мартин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Sep 2023 09:34:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мартин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Близнаците Мартин и Стефан од „Некст тајм“ слават роденден, а мајка им Сузана им го честиташе на најубав начин: Разгледница од спомени за своите синови (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bliznatsite-martin-i-stefan-od-nekst-tajm-slavat-rodenden-a-majka-im-suzana-im-go-chestitashe-na-najubav-nachin-razglednitsa-od-spomeni-za-svoite-sinovi-video/ Wed, 20 Sep 2023 07:57:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318782

Близнаците Мартин и Стефан од  братското музичко дуо „Некст тајм“ со своите стилизирани преработки на најпознатите македонски песни со патриотска содржина, ги освоија срцата на публика не само во Македонија, туку и ширум светот кај македонската дијаспора... Од Америика и Канада до Нов Зеланд  и Австралија. Нивниот албум „Мајка“ на кој се најдоа споменатите песни го доби токму тој наслов заради неговото симболично значење. Нивната родна земја - мајка Македонија и нивната мајка Сузана, жената која ги родила како двете најважни и единствени мајки во нивните животи. Зашто како што мајка може да ги сака своите чеда, не може никој друг... Македонија веќе покажа дека тоа е така, а за нивната мајка Сузана излишно е и да се трошат зборови. Впрочем, со последниот свој гест таа тоа само уште еднаш, по кој знае кој пат и ќе го потврди. Имено, нејзините близнаци  Мартин и Стефан денес, 20 септември 2023  слават роденден... 37-от по ред! Веќе зрели мажи, едниот од нив - Мартин однеодамна и оженет, но за нивната мајка, впрочем како и секое чедо за својата, вечно ќе останат нејзини деца! Затоа таа решила роденденот покрај останатото, да им го честита и јавно, на социјалните мрежи и тоа  на најубав начин. Со видео- разгледница од спомени за своите синови! Во неа Сузана ги вткала некои од најубавите и најемотивни моменти од детството па се до денес на нејзините близнаци.  Кадри од првите родендени, кога Мартин и Стефан биле уште многу малечки... Преку првите нивни детски фестивалски и ТВ настапи...  Па се до овие денови, кога нејзините близнаци как братско дуо „Некст тајм“ се едни од најголемите македонски музички ѕвезди. „Среќен роденден мили мои, Ви благодарам што ме правите среќна и што чекорите по правиот пат“ - напишала гордата мајка покрај постот во кој е споделена нејзината роденденска видео честитка. Славениците видеоподарокот од нивната мајка го преземале и исто така го постирале на својата официјална Инстаграм страница, покрај кој во описот додале: Денес е наш ден!!! Денес е нашиот Роденден!“
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Next Time (@nexttimeband)

Фото: Фејсбук/Suzana Filipovska/Инстаграм/nexttimeband]]>

„Некст Тајм“ на „возење“ кај Лазаров: „Никогаш не сме земале пари од ниту една политичка партија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekst-tajm-na-vozenje-kaj-lazarov-nikogash-ne-sme-zemale-pari-od-nitu-edna-politichka-partija-video/ Sat, 23 Apr 2022 06:50:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247376

Младиот и се' попопуларен водител Стефан Лазаров во неговото „карпул кароке“ ги угости близнаците од „Некст Тајм“, Мартин и Стефан Филиповски. Се разбира, причина за нивното гостување беше нивниот најнов проект кој го промовираа пред неколку дена - одличната преработка и уште едно фантастично филмувано видео на последната од низата македонски изворни песни со стихови со патриотска ссодржина  „Кога падна на Пирина“. Близнаците со Лазаров споделија за впечатоците од работењето на проектот, пееја заедно во автомобилот, разговараа за идните планови, одговараа на прашања колку се познаваат меѓу себе, а исто така одговорија и дали позади нивните песни и спотови стои некоја политичката партија и воопшто колку се инволвирани во политиката и тие и нивните песни... Што сè имаа да одговорат на интересните прашања на Лазров, погледнете во видеоинтервјуто во продолжение: ]]>

Близнаците од „Некст тајм“ во совршена монтажа, со погрешно име: „Нешто ќе те питам бато, чиј војвода беше Питу Гули?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bliznacite-od-nekst-tajm-vo-sovrshena-montaza-so-pogreshno-ime-neshto-kje-te-pitam-bato-chij-vojvoda-beshe-pitu-guli-foto/ Fri, 19 Nov 2021 09:39:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227973

Близнаците од дуото „Некст Тајм“, браќата Мартин и Стефан Филиповски покрај тоа што се одлични музичари, познати, признати и популарни естрадни ѕвезди, годиниве наназад покажаа дека се и големи патриоти. Вистиски родољуби  кои си ја сакаат својата татковина Македонија, а таа љубов и патриотските чувства на најдобар можен ја преточија во своите преработки на старите македонски народни песни, вдахнувајќи им нов, современ дух на времето, но правејќи ги и паметник кој им ја доближува не само музиката, туку и македонската историја на новите генерации. Она што како последно осамна на социјалните мрежи на нивниот официјален профил е заедничката фотографија на двајцата „арслани“ со еден од најголемите македонски револуционери, војводата Питу Гули?! Се разбира дека „временската машина“ на Мартин и Стефан која ги вратила назад во времето се некои од познатите дигитални алатки, со чија помош  денес се' е можно, па и легендарниот македонски војвода од влашко потекло, учесник во македонското револуционерно движење кој загинал на Мечкин Камен бранејќи ја Крушевската Република, да се слика со „неговите другари“ од „Некст Тајм“. Така близнаците од „Некст тајм“ се најдоа во совршена монтажа, арно ама... со погрешно име! Имено, под монтираната фотографија на која се заедно со легендарниот војвода пишува: „ПитО ГулЕВ и неговите другари“!!? Веројатно можете да претпоставите на кој јазик, зашто ТИЕ имаат неодолива желба и потреба да ги прекрстуваат имињата, менуваат и присвојуваат историјата! Жива среќа што натписот како и автентичната фотографија датираат од ОНА време, а монтираните ликови на браќата од ОВА време, инаку и бизнаците ќе беа Мар(т)ин и Стефан Филипови! Ама за се' има поправен... или поточно, корекција! Па ако можеле да ги вметнат и интегрираат своите ликови во старата фотографија со војводата Питу Гули, можат да го сменат и натписот под неа. Онака како што реално и вистински тој се вика... Сосе „неговите другари“! За да не биде: „Нешто ќе те питам бато, чиј војвода беше Питу Гули?“ Фото: Инстаграм принтскрин/nexttimeband/Википедија]]>

Тие беа претходници на „Exclusive“ и „Backstage“: Се сеќавате ли на емисијата „99 action“? https://arhiva.vistina.com.mk/tie-bea-prethodnici-na-exclusive-i-backstage-se-sekjavate-li-na-emisijata-99-action/ Sat, 03 Apr 2021 06:40:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52255

Кусите телевизиски форми од забавен карактер кои траат 10-15 минути и ги третираат актуелните настани и збиднувања на естрадата во Македонија најчесто ТВ гледачите ги препознаваат по  некогашните или актуелни емисии како што беа „Ексклузив“ на А1, па на 1ТВ или „Бекстејџ“ кој исто така смени неколку телевизии, а во моментов оди на ТВ Телма. И не се далеку од вистината, зашто емисии како овие два проекта наменети особено за помладата популација недостасуваат во македонскиот ТВ етер.
Но дали се сеќавате која од емисиите од ваков тип им претходеше далеку пред овие два ТВ продукта да се појават? Оние малку повозрасните, а се уште млади, сигурно се сеќаваат на ТВ проектот „99 action“! Продуцирана од „Зум Видеолушн“, емисијата беше вистинско освежување во македонскиот ТВ етер кон крајот на минатиот и почетокот на овој милениум од која произлегоа дузина познати ликови.
Главниот двигател на проектот Мартин Трпчевски, на помлада популација познат по ангажманот во „Фчерашни вести“ и „Радио Лидер“, своевремено собра талентирана екипа која тогаш ги правеше првите чекори, но подоцна станаа секој во својот еснав познат и признат професионалец.
Женската водителска двојка Миа Костова - Билјана Максимовска, од кои едната  го водеше обновениот „Бекстејџ“, а сега е една од најпознатите македонски инфлуенсерки...
...а другата последен пат ја гледавме како првата водителка на кулинарското ТВ шоу со готвачите Марк и Никола,  „Брза кујна“.
Подоцна Миа ја замени Бојана Тевчева - Бони, доскорешната ТВ водителка на ТВ Алфа и ТВ Нова.
Првите чекори во својата работа ги правеа и денес признатиот камерман Драган Паковски, неговата сестра, денес познат стилист и ТВ водител Цаци Паковска, шпицата и џингловите беа производ на денес една од најпознатите македонски продуцентски куќи „3 Д студио“... Вистински македонски „Ол старс“! И не само тие. Во емисиите кои ги подготвуваа и водеа се појавија грст имиња кои подоцна ќе имаат видна улога во македонската музика, водителство, спорт, култура, естрада... Колку за потсетување, погледнете една епизода во која белким ќе ги препознаете: Каролина Гочева...
...Панчо (ДНК), Жикица Тасевски (познат македонски фудбалски тренер)...
Даниела Станоевска - Дени - позната радиоводителка на Антена 5...
...Како и останатите од тогашните нивни групи „3Д“ и „ОК бенд“. Вистинска претеча на она што подоцна , па и денес се нарекува независна ТВ продукција и македонска естрада... https://www.youtube.com/watch?v=xxJqKYNRdsA  ]]>

Влатко Лозаноски постави предизвик што ќе се памти, кој не е музички, ама затоа му го смени личниот опис: Еве кого друг предизвика Лозано? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-lozanoski-postavi-predizvik-shto-kje-se-pamti-koj-ne-e-muzichki-ama-zatoa-mu-go-smeni-lichniot-opis-eve-kogo-drug-predizvika-lozano-foto/ Sat, 28 Mar 2020 11:22:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141970

Во морето од предизвици на социјалните мрежи кои се посетени како никогаш порано во историјата на нивното постоење, многумина од познатите личности поставуваат и ги порифаќаат најновите предизвици. Еден таков нов предизвик постави најголемата машка, македонска музичка поп ѕвезда, пејачот ВлаткоЛозаноски - Лозано. И ако сите очекуваат да биде музички, неговиот предизвик - не е! Напротив, нема врска со музика... Освен ако не го сметате имиџот како составен дел од кариерата на познатите и славни музички ѕвезди. Токму неговиот поставен предизвик, на Лозано му го смени имиџот или подобро речено, физичкиот изглед. Имено, седејќи во домашна изолација, покрај пеењето и свирењето, онлајн комуникацијата со медиумите, „киснењето“ на социјалните мрежи, радио, ТВ, компјутер... очигледно на Лозано му здодеало да го гледа секој ден ист својот лик во огледало, па решил да смени фризура. И тоа драстично. Па така кратко потстрижан „ на кец“, се фотографирал и со споделената фотографија на своите Инстаграм приказни, ги предизвикал некои од  пријателите да го прифатат предизвикот и да го сторат истото. Меѓу предизвиканите се и некои популарни македонски музичари, како браќата од „Некст тајм“, близнаците Мартин и Стефан Филиповски, познати по своите долги коси кои ги негуваат со години. И ајде сега имај „ма*иња“,  па прифати го предизвикот да те видам и потстрижи се „на кец“!? Пејачот на „Некст тајм“ дури и веднаш му возврати на Лозано, ама не на предизвикот, туку само со одговор: ]]>

Модерна дама: Вака изгледа мајката на Мартин и Стефан од „Некст тајм“ која наполни 60 години (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/moderna-dama-vaka-izgleda-majkata-na-martin-i-stefan-od-nekst-tajm-koja-napolni-60-godini-foto/ Thu, 13 Feb 2020 07:58:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133928

Дуото од „Некст тајм“, Мартин и Стефан, како и нивниот постар брат Филип деновиве имаа убав повод за славење. Имено, причината поради која славеа и се радуваа беше 60-тиот роденден на нивната мајка Сузана. Но кој би рекол дека оваа модерна дама со младешки изглед е токму мајката на Мартин, Стефан и Филип. Таа  изгледа многу модерно, згодно и дамски за нејзините години. Дефинитивно, за неа важи правилото: годините се само бројка. Мартин на својот „Инстаграм“ профил со гордост објави фотографија на која позира со нивната мајка Сузана и браќата Стефан и Филип, а во описот на истата напиша: „Среќен 60-ти роденден мајко  @suzanafilipovska, вистинска инспирација“. Под објавата се нижеа честитки и убави желби за роденденот, но и пофалби за изгледот на Сузана.]]>

Сани ја искористи Инстаграм апликацијата за да си го потврди животниот избор… и да го изрекламира! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-ja-iskoristi-instagram-aplikacijata-za-da-si-go-potvrdi-zivotniot-izbor-i-da-go-izreklamira-foto/ Thu, 26 Jul 2018 08:09:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40072

Македонската фолк пејачка Сања Сани Гроздановска откако се омажи за својот избраник Мартин, не се дели од сопругот... Или тој од неа? Сани неретко знае да направи и понекоја  шега на негова сметка...
...Ама овој пат, направи нешто друго. Додека беа на одмор, ја искористи новата Инстаграм апликација за две нешта.
Како прво - да си се провери себе си, дали овој пат навистина го избра вистинскиот за сопруг... и добар татко? Па, Сани прикачи фотографија на која нејзиниот Мартин е сликан со децата, а на неа поставена споменатата дилема во вид на испишано прашање! Ваше е само да стиснете ДА  или НЕ за потврда!
Арно ама, Сани, покрај тоа успеа да протне и уште нешто, што не е содржано во прашањето, ама јасно се гледа од фотографијата. Колку силен, мускулест и развиен сопруг има!
И додека Мартин покажувајќи ги децата покажа колку е добар и одан татко, Сани си направи двојна реклама, кога е изборот на мажот во прашање. Ем добар, ем силен, ем... Ем, толку! Останатото - само тие си знаат!  ]]>

Рипна во тавче: Македонската фолкерка тајно подготвува свадба – еве ги сите детали https://arhiva.vistina.com.mk/ripna-vo-tavche-makedonskata-folkerka-tajno-podgotvuva-svadba-eve-gi-site-detali/ Fri, 18 May 2018 06:50:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27721

Со доаѓање на мај официјално е отворена сезоната за свадби и веначавки. Претходната година некои од јавните личности стапнаа на луди камен, а некои се одлучија тоа да го направат во 2018. Македонската фолкерка  Тања Блажева заедно со нејзиниот момче од Италија, Мартин ќе заплови во брачните води.
Извор близок до пејачката за вистина.мк откри дека пејачката тајно ја подготвува своја венчавка која ќе биде за неколку дена во Штип, а свадбата ќе биде јули.
Идниот сопруг на нашата фолкерка се занимава со кикс бокс и има свои теретани. Инаку, Тања и Мартин се запознале пред неколку години, а во врска се краток период. фото: Фејсбук  ]]>

Мартин и Стефан од „Некст Тајм“, Реал (М) и судијата ги „извадија од кондури“: Ако имаш контакт со девојка, исто ли е како да си ја бакнал? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/martin-i-stefan-od-nekst-tajm-real-m-i-sudijata-gi-izvadija-od-konduri-ako-imash-kontakt-so-devojka-isto-li-e-kako-da-si-ja-baknal-foto/ Thu, 12 Apr 2018 07:59:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=20323

Вчерашниот фудбалски натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Реал - Мадрид и Јувентус, предизвика огромен интерес кај фудбалските фанови на обете екипи, но и кај оние неутралните љубители на фудбалот. По фантастичните 0:3 среде „Сантјаго Бернабеу“ со кои Јувентус се врати во игра анулирајќи го домашниот пораз со ист резултат, по криминалната игра на Реал, на ред дојде моментот на одлука во судиското надополнување, кога токму англискиот судија Мајкл Оливер во 93. минута свирна сомнителен, за многумина непостоечки или „криминален“ пенал за Реал. Протестите, негодувањата и метежот на фудбалерите на Јуве околу суијата не помогнаа... Напротив, легендарниот голман Џиџи Буфон заработи исклучување! Роналдо ударот од белата точка го претвори во погодок со кој мадриѓаните одат во полуфинале! Едни се радуваа со коментари од типот: „Молчи, го спасивме га*от“, другите фрлаа дрвја и камења по судиите викајќи: „УЕФА - мафија“... Трети за малку што не ги скршија ТВ приемниците таму каде што гледаа Лига на шампиони!
Меѓу македонската естрада, особено меѓу оние од посулниот пол исто така има голем број вљубеници во фудбалот од кои и навивачи за едните или другите. Близнаците од „Некст Тајм“, Мартин и Стефан се навивавачи на старата дама... Или барем за Јувентус навиваа во вчерашниот дуел, за инает на Реал, кој е лут ривал на нивната Барса, која ден порано беше исто така елиминиране со неверојатни 3:0 од Рома. Арно ама, кога и тие, како и сите други речиси беа сигурни дека „чудата се можни“, судијата им ги „скуси сништата“, а на некои од оние најверните и најнервозните, за малку и животот! Одлуката на англискиот арбитар браќата од „Некст Тајм“ ги „извади од кондури“, па не чекаа многу по завршувањето на натпреварот да го изразат својот револт и незадоволство на социјалните мрежи!
Мартин очигледно го владее фотошопот, па затоа беше посликовит и поконкретен... Една фотографија - илјада зборови. Или само еден збор?  Роналдо? Не! „Пеналдо“!
А Реал од снјошти според него може да се пофали и со новиот спонзор на дресовите: „Судиите“!
На неговите реакци се надоврзаа и Влатко Лозановски, како и брат му Стефан...
...како и некои од нивните пријатели, кои го сменија изгледот на грбот на „кралскиот клуб“: „Наместо логото, белата точка во средина на истиот“ !
Како и да е, Реал оди во полуфинале на ЛШ... а разочараните фанови на Јувентус остануваат да жалат и да се чудат што тоа  се случи? Се' на се', пенал или не, имало или немало контакт во петрецот... Еве како Мартин Филиповски гледа на работите: „Ако имаш контакт со девојка, исто ли е како да си ја бакнал“?
   ]]>

“Next Time” гости во најновото издание на шоуто „Улица Македонија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/next-time-gosti-vo-najnovoto-izdanie-na-shouto-ulica-makedonija-video/ Thu, 22 Mar 2018 13:33:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17158

Братското дуо "Next Time", близнаците Стефан и Мартин  кои ги обединија сите генерации со својата музика, од онаа тинејџерската публика во нивните почетоци, до највозрасните нивни обожаватели со прераработките и стилизацијата на макеонскиот изворен фолклор во нивните последни песни зборуваат за музиката, за својот живот, кариерата, сите подеми и пресврти, сите правилни и погрешни избори и одлуки, за сите подвизи и измами, за фудбалот, Евровизија, љубовта, страста, нивните хобија, фобии и пасии, за тоа кој е и како изгледа нивниот трет брат...
За сето она што не сте го знаеле до сега за нив, за тоа колку се исти, а колку меѓу себе различни... Во уште едно одлично издание на шоуто „Улица Македонија“ со Бојана Скендеровски во САБОТА 24/03 во 14:35 часот, премиерно на ТВ 24... "Next Time"! https://www.youtube.com/watch?v=MvMQsuQQYqo&feature=share  ]]>