Мартин Делимитов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Dec 2020 12:17:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Мартин Делимитов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонски артисти со светски звук: BDM ft. Yova – „Stay“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonski-artsisti-so-svetski-zvuk-bdm-ft-yova-stay-video/ Thu, 24 Dec 2020 12:16:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182556

Бранко и Дуле Вељановски заедно со нивниот другар, пријател и колега од „Би-Ди-Ем“ Мартин Делимитов, неодамна го промовираа нивниот најнов шести по ред сингл насловен “Stay”, песна која е во соработка со Јова. Откако во 2018-та заедно ја направија песната “Lee”, ова претставува нивни втор заеднички проект. Како што и самите откриваат за музичкиот портал Музика24, песната “Stay” покрај македонската, ќе има и светска промоција на најголемите музички платформи како што се ITunes, Spotify, Amazon, Deezer… и други. Тие по повод промоцијата на најновата песна и видео спот изјавуваат: „Среќни сме што повторно ни гостува Јова со нејзиниот уникатен сензибилитет и глас што ја носи песната на друго ниво. Овој сингл ни е посебно драг, не само затоа што е сосема поразличен од останатите наши синглови, туку и затоа што најемотивната песна што досега сме ја направиле“, велат „Би-Ди-Ем“. Тие уште најавуваат дека и во текот на следната 2021 година која е на самиот праг, нема да бидат мирни, туку напротив ќе продуцираат, создаваат и промовираат нови проекти. Меѓу нив е и ремиксот за песната “Stay”, кој што го работат заедно со холандскиот продуцент Марко. Како што и самите велат, овој сингл ќе се издава премиерно во Холандија. Како и сите песни досега, така и оваа најновата, „Би-Ди-Ем“ ја отпеа на англиски јазик и е во издание на Paragon Record Label. За музиката, аранжманот и текстот се погрижија самите членови на „Би-Ди-Ем“. И овој сингл ќе се најде и ќе биде дел од “State od Mind”, албумот кој овие момцчиња со задоволство веќе подолго време го подготвуваат. https://www.youtube.com/watch?v=GHb5JgJf0VU&feature=emb_logo]]>