математика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 Apr 2023 10:55:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png математика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Адил давал часови по математика, а неговите родители поради една работа не знаеле што да прават со него https://arhiva.vistina.com.mk/adil-daval-chasovi-po-matematika-a-negovite-roditeli-poradi-edna-rabota-ne-znaele-shto-da-pravat-so-nego/ Wed, 19 Apr 2023 10:55:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298634

Иако од најраното детство бил примерно момче, популарниот пејач Адил Максутовиќ им направил многу проблеми на родителите. - Бев немирен, но никогаш невоспитан. Бев полн со енергија, поради што моите родители ме запишаа во дури два-три спорта за да се ослободат од тој вишок енергија. Веќе на четири години покажав склоност кон пеењето, но дури подоцна сфатив дека сакам да се занимавам со тоа и дека човек се раѓа со желба да биде во центарот на вниманието. Дури кога го добив своето дете сфатив дека човек се раѓа со талент - изјави своевремено Адил, кој покрај музиката се вложува и во своето образование.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Adil Maksutović (@adilmaksutovic)

Она што малкумина го знаат е дека тој успеал да го сподели своето знаење уште во средно училиште. - Давав часови по математика и така заработував џепарлак - изјави пејачот кој им ја исполни најголемата желба на родителите - да заврши факултет. фото:Instagram printskreen]]>

На Маја Маринковиќ тешко и оди математика – старлетата не можеше точно да одговори на едноставно прашање од основно училиште (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-maja-marinkovik-teshko-i-odi-matematika-starletata-ne-mozheshe-tochno-da-odgovori-na-ednostavno-prashane-od-osnovno-uchilishte-foto/ Fri, 20 Jan 2023 08:28:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284964

Маја Маринковиќ во „Задруга 6“ покажа дека не ја знае таблицата за множење. Филип Цар и постави прашање од основно училиште, но таа не можеше точно да одговори. - Колку е 8 по 8? - ја праша Цар. - 82...? - одговори таа. - Не, 81 - додаде таа потоа. - Не е - рече Филип. - Не можам сега... - рече Маја. - Еве, брои, 8, 16, 24, 32, 40, 48, 56, 64... - броеше Цар на прсти пред неа. - 64 значи? 64, тоа е тоа – рече таа со насмевка на лицето. - Така и мислеше, нели? - рече тој, додека таа цело време се смешкаше.
@vipnewsbalkan Maja Marinković i matematika- osam puta osam #majamarinkovic #filipcar #zadruga #foryoupage #fyp #foryou #balkantiktok ♬ original sound - VIP NEWS BALKAN
Фото: Принтскрин/Инстаграм/маја Маринковиќ/Задруга 6]]>

Културата на дресурата: Кучешка математика покажана во практика (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kulturata-na-dresurata-kucheshka-matematika-pokazana-vo-praktika-video/ Tue, 14 Apr 2020 10:31:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144853

„Што повеќе ги набљудувам луѓето, се' повеќе ги сакам животните“ - рекол еден познат француски државник и како стојат работите денес, излегува дека не бил далеку од вистината. Но, за волја на вистината, денес има се' повеќе луѓе кои дома чуваат домашни љубимци, а повеќето од нив кучиња. Песот е најдобриот човеков пријател, барем, така се вели, но за тоа пријателство да биде уште поголемо, поизразено, поверно и доследно, добро е ако кучето ги слуша и спроведува наредбите на својот стопан. Сите ги сакаат своите домашни милинеци, но само малкумина се решаваат својот пес да го однесат на дресура. дни од незнаење, други сметаат дека за такво нешто нема потреба, на трети им е жал да го „мачат и малтретираат“, зашто тоа ним така им личи и изгледа, а се спроведува додека песот е уште мало кученце. Во ова врема на коронапандемија, кога луѓето се затворени во своите домови, особено оние кои немаат ниту двор, а чуваат куче и тие и нивниот домашен миленик се чувствуваат како во „тесна кожа“. Затворени меѓу 4 ѕида, тешко ги спроведуваат навиките и потребите кои и ние луѓето, а особено кучињата ги имаат. Потребата од простор, воздух, трчање, кондиција, игра, извршување на физиолошките потреби, обележување на територијата... Нешто што ним им е всадено во нивниот кучешки ген, па имаат потреба да го прават секој ден. Но, дали сите кучиња се исти во навиките, без оглед на расата? Дали „обичните“ домашни пци и оние, што ја поминале дресурата имаат исто однесување, навики, потреби, покажуваат иста верност, послушност, исти вештини и многу други особини. Ќе се обидеме со неколку практични видеа да ви покажеме каква е интилигенцијата, како една од многуте особини на кучињата кои ја поминале дресурата. 1. Првото видео е доказ дека и кучињата можат да „знааат математика“. Доволно е само нејзиниот стопан да ја каже посаканата бројка и волчјакот иако не знае „ниту да чита и пишува“, знае совршено да памти. Токму затоа, дресираните кучиња спаѓаат во онаа категорија со изострена меморија. Впрочем, погледнете и самите за што се работи: https://www.youtube.com/watch?v=UwPKa9m8SnE&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3jHuVrZkh8EqTE0AN5q0BMtM4q5JTSYI2tr4m2pj59rcmXsIemBtT_Jq0 2. Но, освен тоа што имаат одлична меморија на паметење и препознавање, еве уште едно видео кое е жив доказ дека дресираните кучиња знаат и сметање. За нивната „кучешка математика“ не им треба ниту табла и креда, ниту тетратка и молив, но точната бројка знаат да ја погодат дури и во сон, зашто во главата како да имаат вграден дигитрон, па нивното математичко знаење се состои од едноставно, но прецизно лаење наместо збор, при кажувањето на точниот одговор: https://www.youtube.com/watch?v=bI3yaN8RHVM&feature=youtu.be&fbclid=IwAR1niffVInYyJpxyxkb4qMGMBpa0Px8tU6sHGtxuoe52cL9JFD8ZKV90evg 3. Но, дресираните кучиња немаат само одлично паметење и совршена меморија, туку математичката лекција може да им се темели и на визуелна перцепција. Еден и ли повеќе покажани, испружени прсти на едната рака, со исто толку кучеки лавежи како решение без мака, на поставената математичка задача. https://www.youtube.com/watch?v=pyt5cFOceyM&feature=youtu.be&fbclid=IwAR1u2OmBZX4ylgNL_jJawx8O1m9-gGtQtuAn_Fd9wfGsbnZT1atwDd8ifjg 4. А, во „веселата кучека математика“ нема само сметање, собирање и вадење, туку има броење. Па така, секое човечко броење е проследено со соодветно кучешко лаење.  За еден - еднаш, за два - двапати, за три-трипата... и така до крај. Колку броења - толку лаења. Меѓу стопанот и песот „долга љубов и чиста сметка“, а за песот... чиста „кучешка“ петка! Се разбира, сите почести и за „професорот“, во случајов - дресерот! https://www.youtube.com/watch?v=dUpSVbezOhg&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0z9DT-ER2NmUvf_lp2NE1V-PeN1Uu2kevnn2z2Ys8lQ4B7ZK414bdW5y4]]>

Како да му помогнете на вашето дете да научи математика https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-da-nauchi-matematika/ Wed, 11 Apr 2018 12:02:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=20229

За да му помогнете на детето да ја засака и научи математиката, не е неопходно да имате знаење од највисоко ниво во оваа област. Само прочитајте некои од овие совети за да добиете интересни идеи и да започнете со подучување. Што е потребно за да му помогнете на вашето дете да научи математика, да го совлада материјалот без какви било проблеми, да има добри оценки, а успат и да го засака овој предмет? Можеби мислите дека е важно Вие да сте многу добар математичар, да имате завидно ниво на знаење во аритметиката и геометријата? Или, пак, добро да ги владеете пресметковните операции?
Не. Верувале или не, не ви е потребно ништо од ова. Всушност, родителите честопати се најдобри учители на нивните деца. Подобри од различни наставници кои ги ангажираат од страна. Зошто? Тие најдобро ги познаваат своите деца, и кога треба да го научат нешто, тие му пристапуваат на таа задача со многу трпеливост, внимание и љубов. Тие одат чекор по чекор, објаснуваат сè на едноставен начин кој е лесно разбирлив. Секоја лекција се обидуваат да ја објаснат со весел пристап, сакајќи да го пронајдат системот и ритамот што му одговара на детето. Во тоа е всушност е и поентата на секое  успешно подучување.  Иако на многумина ќе им делува неверојатно, излегува дека родителите се скоро секогаш многу подобри математичари отколку што мислат дека се. Секој ден, низ глава ни поминуваат математичките операции, без разлика дали е неопходно да се пресмета колку време треба да стигнеме до дестинација или да направиме нешто, како и колку пари ни се потребни за да пазариме. Ние сме постојано во контакт со броеви и различни буџети за планирање и организирање на секојдневниот живот. Многу родители конкретно им помогнале на децата околу математиката така што на глас ги извршувале ваквите пресметки  со тоа што активно ги вклучиле во математичките операции, мислејќи, поттикнувајќи ги да пресметуваат, да планираат дневен буџет и така натаму. Тоа на децата им се допаѓа, тие чувствуваат дека се дел од нешто важно, им се доверува голема задача, а потоа се мотивирани да учат, да се запамтат, да се прилагодат.
Еве неколку интересни совети кои можете да ги искористите додека на Вашето дете му покажувате математика:
  1. Запишувањето на зборовите и изразите со кои ја објаснувате математиката на детето е многу корисна работа
Полесно е да се задржи константното ниво во учењето на вашите деца со нови работи кога веќе имате запишана информација, па може прецизно, иако и повеќе пати да се повтори. На пример, дневниот распоред во кој се наведуваат времето и активностите за тој ден, евиденција на времето и растојанието (на пример, поминати километри), рецепти, информации за потрошувачката на домаќинствата и детална временска прогноза ќе му обезбеди на вашето дете соодветна математичка средина за увојување на оваа наука од мали нозе. Се разбира, би било добро таквите информации да бидат напишани со крупни букви и да се закачат како потсетници на различни места во куќата.
  1. Ако сакате да споделите голем број на практични математички знаења со вашите деца, можете најдобро да го направите така што ќе ги научите една по една област
Да го земеме растојанието, на пример. Можете да почнете така што ќе ги измерите ходниците, влезовите, прозорците и собите во вашиот стан или куќа, а потоа често да зборувате за тоа со своите деца, наведувајќи ги прецизно дефинираните димензии. Наместо „Ајде малку да ползиме“, обидете се со „Да ползиме 30 метри - тоа е двапати околу дневната соба". Мерните единици за должина се разликуваат, од еден милиметар (главата на оџакот) до илјадници метри и сите други единици помеѓу. Ако останете без идеи за тоа како да го користите математичкиот јазик, имајте на ум дека постојат многу лесно достапни извори на инспирација.
  1. Дневни весници
Отворете ги на било која страница и фокусирајте се на броевите од рекламите, временската прогноза, статистики на страниците за спорт, вредноста на акции и обврзници, или цената на злато и сребро во економскиот дел. Во зависност од интересите на вашето дете, секоја од овие работи може да ве окупира, а додека се дружите и забавувате, вие учите математика.
  1. Телефонскиот именик може да биде корисен извор, бидејќи во првиот дел се наоѓа листата на домашните и меѓународните временски зони
Користењето на едноставните упатства, како што се централното европско време и слично, вашето дете може лесно да научи да се пресмета кога е пладне (време за ручек) во Скопје, во Лондон е еден час помалку, 11 часа.
  1. Користете ја картата на светот на која се означени временските зони
Tака можете да го научите Вашето дете, дека кога во Филаделфија, во САД, осум часот навечер е време за спиење. Во Токио, во Јапонија е десет часот следното утро, кога децата се веќе на училиште.
  1. Речниците и енциклопедиите обезбедуваат многу интересни математички факти со кои можете да се забавувате, но исто така и да научите многу работи.
На пример, гепардот трча 96 километри на час, слонот може да помине над 48 километри на час, што е половина од брзината на движењето на гепардот. Сликарот Рембрант е роден во 1606 година и живеел 63 години; Пикасо е роден 212 години подоцна. Срцето отчукува 70 пати во минута, 100.000 пати во текот на денот. Статуата на слободата е висока 46,5 метри, Ајфеловата кула во Париз е висока 300 метри. Од овој тип на информации може да се направи нова интересна приказна или математички проблем секој ден. Можете на вашето дете да му го поставите следното прашање: ако сакаме да се искачиме на Монт Еверест за пет дена, колку метри треба да поминуваме секој ден за да се стигне до врвот?
  1. Јазикот на математиката е широк и бесконечен како универзумот
Обемот на планетата Земја е 40.066 километри ... Растојанието помеѓу Земјата и Месечината е 220.000 милји или 354,055.68 километри ... На планетата Плутон и е потребно 248 години да ја помине орбитата околу Сонцето ... Светлината патува со брзина од 300.000 милји во секунда...]]>

Има ли некој одговор на оваа задача по математика за петто одделение? https://arhiva.vistina.com.mk/ima-li-nekoj-odgovor-na-ovaa-zadacha-po-matematika-za-petto-oddelenie/ Sat, 03 Feb 2018 11:25:24 +0000 http://vistina.mk/?p=11655

Ако на бродот се наоѓаат 26 овци и 10 кози, колку години има капетанот на бродот?
Математичка задача која се појави неодамна на социјалните мрежи беше поставена ученици од петто одделение во училиште во Кина, ги збуни дури најинтелигентните корисници. Ако на бродот се наоѓаат 26 овци и 10 кози, колку години има капетанот на бродот? Следуваа секакви одговори. -Бројот на животни на бродот нема никаква врска со годините на капетанот, напиша еден од корисниците на социјалните мрежи. -Не можам да го решам ова, напиша другиот корисник. -Обично лесно ми оди решавање на логички задачи, ама што е ова? Сепак една личност можеби го има решението. Корисникот пресмета дека товарот изнесува околу 7.700 кг. а дека возачот на пловни возила во Кина мора да има дозвола најмалку пет години пред да смеат да носат товар кој тежи 5.000 кг. Со оглед на тоа дека дозволата за управување со брод не може да се добие пред 23 години, возачот има најмалку 28 години, вели корисникот. Дали е тоа точниот одговор, потврда нема. Оваа задача навистина им е поставена на петооделенци, а ниту возрасните не успеаја да ја решат.
]]>