машина за перење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 18 Oct 2022 12:46:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png машина за перење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За да не направите хаос: Овие седум работи никогаш не треба да ги перете во машина https://arhiva.vistina.com.mk/za-da-ne-napravite-haos-ovie-sedum-raboti-nikogash-ne-treba-da-gi-perete-vo-mashina/ Tue, 18 Oct 2022 12:46:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271893

Веруваме дека често сте во искушение едноставно сѐ што е валкано да го ставите во машина за перење алишта и да ја завршите работата, но сепак постојат одредени правила кои би требало да ги знаете доколку не сакате да ја уништите облеката или пак машината. Постојат низа работи кои никако не треба да се перат во машина, но сепак сите тоа го правиме. Еве кои се тие: 1. Перници од пена Вртењето на барабанот може да предизвика слабеење на мемориската пена во анатомските перници, или, пак, истата дури и да се распарчи на делчиња. Бидејќи самата мемориска пена е природно хипоалергенска, како и отпорна на апсорпција на прав, таквите перничиња остануваат чисти многу подолго од традиционалните. Се препорачува да се чистат еднаш или двапати годишно, со едноставно отстранување на дамките од нечистите делови на перницата. Ако пишува на етикетата дека перницата може да се пере рачно, втората опција е да ја исчистите во голем мијалник или када, со вода и хипоалергенски детергент, без мирис и боја. По влажнењето и плакнењето, потребно е само нежно да се притисне, како би се отстранил вишокот на вода, па да се суши на ветровито или добро вентилирано место. 2. Сѐ што е налепено со животински влакна Сопствениците на крзнени миленичиња, веројатно се добро запознаени со „хаосот“ што истите го оставаат на облеката и мебелот. Отстранувањето на влакната е тешко. Меѓутоа, ова не значи дека треба да го ставите омилениот пар фармерки со „грива “ во машината, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата. Мокрите насобрани влакна може да се налепат на другата облека, странично на барабанот, па дури и да ги затнат цевките во машината за перење. За да го избегнете ваквото сценарио, неопходно е да ги отстраните сите влакна пред перењето. Користете леплива ролна, или, пак, навлечете гумена ракавица. Наквасете ја малку и поминете преку „влакнестата“ облека. Доколку сè уште има влакна, обидете се да ја продувате и истресете добро, па да ја исперете, согласно инструкциите на етикетата. 3. Градници Рафалното фрлање на градниците во машината за перење, навидум се чини како најлесниот начин да го исчистите парчето што секојдневно го носите. Меѓутоа, таквата постапка може да ви ја уништи слатката долна облека. Од цврста потпора за градите, ќе ги претворите во тажни потпунки кои ниту нешто може да кренат, а ни да обликуваат. А, да не збориме и за жиците кои ќе почнат да ѕиркаат, поради пукањето на ткаенината што ги држи. Златно правило за градниците е рачното перење. Користете студена вода и средно јак течен детергент за чувствителни алишта. Oткако ќе ги измиете, полека исцедете ги. Доколку баш немате време, обидете се да ги исперете и во машина, ама бидете особено претпазливи околу температурата и центрифугата, заштитувајќи ги од удари или растргнувања во барабанот. 4. Ткаенини со запалива дамка Држете ги сите парчиња кои се извалкани со запаливи материи (гориво, моторно или масло за готвење, згуснувач на бои, алкохол), што подалеку од машината за перење, а особено од таа за сушење на облека. Високите температури може да предизвикаат палење на облеката, што пак, може да резултира и со експлозија. Првин отстранете ги дамките со средство за нивно разложување, така што ќе го оставите да дејствува минимум 10 минути. Доколку го снема специфичниот мирис од дамката, тоа значи дека безбедно е облеката да се пере во машина. Сепак, сторете го тоа одвоено, како би го спречиле пренесувањето на дамката на останатите алишта. Најдобро е подоцна и да ја исушите природно, а не во машина за сушење. 5. Везена или чипкана гардероба Ни чувствителните парчиња со перли или везови не би смееле да ги перете во машина, затоа што движењето на барабанот може да ја уништи нивната структура. Ова особено важи за оние со додатоци што се залепени, а не сошиени на облеката. Во такви случаи, единствената опција во домашни услови е рачно перење на облеката. Доколку на етикетата пишува дека е „само за хемиско чистење“, тогаш предадете ја во професионални раце, замолувајќи ги да ги прекријат додатоците со фолија, или, пак, некакво платно, како би ги сочувале. 6. Гломазни предмети Доколку нема доволно место околу одреден предмет (јоргани, ќебиња, перници од гарнитурата, итн.) во барабанот, тој не смее да се пере во машина, од причина што ниту ќе може да се врти, а ни детергентот ќе може непречено да циркулира. Со самото тоа – нема да се испере. Па, наместо со сите сили да го туркате (пре)големиот предмет во барабанот, а тој упорно да ви „бега“ кон надвор, поштедете се себеси од трудот. Најдобро е да го однесете во перална. 7. Облека од кашмир или кадифе Овие исклучително нежни и чувствителни материјали никако не се создадени за перење во машина, бидејќи може да ги развлече, собере или изобличи со само едно миење. И тука единствената опција е да ги исперете на раце, особено ако постои опасност од пуштање боја на останатите парчиња облека. Наквасете ги во топла вода во мијалникот, па додадете детергент за чувствителна облека. Подоцна, префрлете ги во студена вода и исплакнете ги. По перењето, нежно исцедете ги, оставајќи да се сушат на пешкир поставен на рамна површина. Извор:Курир.мк]]>

Заборавете на непријатниот мирис од МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ: Еве како облеката секогаш да ви мириса на омекнувачот https://arhiva.vistina.com.mk/zaboravete-na-neprijatniot-miris-od-mashinata-za-perenje-eve-kako-oblekata-sekogash-da-vi-mirisa-na-omeknuvachot/ Mon, 09 May 2022 12:30:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249417

Помислата на перење алишта многумина ги асоцира на мирис на чистота, но често се случува тоа да не е случај. Многу од вас веројатно се сретнале со непријатен мирис на перените алишта, иако штотуку ги извадиле од машината. За оној најлошиот мирис некои тврдат дека потсетува на „мирис на мокро куче“, кој останува и по неколку перења на алиштата на различни програми и речиси е невозможно да се ослободите од него. Причини за непријатниот мирис Причината за непријатниот мирис можат да бидат остатоците од нечисторија во гумата на машината, предолго оставање на алиштата во машината и габички односно мувла. Понекогаш причината за лошиот мирис може да биде и лошата комбинација на детергент и омекнувач за алишта. Мувлата, пак, може да се храни со остатоците од пена од детергентот, особено ако сте склони кон обилно ставање на средства за перење алишта. Можеби мислите дека од овие мириси можете да се ослободите само со „тешка хемија“, но не е така. Вообичаените куински средства можат да ви бидат од голема корист. Како да се ослободите од непријатниот мирис Мувлата сака темни и влажни места, а машината за перење спаѓа во овој опис. Постојат бројни методи со кои можете да ги исчистите несакани наслаги и нечистотија, а притоа повторно да имате миризливи алишта. Алкохолен оцет – спас за машината за перење Алкохолниот оцет е проверено природно средство за отстранување на сите причинители на непријатни мириси и за одржувањето на чиста машина за перење. Додавањето на алкохолен оцет при секое перење ќе ви заштеди многу маки и ќе ве ослободи од непријатните мирис. Тој ги убива бактериите, ја омекнува водата и делотворно ги отстранува тврдокорните наслаги, па и дамки на облеката. Ако сакате да го избегнете мирисот на оцет можете да му додадете неколку капки етерично масло, така што вашите алишта ќе мирисаат прекрасно. Комбинацијата со етерично масло е одлична и како омекнувач. Комерцијалните омекнувачи ако се користат прекумерно предизвикуваат побавно сушење на алиштата, поради што тие се склони кон создавање на непријатни мириси. Месечно чистење на машината за перење Во преградата за омекнувач ставете една шолја оцет, а диретно во машината една шолја сода бикарбона. Пуштете ја машината на најкратката програма, а на најјака температура, и вклучете додатно плакнење. Што да направите ако алиштата останат предолго во машината Многумина ги мачи овој проблем, на сите им се случило ова некогаш, но без грижа има решение. За алиштата да се ослободат од непријатните мириси, во машината додадете една шолја мешавина од сода бикарбона и оцет, ставете детергент во ппреградата за детергент и вклучете ја машината. Кога детергнетот ќе почне да пени, исклучете ја машината и оставете ја да одстои преку ноќ. Наутро повторно вклучете ја, алиштата нека се исперат уште еднаш на вообичаената програма, а после перењето исушете ги на отворено доколку имате можност. Отстранување на нечистотијата со боракс Бораксот е природно средство која ја уништува мувлата, било на облеката или во машината за перење. Можете и да го додадете на детергентот. Пред перење растопете половина лажица боракс во врела вода. Додадете го растворот во преградата за детергент и со него исперете ги алиштата. Познат по своите антигабични дејства, воедно и ќе ја дезинфицира вашата облека. Важна е и температурата на водата Користењето на студена вода за перење на алиштата е во ред, но притоа е многу важно превентивното одржување на машината за перење. Ако често користите пониска температура или студена вода, нужно е темелно да ја чистите машината неколку пати во годината поради насобраните остатоци од детергент, маснотии, храна и други нечистотии. Одржувајте ја вашата машина за перење алишта чиста и свежа. Самото испирање на машината со врела вода ќе ги реши вашите проблеми. Еднаш месечно дозедорирајте ја со оцет. По перењето секогаш оставајте ја врата од машината отворена, со што ќе се спречи појавата на бактерии и мувла. Бришете ги остатоците од детергент и омекнувач барем на секои две недели. Користете соодветен детергент за вашата машина. Не користете повеќе детергент и омекнувач од што е потребно. Почитувајте ги препорачаните дози. Секогаш перете ја облеката на соодветната температура. Не ја преполнувајте машината.]]>

Дали често користите програма за брзо перење облека? Поевтино е, но има и недостатоци … https://arhiva.vistina.com.mk/dali-chesto-koristite-programa-za-brzo-perenje-obleka-poevtino-e-no-ima-i-nedostatoci/ Wed, 09 Sep 2020 12:20:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166332

Програмите за брзо перење облека во машина се многу корисни, а штедат време и пари но не можеме а да не се прашаме дали ја завршуваат својата работа како што треба. Сите знаеме дека станува збор за заштеда на време, особено кога понекогаш се соочуваме со вистинска “планина” од валкани алишта во корпата но многумина понекогаш со право се прашуваат дали работите што се перат на таков начин се навистина чисти. За да бидете сигурни дека правилно ја користите функцијата за брзо перење еве што да барате: Програмите за брзо перење имаат свои ограничувања. Секој знае дека брзата програма е одлична идеја бидејќи троши помалку енергија, вода и детергент, а облеката е подготвена за сушење за само половина час (или дури и порано). Но, треба да знаете дека ваквите програми не се семоќни, особено кога станува збор за работи што се многу валкани и со тврдокорни дамки. Затоа на овој начин исперете ја облеката што не е валкана, а за сериозно валканите работи изберете програми со повисока температура и подолго време на циклус. Изберете го вистинскиот детергент Детергентот исто така игра голема улога. Класичните детергенти содржат ензими и се најдобриот избор за отстранување дамки. Но еко-детергентите кои не содржат белило или ензими се помалку успешни во отстранувањето на дамките, иако тие се одличен избор за луѓе со чувствителна кожа. Ако користите брзо перење, треба да знаете дека плакнењето ќе биде пократко од вообичаеното миење, па затоа е најдобро да ја наполните машината со облека и да користите половина доза детергент за да бидете сигурни дека е добро измиен од детергентот. Одржувајте ја машината правилно Ако редовно ја перете облеката на ниски температури може да забележите дека мириса на мувла вашиот апарат поради акумулација на мувла и бактерии. За да го отстраните ова измијте ја машината без предмети и детергент на повисоки температури на секои неколку недели и добро измијте ја фиоката за детергент и гумениот прстен околу барабанот. извор:попара.мк]]>

Два најлесни и најевтини начини за чистење на вашата машина за перење алишта https://arhiva.vistina.com.mk/dva-najlesni-i-najevtini-nachini-za-chistenje-na-vashata-mashina-za-perenje-alishta/ Tue, 15 May 2018 11:23:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27011

Колку и да ви се чини дека вашата машина за перење е чиста, бидете сигурни дека тоа не е така. Иако звучи страшно, вашата машина за перење е вистинско легло за бактерии, но нема потреба да паничите. Лесно можете да ја дезинфицирате и исчистите во само неколку чекори. Ако сакате добро да ја исчистите вашата машина за перење алишта, не мора да потрошите многу пари за скапи производи. Можете и сами да направите одличен „детергент“ за чистење на машината за перење, а најверојатно веќе ги имате состојките во кујната.
  1. Оцет и сода бикарбона
Алкохолниот оцет ќе ја дезинфицира и ќе помогне да се отстрани мувлата, а киселината од оцетот ќе ги отстрани закоравените траги од прашакот за алишта или омекнувачот. Ако добиете непријатен мирис од вашата машина, тогаш сода бикарбоната ќе го реши проблемот. Вметнете една чаша оцет, една чаша сода бикарбона и топла вода, а потоа завртете еден круг.
  1. Сок од лимон
Ако имате проблеми со 'рѓа, вклучете ја машината на највисока температура, на програмата за вриење. Додадете две чаши цеден сок од лимон. Кога машината ќе заврши со перење, повторете ја истата постапка, но не ставајте сок од лимон. На овој начин, ќе ја исчистите машината од сите нечистотии, вклучувајќи ја и 'рѓата.]]>

Две состојки кои ќе го продолжат векот на машината за перење, а вашата облека ќе мириса убаво https://arhiva.vistina.com.mk/dve-sostojki-koi-kje-go-prodolzat-vekot-na-mashinata-za-perenje-a-vashata-obleka-kje-mirisa-ubavo/ Fri, 11 May 2018 11:13:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26329

За вашата машина за перење да трае подолго, а вашата облека убаво да мириса и да е чиста, потребно е од време на време добро да ја исчистите. Тоа можете да го направите сами со помош на две состојки. Колку и да користите квалитетен детергент, прашок и омекнувач, бидете уверени дека вашата машина за перење, како и другите апарати, по одредено време ќе попримат непријатен мирис. За да ја освежите, но и да го продолжите нејзиниот век на траење треба да ставите две шолји вински оцет или лимонов сок во машината. Потоа вклучете ја да работи на највисока температура. Сите непријатни мириси ќе исчезнат, како бигорот од водата кој со време се собрал.]]>