масом – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Oct 2023 12:26:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png масом – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Taste of Awards 2023“ – Mакедонски вински врв https://arhiva.vistina.com.mk/taste-of-awards-2023-makedonski-vinski-vrv/ Tue, 10 Oct 2023 12:26:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321939

На јубилејниот петти по ред настан "GrandVin - Taste of Awards 2023" беа претставени највисоко наградените македонски вина кои во 2022/23 година се закитија со  престижни награди на познатите меѓународни вински натпревари. На настанот учествуваа дванаесет винарници: Тиквеш, Камник, Бовин, Попов, Лазар, Захарчев, Попови, Парагон, Имако, Керем, Венец и Сопот, кои покрај највисоко меѓународно оценетите вина претставија и по некој вински новитет. Настанот се одржа во вечерните часови на 05 октомври 2023 во Roof Bar 55 на хотелот Double Tree by Hilton, со што организаторот, МАСОМ - Македонска асоцијација на сомелиери, заедно со учесниците и ценетите гости , преку овој настан воедно го прославија и светскиот ден на вранецот.
„Вкусот на наградите е специфичен вински настан, традиционално поддржан од Министерството за земјоделие, кој нуди квалитативен пресек на тековните достигнувања во македонското винарење, гледано низ објективот на искусните меѓународни вински судии. Воедно претставува повик и предизвик за постојано подобрување на квалитетот на македонското вино“ појаснуваат од МАСОМ.
„Количините на таквите вина се скоро секогаш мали и мошне лимитирани, што е клучна причина поради која не можевме да одговориме на големиот интерес на вљубенците на виното и да обезбедиме поголем простор за овој навистина посебен настан.“
Воедно сакаме да се заблагодариме на винариите и сите кои присуствуваа на настанот.
„Посебна благодарност упатуваме до јапонскиот Амбасадор г. Оцука Казуја, претседателот на здружението „Вина од Македонија“ г. Светозар Јаневски, кинеската делегација на претприемачи и увозници на вина, секретарот на здружението „Македонски семејни винарии“ г. Гоце Попов, членовите на „Европското винско витештво“ кои со своето присуство допринесоа во промовирање на овој настан“ додаваат од МАСОМ.

Фотогалерија

]]>

Успешно одржано првото летно винско дружење „Summer Wine 2021 Skopje“ https://arhiva.vistina.com.mk/uspeshno-odrzano-prvoto-letno-vinsko-druzenje-summer-wine-2021-skopje/ Wed, 07 Jul 2021 07:37:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209975

На 4-ти Јули 2021, со чашка полна допадливи ароми и освежителни овошни вкусови, гостите и учесниците на настанот „Летно вино“ го започнаа овогодишното винското лето. Во прекрасна атмосфера на терасата на ресторан Воденица-Мулино се претставија следните македонски винарии: Стоби, Тиквеш, Бовин, Камник, Лазар, Шато Сопот, Подрум Попови, Венец, Сковин, Попов, Пуклавец Македонија и Брзанов.  Посетителите исто така имаа можност да ги вкусат и вината на винаријата Звонко Богдан од Србија, словенечките вина од Пуклавец Фемили Вајнс, италијанските вина на увозникот Винум-МКД, како и француските вина од Шато де Гурдон на винаријата Тиквеш. Вината ја следееа и внимателно одбраната храна од спонзорите Тинекс деликатесен и Рудине во соработка со реномираниот ресторан Воденица-Мулино, додека за рехидрирање на посетителите се погрижи Горска со своите производи. Во склоп на настанот, организаторот Македонската асоцијација на Сомелиери – МАСОМ додели сертификати на 20 кандидати кои успешно го положија првото ниво од сомелиерските обуки. „Во светот на вината, нашиот вински регион го препознаваат по црвените вина, но тоа е само една страна од медалот. Повардарието, нашата винска артерија има и друга страна, мирните бели и розе вина, како и пенливите. Се надеваме дека со овој настан успеавме да ја откриеме и втората страна на медалот кој се повеќе почнува да блеска.“ - изјавија од МАСОМ. Дел од атмосферата на настанот: http://www.masom.net/gallery-summer-wine.html]]>

Летно винско дружење – Summer Wine 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/letno-vinsko-druzenje-summer-wine-2021/ Tue, 29 Jun 2021 13:29:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208912

Во склоп на планираните активности на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ, на 04 Јули 2021 (недела) ќе се оддржи летно винско дружење на кое ќе се претстават македонските винарии. Настанот ќе се оддржи на отворено на терасата на реномираниот ресторан Воденица – Мулино лоциран во центарот на Скопје. „Летно Вино“ или Summer Wine е еднодневна манифестација која за првпат кај нас се оддржува во летниот период со тенденција да прерасне во традиционална манифестација. Самиот настан има за цел да даде фокус на новите вина од новите берби кои се или штотуку ќе бидат лансирани на пазарот, со фокус на освежителните, овошно водени вина. Настанот е планиран да се оддржи во времетраење од 17:00 до 23:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат преку 150 вина придружувани со голем избор на закуски од ресторанот Воденица. Настанот ќе се оддржи на отворено во склоп со актуелните Ковид препораки поради што бројот на влезници ќе биде лимитиран. Посетителите ќе имаат можност да купат влезници на самиот настан како и онлајн на следниот линк: https://www.karti.com.mk/summer-wine.nspx]]>

Винско будење – Summer Wine 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/vinsko-budenje-summer-wine-2021/ Wed, 23 Jun 2021 15:45:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208152

Во склоп на планираните активности на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ, на 04 Јули 2021 (недела) ќе се оддржи винско матине на кое ќе се претстават македонските винарии. Настанот ќе се оддржи на отворено на терасата на реномираниот ресторан Воденица – Мулино лоциран во центарот на Скопје. „Летно Вино“ или Summer Wine е еднодневна манифестација која за првпат кај нас се оддржува во летниот период со тенденција да прерасне во традиционална манифестација. Самиот настан има за цел да даде фокус на новите вина од новите берби кои се или штотуку ќе бидат лансирани на пазарот, со фокус на освежителните, овошно водени вина. Настанот е планиран да се оддржи во времетраење од 12:00 до 21:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат преку 150 вина придружувани со голем избор на закуски од ресторанот Воденица. Настанот ќе се оддржи на отворено во склоп со актуелните Ковид препораки поради што бројот на влезници ќе биде лимитиран. Посетителите ќе имаат можност да купат влезници на самиот настан како и онлајн на следниот линк: https://www.karti.com.mk/summer-wine.nspx]]>

Grand Vin – Дегустација на премиум македонски вина https://arhiva.vistina.com.mk/grand-vin-degustacija-na-premium-makedonski-vina/ Thu, 26 Sep 2019 18:48:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109268

Мотото „Помалку е повеќе“ во винскиот свет се однесува на вината од премиум сегментот како и ретките вина кои генерално се произведуваат во мали колични и нудат загарантирано повеќе уживање. Double Tree by Hilton Skopje – Rooftop Bar е просторот каде на 4ти Октомври 2019, петок, од 17:30 до 23:00 часот ќе се одржи овој мал, но по својата содржина уникатен вински настан. Целта на организирање ваков вински настан е преку претставување и дегустација на премиум и ретките вина од домашните винарници да се претстави нивото на развој на винарството и лозарството кај нас, како пред меѓународните критичари така и пред вљубениците на високо квалитетните вина. Одговорното конзумирање е секако составен дел кој секогаш го следи овој сегмент.
„Интересот е изненадувачки голем, особено за посета на настанот, иако сегментот на премиум и ретки вина од домашниот вински регион е се уште во повој. Се уште имаме недоволен број на винарници кои се решаваат за производство на овој тип на вина и тоа ни причинува потешкотија при обезбедување доволен број на винарници кои би можеле да ги изложат своите бесценети вина. Сепак решивме да пробаме да креираме настан за тие кој веќе произведуваат премиум вина со голема надеж дека овој настан ќе биде потик и за останатите винарници кои би можеле да ни се придружат во годините кои доаѓаат“ – изјавија од МАСОМ (Македонска Асоцијација на Сомелиери)
Повеќе информации околу настанот на следниот линк: http://www.masom.net/grandvin.html За онлајн влезници на: https://www.karti.com.mk/grand-vin.nspx]]>

Претставени премиум вината на водечките винарници од Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/pretstaveni-premium-vinata-na-vodechkite-vinarnici-od-makedonija/ Mon, 12 Aug 2019 10:45:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101661

Изминатиот викенд во ресторанот Канео, лоциран на охридското крајбрежје во некогашната истоимена рибарска населба, се оддржа вински настан во организација на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ како дел од проектот „Вински Тераси“. Целта на проектот е претставување на високо квалитени македонски вина на странските и домашните туристи, преку едукативен и дегустациски карактер во сомелиерски манир. Водечките винарници (Тиквеш, Стоби, Бовин, Камник, Венец, Сопот, Езимит, Далвина, Пуклавец) веднаш го препознаа настанот и несебично ја дадоа својата поддршка нудејќи ги своите премиум и најнаградувани вина за дегустација. Поддршката не изостана ниту од Министерствотот за економија со што преку програмата за развој на туризмот за 2019та година го препознаа настанот како програма за збогатување на туристичката понуда во Охрид во текот на летната сезона. Настанот побуди огромен интерес кај странските и домашните туристи помеѓу кои беа присутни и видни личности од јавниот живот. Охриѓани го поздравија настанот со препорака за одржување на поголем број вакви настани во годината.
„Накалемивме една нова меѓународно препознатлива винска култура врз цивилизациска важна подлога, Охрид. Нема сомнеж дека ќе вроди плод. Сега сме во фаза кога треба да се грижиме околу “лозата” и да веруваме во тоа што го работиме. Придобивките треба да ги очекуваме во насока на подигање на квалитетот на туристичката понуда повлекувајќи ја и гастрономијата нагоре, но и засилувајќи ја промоцијата на македонскиот вински регион” изјавија од МАСОМ.“

Македонската винска сцена се сели во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-vinska-scena-se-seli-vo-ohrid/ Mon, 05 Aug 2019 08:36:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100423

Мал чекор за винарниците, но голем за македонското вино Во организација на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ на 10ти Август (Сабота) со почеток во 18:00 часот ќе се оддржи винскиот настан „Вински Тераси – Охрид“ во ресторанот Канео каде дел од македонските винарници (ТиквешСтобиШато КамникДалвинаЕзимитВенецВиргоШато СопотПуклавецБрзанов) ќе ги претстават своите вина на домашните и странските туристи. Она што е ново за Охрид е тоа што за прв пат вакво претставување ќе се спроведе во сомелиерски манир, како што доликува на македонските вина. Имено гостите ќе имаат можност преку симболична влезница од 400 денари да дегустираат преку 100 различни вина по свој сопствен избор. Изложените вина ќе бидат од квалитетни до вина од премиум сегментот, правилно послужени, следени со стручни информации околу карактеристиките, сортите и македонските виногорја. Секако, не случајно е одбран и ресторанот Канео, кој патем широкоградо го прифати овој проект. Да се размислува „надвор од кутијата“ е предизвик, но и нешто што ја води гастрономијата напред, Во тоа светло и ќе се претстави тимот на Канео кој е задолжен за гастрономскиот дел. Настанот е насловен „Вински Тераси – Охрид“ , со цел да се потенцира тесната врска помеѓу „лозовите тераси“ како микролокации од каде најчесто доаѓа најкавлитетното винско грозје до „винските тераси“ од сегментот на ресторатерството и хотелиерството каде тие вина треба да се понудат на посетителите во туристичките дестинации на соодветен, правилен начин.
„Вакви вински настани треба да станат традиција по нашите туристички места. Претставувањето на македонското вино на странските пазари треба да го ставиме во еквилибриум со домашниот пазар, особено во туристичките оази како што е Охрид. Гастрономијата пак да ја насочиме кон традиционалната кујна комбинирана со модерни техники. Имаме што да понудиме, но не очекува многу работа за што се чуствуваме навистина спремни“ – изјавија од МАСОМ.
Повеќе информации: Website / Facebook Event / Tickets]]>