маскенбал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 01 Apr 2023 09:21:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png маскенбал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еве како се маскираа децата на познатите Македонци за „Денот на шегата“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-se-maskiraa-za-denot-na-shegata-detsata-na-poznatite-makedontsi-foto/ Sat, 01 Apr 2023 08:15:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296155

Градинките и училиштата вчера имаат активности  по повод денешниот ден, 1-ви Април, а многу Македонци ги објавија маските на нивните деца на Инстаграм. На овој ден вообичаено во нашата земја дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, и разни креативни маски. А, погледнете какви маски избраа дечињата на познатите Македонци за да го одбележат првиот ден од месецот април - Денот на шегата. Новинарката и ТВ водителка Анастасија Богданоска на социјалната мрежа „Инстаграм“ покажа дека нејзината ќеркичка Дениција  одбрала да се маскира во принцезата Елса од анимираниот филм „Фроузен“. Пејачката и харфистка Сара Мејс ја покажа дека нејзината ќерка, a малата Илина одлучила да се облече како нејзината омилена принцеза. Македонскиот супер модел Катарина Ивановска објави фотографија од синот Вања кој се инспирираше од  познатиот филм „Пиратите од карибите “ и одбра да се маскира во пират. Пејачката Тамара Тодевска на социјалните мрежи ја покажа маската на помалиот син Дарен кој овој пат одбрал да биде познатиот суперхерој Хулк. Познатата трендсетерка Агнеса Органџиева објави фотографија од нејзината принцеза Тифани, а во што одбрала да се маскира дознајте од фотографијата.   Фото: Принтскрин/Инстаграм  ]]>

Сестра Кристина Димитриевска „лечи“ со поглед: „Очи полни желба“ за првоаприлска веселба (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sestra-kristina-dimitrievska-lechi-so-pogled-ochi-polni-zelba-za-prvoaprilska-veselba-foto-video/ Sat, 02 Apr 2022 08:48:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245136

Први април, за некого денот на шегата, за некого ден на лагата... Кој како милува да го нарекува, ама едно речиси сите, особено помладите тој ден го прават.... Се маскираат! Најмладите заради забава, оние малку повозрасните и заради забава и заради „поубав впечаток“, а можеби најмногу заради тоа што „под туѓата маска“ некако полесно се живее! Макар и еден ден! Па, не поусто рекле, животот е маскенбал! Својата маска секој сам ја избира, во зависност што му се допаѓа да биде кога не би бил тој што е или за полесно некому да му се допадне. Се маскираат и обичните луѓе, ама и естрадните ѕвезди кога таа вечер имаат настапи по локалите, клубовите и кафулињата ширум државата! Македонската мисица, модел и се почесто пејачка, Кристина Димитриевска не ја заобиколи традицијата! Убавицата таа вечер реши да ја помине како секси медицинска сестра. Во бели гаќички, мини фустанче до препони, кое едвај стига да и го припокрие „подножјето на меѓуножјето“ на расната тетовчанка, во бели чорапи од тантела над коленици и жартиери, на високи потпетици и длабоко деколте кое го отсликува сиот раскош на бујната предница,  расната убавица како со магично стапче за миг се претвори во секси медицинска сестра. Или сестра Кристина, која штом ја видите - непрестано ќе ја зумирате како низ двоглед, зашто со каков еротски набој зрачи, се чини како да „лечи со поглед“! Медицинската панделка, црвените свилени ракавици  и стетоскопот за „диши-диши“ како пропратни реквизити за изгледот да биде комплетен, зашто без соодветен прибор ниту впечатокот не би бил комплетен. Ординацијата таа вечер беше лоцирана во еден познат локал во Пробиштип, каде сите што дојдоа, не се покајаа. А како и би се, кога сестра Кристина навистина им приреди незаборавно уживање. Аудиовизуелно или повеќе визуелно, ама сеедно...  Впрочем, како и многупати претходно, се покажаува дека денес музиката многу повеќе „се гледа“ отколку што се слуша. Или поточно се „впива со очи“, па затоа сестра Кристина  таа вечер сите погледи кон себе ги насочи. Задоволните „пациенти“, пардон - конзументи, имаа можност за единствено доживување, што со сета своја убавина, сексапил и еротски движења им го приреди сестра Кристина.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Секое ново нишање со колковите и секоја нова поза, за нова „дијагноза“... Тахикардија, забрзан пулс, аритмија, срцебиење... и нова тура пиење. Притосокот и на оној што го нема, ќе му се крене... И така песна по песна во недоглед, сестра Кристина Димитриевска таа вечер „лечеше со поглед“. А потоа сите по дома... По „бурната ноќ“, на „бурни сништа“. Сите машки со „очи полни желба“ по првоаприлската веселба... А, меѓу нив и по некоја девојка, со „поинаква определба“!
Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry]]>

На 31 март детски ЗОО маскенбал во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/na-31-mart-detski-zoo-maskenbal-vo-skopje/ Mon, 25 Mar 2019 12:31:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79255

Во недела (31 март), во пресрет на празникот на шегата – 1 Април во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржи голем детски маскенбал со почеток во 12.00 часот. Забавата ќе започне со едукативна еколошка детска претстава „Зеленковци“, а потоа ќе има парада на маски и подароци за секое маскирано дете. Најдобрите маски ќе бидат наградени. Влезот за маскенбалот е 50 денари, односно редовна цена на влезница во Зоолошка градина – Скопје.]]>