масло – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Jun 2023 10:21:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png масло – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не го користете ова масло за сончање – сакате убав тен, а ќе си направите проблем https://arhiva.vistina.com.mk/ne-go-koristete-ova-maslo-za-sonchane-sakate-ubav-ten-a-ke-si-napravite-problem/ Fri, 16 Jun 2023 12:20:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306606

Не секогаш се потребни скапи и купечки масла за сончање за да се добие бронзен тен, но не секое масло е здраво да се користи. Некои од нив во лето се забранети за употреба, предупредуваат дерматолозите. Иако многумина од нас го користат како замена на другите масла за сончање, важно е да се нагласи дека кантарионовото масло не смее никако да се става пред излегување на сонце.
Доколку се намачкате, мора да поминат барем 24 часа за да можете да се изложите на УВ зрачењето за да бидете сигурни дека нема да добиете непосакувани нус појави. Скоро истото важи и за маслиновото масло кое има фантастичен ефект на кожата, ја влажни и ја прави еластична, но тоа нема да ве заштити од ултравиолетовите зраци. Многу често маслиновото масло може да предизвика изгореници кои со често повторување предизвикуваат трајни оштетувања на нашата кожа – како хиперпигментација, соларна кератоза или рак на кожата. извор:курир.мк
]]>

Прави чуда: Маска за коса од арганово масло https://arhiva.vistina.com.mk/pravi-chuda-maska-za-kosa-od-arganovo-maslo/ Thu, 15 Dec 2022 12:18:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280245

Во последно време, маслото од арган стана многу популарно во западните земји, а причината е едноставна – се откри неговата исклучителност и скапоценост. Интересен факт е дека арганското дрво е прогласено за Светско наследство на УНЕСКО, кое само дополнително ја потврдува неговата вредност. Само еден литар масло бара 100 кг плодови и затоа не треба да се изненадувате од високата цена во споредба со некои други основни масла. Витаминот Е е најважната состојка затоа што од него потикнува антиоксидантното својство на маслото, кое е многу важно за нега на кожата, а исто и во исхраната. Исто така, содржи каротен, кој е од суштинско значење за заштита од сончевите зраци, така што маслото од арган игра важна улога и како препарат за сончање. За стилизирање на косата Ако треба набрзина да ја стилизирате косата, масло од арган е одлично решение! Содржи бројни лековити состојки, затоа е одличен и за заштита на косата од топлина. Ставете неколку капки масло на дланките и протријте ги прстите преку сува коса. Овој третман трба да го правите секогаш пред фенирање на косата и таа ќе биде исклучително хидрирана. Маска за коса Ако сакате најдобар и најефикасен ефект, ставањето масло како маска е најдобриот избор. Пред спиење ставете ја оваа маска и ќе се разбудите наутро со совршено сјајна и мазна коса. Препорачуваме да ја нанесувате низ целата коса (колку повеќе нанесувате, толку е подобар ефектот), потоа врзете ја косата во пунџа и ставете крпа на перницата. Вашата коса ќе изгледа сензационална, проверено! Каде да се купи Ова масло можете да го купите во продавниците за здрава храна или да го порачате од разни страници. Извор: Курир.мк]]>

Направете масло од цимет и искористете ги сите негови здравствени придобивки https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-maslo-od-cimet-i-iskoristete-gi-site-negovi-zdravstveni-pridobivki/ Wed, 30 Nov 2022 12:48:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278020

Циметот е растение кое потекнува од Азија, а е најзастапено во Индија, Шри Ланка, Бразил и Мадагаскар. Како зачин и лек се користи уште од времето на древниот Египет. Во Европа, најголема побарувачка за цимет датира од средниот век и станува примарен трговски производ помеѓу Блискиот Исток и Европа. Егзотичниот вкус го освои целиот свет, но со текот на времето, дојдоа до израз неговите бројни лековити својства. Во нашите краишта малку се знае за користа на маслото од цимет. Постојат два типа на масло од цимет. Првиот тип е етерично масло кое се состои од листовите и кората од билката и е многу сложена постапка. Вториот е екстратирано масло од цимет кое може сами да го направите. Што ви е потребно? -неколку стапчиња цимет -чисто маслиново масло (рафинирано). Целосните стапчиња од цимет ставете ги во тегла. Стапчињата се премачкуваат со чисто маслиново масло за да бидат целосно потопени. Теглата затворете ја добро и оставете ја на собна температура 3 недели. Секој ден, добро протресете ја теглата. По три недели процедете го маслото низ газа во темно стаклено шише. По ова, вашето масло од цимет е подготвено за употреба. Бројот на стапчиња цимет се утврдува произволно, но најдобро да е теглата полна (најмалку 5-6 стапчиња во половина литар масло). Што е поголем бројот на стапчиња од цимет, тоа е подобро. Маслото може да се користи во секоја погодност. Можете да го додадете во салати или колачи во зависност од тоа како ви одговара на вкусот, но не се препорачува долготрајна термичка обработка. Сепак маслото е наједноставно и најдобро да се пие и тоа по една мала чаша наутро и навечер. извор:kurir.mk]]>

Оваа лековита мешавина за 10 дена ќе ви ги сопре болките во телото https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-lekovita-meshavina-za-10-dena-kje-vi-gi-sopre-bolkite-vo-teloto/ Mon, 31 Oct 2022 13:20:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273601

За овој неверојатен природен лек се вели дека ги ублажува болките кои се последица од остеопороза и остехондроза, но и дека по употребата нема да чувствувате болка следните неколку години. Оваа мешавина за масажа се приготвува со нерафинирано растително масло и сол (можете да користите морска сол). Лековитата мешавина се приготвува веднаш за целиот тек на лекувањето. Ќе ви требаат 10 лажици сол и 20 лажици масло (маслиново, сончогледово). Постапка: Солта и маслото измешајте ги добро во некој стаклен сад. Затворете. После неколку дена ќе добиете посветла смеса. Примена: Секое утро треба да се мачкате со енергична масажа на вратните пршлени и на местата каде што чувствувате болка. На почеток масирајте се по 2-3 минути, секој ден додавајќи уште по 2-3 минути, за на крај масирањето да трае до 20 минути. По завршетокот на масажата, вратот избришете го со влажна, топла крпа. При спроведувањето на оваа процедура може да дојде до мала иритација на кожата. Затоа, по завршувањето на масажата, избришете ја кожата со сува крпа и нанесете малку детска пудра во прав. Со десетдневната терапија се стимулира циркулацијата на крвта и се подобрува мускулната регенерација на ’рскавичното и коскеното ткиво. Со оваа постапка се обновува протокот на крвта во вратниот дел на ’рбетот, исчезнуваат главоболките и се подобрува видот. Тоа се објаснува со прочистување на телото од токсини и нормализирање на метаболизмот. За време на овој процес, може да чувствувате блага поспаност или вртоглавица. Но тоа е ретка појава. По правило, лекувањето на остеохондозата на овој начин поминува без споредни ефекти и дава одлични резултати. извор:курир.мк]]>

Ова масло е единственото кое ви е потребно: Хранливо и лековито, можете да го користите на милион начини https://arhiva.vistina.com.mk/ova-maslo-vi-e-edinstvenoto-potrebno-hranlivo-i-lekovito-mozete-da-go-koristite-na-milion-nachini/ Thu, 11 Aug 2022 12:30:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262308

Покрај тоа што е здраво, кокосовото масло е одличен сојузник за нега и убавина на жените. Корисен е за нега и на косата и на кожата на целото тело, па токму затоа денес ви претставуваме неколку трикови и начини како да го искористите кокосовото масло: Отстранување шминка Кокосовото масло можете да го користите како и секое друго средство за отстранување шминка, со помош на памук и ќе ви помогне да ја отстраните дури и водоотпорната шминка без многу мака. Освежувач на здивот Кокосовото масло можете да го „држите“ во устата околу 20 минути и на овој начин да си обезбедите свеж здив, побели заби и поздрави непца. На кого му треба уште стоматолог?! Лосион за тело Едноставно нанесете кокосово масло на кој било дел од телото и уживајте во мека, нежна и хидрирана кожа – на сосема природен начин! Производ за нега на нокти Со помош на кокосово масло, вашиот маникир може да трае подолго, а освен тоа, масажата на ноктите со кокосово масло е одлична за спречување и лекување на кутикулите. Средство за чистење четки за шминка Измешајте антибактериски сапун со кокосово масло и ќе добиете сосема природна алатка за ефикасно чистење на четките за шминкање. Балсам за усни Бидејќи кокосовото масло може да се користи за нега на кожата на целото тело, нема причина да не се грижите за вашите усни со него. „Сместете го“ во шишенце со балсам за усни со тарог и уживајте во негувани и хидрирани усни каде и да сте. Лек против стрии и лузни Кокосовото масло не може да ги избледи постоечките лузни, но може да помогне да се спречи нивното формирање. Служи за превенција од стрии и какви било лузни. Крем за очи Кажете им збогум на темните кругови и фините линии околу очите веднаш штом почнете да користите кокосово масло за нега на оваа област.]]>

Доктор тврди дека ова масло е најдобро за густа и долга коса https://arhiva.vistina.com.mk/doktor-tvrdi-deka-ova-maslo-e-najdobro-za-gusta-i-dolga-kosa/ Tue, 31 May 2022 12:48:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252605

Масирате и оставате преку ноќ. И не, тоа не е кокосово масло. Ентони Јун, козметички хирург од Америка, неодамна на својот TikTok откри кое масло прави чуда за косата Густата коса е нешто за што многумина сонуваат, а добрата вест е што може да се постигне – и без многу пари и одење на некои специјални третмани. Девојката по име Одри Викторија сподели видео во кое зборува за чудесното масло и тврди дека тоа ѝ помогнало косата да ѝ биде мека, но и погуста – маслото од рузмарин. Д-р Јун го гледаше нејзиното видео и се согласи без многу објаснувања бидејќи некои истражувања откриваат дека маслото од рузмарин може да биде исто толку ефикасно како и Rogaine – медицински производ за раст и густина на косата кој има линија за мажи и жени и е најпопуларен низ САД. извор:попара.мк]]>

Со минимално пари и потрошено време до прекрасен тен: Направете си сами масло за самопотемнување https://arhiva.vistina.com.mk/so-minimalno-pari-i-potrosheno-vreme-do-prekrasen-ten-napravete-si-sami-maslo-za-samopotemnuvanje/ Fri, 27 May 2022 13:02:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252208

Темниот тен е нешто кон што тежнее речиси секоја жена. Поради тоа што солариумот не е баш најздрав избор, како ниту хемиските третмани, можеби треба да се обидете да си направите масло. Природните состојки кои ќе ви помогнат да се чувствувате со самодоверба се вистинскиот избор за вас. Сè што ви треба е маслиново масло, моркови и ореви. Состојки: - 3 децилитри маслиново масло; - 2 моркови; - 6-7 ореви (се препорачуваат млади ореви). Подготовка: 1. Изрендајте ги морковите, иситнете ги оревите и прелијте ги со маслиново масло. Потоа смесата ставете ја во стаклена тегла и добро затворете ја. 2. Оставете течноста да отстои на сонце околу 4 седмици (идеално би било 40 дена). 3. Потоа, процедете го маслото во шише со прскалка поради полесно користење. извор:точка.ком.мк]]>

Ова домашно масло е смрт за целулитот: Ја елиминира кожата која е како кора од портокал во рекордно време! https://arhiva.vistina.com.mk/ova-domashno-maslo-e-smrt-za-celulitot-ja-eliminira-kozata-koja-e-kako-kora-od-portokal-vo-rekordno-vreme/ Wed, 06 Apr 2022 09:06:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245495

Покрај здравата урамнотежена исхрана и внесувањето доволно течности, клучно е да се забрза циркулацијата на крвта и да се забрза функционирањето на лимфниот систем за да се елиминира целулитот. Токму тоа најдобро се постигнува со масажа и употреба на етерични масла. Еве како делуваат на целулитот: Маслото од авокадо е исто така одличен избор поради ниската молекуларна тежина, продира длабоко во кожата, што ја зголемува ефикасноста. Етеричните масла од чемпрес, смрека, рузмарин, лимон, портокал, грејпфрут, ѓумбир и слатките печурки се неопходни за есенцијалните антицелулитни масла, бидејќи ја затегнуваат кожата, ја стимулираат циркулацијата, функцијата на лимфниот систем, секрецијата на вода и детоксикацијата. Сега кога знаеме колку се ефективни маслата, време е да подготвиме домашна смеса која ќе го реши овој „проблем“. За подготовка ќе ви требаат следниве состојки: 6 мл масло од лешник, масло од роза, масло од семки од грозје или масло од јојоба 4 ml масло од авокадо 3 капки есенцијално масло од рузмарин, смрека или чемпрес 2 капки есенцијално масло од маточина Подготовка: Додадете до пет капки есенцијално масло во 10 ml од избраното базно масло. Изберете темно шише. Прво измешајте ги базните масла, а потоа додадете ги есенцијалните масла.]]>

Вашиот дом нека мириса на поле со лаванда: Направете сами спреј за постелнина https://arhiva.vistina.com.mk/vashiot-dom-neka-mirisa-na-pole-so-lavanda-napravete-sami-sprej-za-postelnina/ Tue, 16 Mar 2021 14:20:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194423

Есенцијалните масла се неисцрпен извор на прекрасни мириси и се составен дел на еколошките производи за нега на тело. Ако има нешто што навистина го сакаме во нашиот дом, тоа се мирисливите и чисти чаршафи во кои е вистинско задоволство да се вовлечеме по напорниот работен ден. Освен правилниот начин на перење, користењето омекнувач без вишок хемикалии и пеглање на постелнината, постои и друг начин да ја додадете таа посебна нота на свежина во вашиот кревет. Станува збор за мирисливи вода што може да се искористи за прскање на алиштата и постелнината, а можете да ја направите и сами. Потребен материјал: 40-50 капки есенцијално масло од лаванда 1/4 чаша вотка без вкус (може да се користи и изопропил алкохол) приближно 800 милилитри дестилирана вода мало шише со прскалка стаклено шише за чување на спрејот Постапка: Измешајте ги вотката и есенцијалното масло од лаванда во стаклено шише. Додајте ја дестилирана вода сè до врвот шишето. Протресете го шишето за маслото да се распореди рамномерно. Наполнете го малото шише со прскалка со оваа мешавина и нежно протресете го пред секоја употреба. Со оваа течност можете да попрскате сè: завеси, перници, крпи и сл. Нејзиниот мирис нема да биде премногу силен, без разлика на колку места сте попрскале во вашиот дом. Оваа течност можете да ја користите и при перење на постелнината, додавајќи ја во фазата на плакнење. Постелнината ќе има благ мирис на лаванда што ќе ви го олесни спиењето. Водата со лаванда можете да ја користите и кога пеглате. Попрскајте ја облеката што ја пеглате со оваа мешавина и таа ќе мириса убаво. Лавандата ги одбива мувите и другите инсекти, па искористете ја таа нејзина карактеристика и испрскајте го просторот околу прозорецот. извор:кафепауза.мк]]>

Ги обновува кожата и косата и ги ублажува трагите на стареење: Секоја жена треба го користи ова масло https://arhiva.vistina.com.mk/gi-obnovuva-kozata-i-kosata-i-gi-ublazuva-tragite-na-stareenje-sekoja-zena-treba-go-koristi-ova-maslo/ Fri, 05 Mar 2021 13:46:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192817

Ладното цедено масло од авокадо содржи висока концентрација на витамин Е, кој е многу важен за одржување на здравјето на кожата. Директното нанесување масло на кожата ја намалува појавата на старечки пеги и другите знаци на стареење, покажуваат истражувањата. Најважните состојки за човечкото здравје во ова масло се лецитин и стеролин. Лецитинот формира заштитен слој на површината на кожата и на фоликулите на косата, додека стеролинот ги хидрира и омекнува.

Зошто маслото од авокадо е добро за косата?

Маслото од авокадо има моќ да ја обнови оштетената коса и да ѝ го врати изгубениот сјај. Исто така, може да го поттикне растот и да го намали нејзиното опаѓање.

Како маслото од авокадо делува на кожата на лицето?

Пред сè, важно да се напомене дека маслото од авокадо е генерално добро за кожата и го забрзува зараснувањето на раните. Некои студии покажале дека на пациентите со сува кожа, особено на заболените од псоријаза, ова масло им помага да се ослободат од симптомите на затегнување и пецкање. Маслото од авокадо првенствено ѝ годи на сувата кожа затоа што ја навлажнува и ја хидрира, притоа не оставајќи масна трага бидејќи кожата брзо го впива. Она што е особено важно денес во негата на кожата е ублажувањето или отстранувањето на брчките. Токму длабинската хидратација придонесува за поголема еластичност на кожата и хидрираност поради присуството на бета каротен, протеини, лецитин, витамини А, Д и Е, а со самото тоа се намалува и можноста за појава на брчки, бидејќи се стимулира производството на колаген. извор: точка.мк ]]>