чекаше многу и набрзина влезе во третата врска, па можеби тоа беше причината за одложување и неменување на второто презиме со нејзиното родено... За да не мора „секоја недела“ да менува презиме! Како и да е, сето тоа е минато, а откако сега одново заплови во брачните води, таа и официјално седна пред матичарот да го стави нејзиниот потпис и во матично со србинот Никола, кој живее и работи во Швајцарија, како генерален менаџер на еден термохотел со спа центар на убавите швајцарски алпи. Пејачката деновиве, стави потпис и официјално стана госпоѓа Урдаревиќ. А како доказ за тоа таа и нејзиниот избраник споделија фотографии на кратките Инстаграм приказни од самиот чин на потпишување. Најпрво тие го покажаа симболот на вечната љубов и ставија златни прстени на фотографијата која заеднички ја објавија на нивните профили. А потоа Сани со сериозен лик му порача на новиот сопругот дека сега веќе никој не е одговорен и виновен за одлуката која ја донел и со која сам си ја потпиша судбината... Очигледно е дека  Никола сфати колку е часот па го потврди напишаното, а уште и додаде ... и тоа „окезен“. Но, секако на тоа додаде и неколку емотикони смајлиња. И двајцата насмеани сега и  официјално запловија во брачните води, па да се надеваме дека насмевката вечно ќе им трае...! Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сани Урдаревиќ  ]]>

Стави потпис во матично: Стефан Величковски се ожени со македонската ТВ водителка https://arhiva.vistina.com.mk/stavi-potpis-vo-matichno-stefan-velichkovski-se-ozeni-so-makedonskata-tv-voditelka/ Thu, 27 Jan 2022 07:38:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236417

Стефан Величковски публиката го паметиме по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, од кое се откажа поради полна агенда со настапи. Тој е активен на социјалните мрежи, па редовно знае да сподели некоја фотографија, да сними некој кавер. Меѓутоа, кога станува збор за неговиот приватен односно љубовен живот, Стефан во октомри претходната година во Истанбул ја запроси својата девојка, уредник и водител на емисијата „Квадрат“. Ана Николовска. Неколку месеци по свршувачката, Стефан стави потпис во матично и официјално заплови во брачните води. Тој на својот „Фесјбук“ го смени во љубовниот статус, па напиша дека стапил во брак со Ана. Ана објави и фотографија од матично додека стави потпис,а Стефан стои до својата веќе сопруга. Честитки и среќен брак. фото: фејсбук/стефан величковски/ана николовска]]>

По 18 години водење љубов, Катерина и Трајче од групата „Соната“, се венчаа: Пејачката е во осмиот месец на бременоста па затоа, прво принова, па после свадба! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-18-godini-vodenje-ljubov-katerina-i-trajche-od-grupata-sonata-se-venchaa-pejachkata-e-vo-osmiot-mesec-na-bremenosta-pa-zatoa-prvo-prinova-pa-posle-svadba-foto/ Sat, 25 May 2019 09:57:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89544

Тие важат за еден од најтивките, најдискретните, најмистериозните љубовни двојки на естрадата, иако заедно се уште „од деца“. Пејачката и клавијатуристот на велешката фолк група „Соната“, Катерина Брезева и Трајче Бондиков верувале или не цели 18 години водеа љубов и беа во врска, за конечно деновиве да го кажат судбоносното „ДА“, венчајќи се пред матичар.
Распеаната невеста стана сопруга, а за нешто повеќе од еден месец и мајка, зашто Катерина влегува во брак со Трајче во осмиот месец од бременоста, која мора да се признае, умешно ја криеше од јавноста.
Овој пат убавата вест редно и убаво беше да се сподели со јавноста, па новопечените сопружници тоа го сторија преку социјалните мрежи, каде ја обзанија својата венчавка. Како што се дознава, естрадно-брачната двојка сега се подготвува за двојна веселба.
Со оглед на околностите, најпрвин ќе се чека да дојде на свет приновата во семејството, а по породувањето и изминувањето на одреден период, на ред ќе дојде и семејната свадбена веселба.
Конечно, тие цел живот им свиреа и пееја на други, па сега на ред е некој друг и да запее, засвири и заигра и на прославата на нивната семејна среќа, на која повеќе од веројатно дека нема да пропуштат и самите да и се придружат на музиката. Или што би рекле, да си засвират и запејат и на сопствената свадба!?
Во меѓувреме, додека ја чекаме нивната „соната во бело“,  идните  родители и семејството најпрвин ќе му се израдуваат на нивното новородено чедо, кое прво „ќе пушти глас“!  ]]>