материјал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 May 2019 12:58:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png материјал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сара Мејс и Принц имаат ново… – „Копито“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-mejs-i-princ-imaat-novo-kopito-video/ Wed, 29 May 2019 12:57:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90325

По паузата заради оставрувањето на мајчинството, Сара Костадиновска, попозната како Сара Мејс се враќа на сцената. По албумот „Floating Through Space With Sarah Mace“, пејачката се појавува како дел од новиот проект кој ќе биде насловен „Femme Fatale“, а како пилот сингл кој му претходи на материјалот е темата „Копито“. 
Сара ја продолжува соработката со Александар Ристовски Принц, кој е автор на музиката и режисер на интересното необично видео.
Темата „Копито“ и инспиративно и музички во многу што потсетува на творештвото и на овој нашиот Принц и на опусот на неговиот идол - покојната светска музичка легенда, а Сара Мејс совршено се вклопува како во акустичното, така и во визуелното „креативно лудило“ на авторот.
Уште на сето тоа ако се додаде дека музички ритам секцијата е засилена со Ѓоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани (обајцата од Влатко Стефановски трио), впечатокот е ем комплетен, ем музички разорен.
Шареноликото видео е снимано во аква-паркот во Скопје, во кое покрај пејачката и неколкуте статисти,  се појавува и самиот автор - Принц на гитара.
Како изгледа и звучи ова музичко „Копито“, проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=5XooDJM5ses  ]]>

Шест типови на мажи кои не се добар „материјал“ за брак https://arhiva.vistina.com.mk/shest-tipovi-na-mazi-koi-ne-se-dobar-materijal-za-brak/ Wed, 29 May 2019 12:55:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90295

Можеби звучи грубо, но некои мажи се добар „материјал“ за брак, а некои не се. Во брачна заедница се бара верност, искреност, предаденост, подготвеност за компромиси и ставање себеси на второ место. Некои фраери тие квалитети едноставно ги немаат, а еве кои шест типови на мажи не се пожелни сопрузи. 1. Маж кој ви го скршил срцето и никогаш не ви се извинил за тоа Тоа што тој се гледа со вас до крајот на животот во среќен брак, не значи дека не му е жал што некогаш ве повредил. Иако секој може да погреши, да бидеш способен да ја признаеш грешката и да бидеш со некој кој може да го направи тоа е навистина многу важно за среќен брак.
2. Неверен маж Заблуда е дека мажот кој бил во врската неверен во бракот одеднаш ќе се преобрати и ќе стане верен. Па дури и да биде така, на тој маж никогаш нема да може да му верувате во целост. А, тогаш, каков брак е тоа? 3. Егоистичен маж Во љубовта и во бракот, некогаш потребно е самите себе да се ставиме на второ место. Фраерите кои премногу се окупирани со себе и со самите себе, не се способни вашите потреби да ги стават на прво место, поради што не се добри брачни сопатници.
4. Измамник Маж кој ќе измами некого за да дојде до побрза и полесна заработка, па дури и тоа да е неговиот шеф кој тоа го заслужил, не е личност на која можете да ѝ верувате. Во случај тоа никогаш не ви го направил вам, не знаете како може вие да настрадате поради вашите дела.
5. Мрзеливост Спротивната крајност на работохоличар е мрзеливост. Иако моментално е невработен, во вашата врска може да придонесе ако на себе ги преземе домашните обврски, грижа за децата и слично. Која жена сака сопруг кој само лежи на кауч, гледа ТВ и ништо не прави? 6. Маж кој не знае да се носи со проблемите Во венчалните завети, делот „во добро и во зло“ не постои без причина. Мажот кој се исклучува и оддалечува штом се појави некој проблем, нема да биде покрај вас кога најмногу ќе ви е потребен. Не ви треба сопруг на кој нема да може да се потпрете.]]>