марш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Nov 2023 12:53:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png марш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хаос во соседството – Бугарката ја ископира Србинката: Преслава не само што и ја препеа песната, туку и и’ го „преслика“ спотот на Прија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/haos-vo-sosedstvoto-bugarkata-ja-iskopira-srbinkata-preslava-ne-samo-shto-i-ja-prepea-pesnata-tuku-i-i-go-preslika-spotot-na-prija-video/ Wed, 29 Nov 2023 12:46:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329116

Една од најпознатите бугарски пејачки, Преслава, ја обработи песната „Марш“ на Александра Пријовиќ. Имено, Преслава го отпеа хитот на Прија од минатата година, но она што повеќе ги изненади нејзините фанови е што сними идентичен спот како српската пејачка, па оттамму многумина се запрашања дали тоа Бугарката и буквално ја „ископира“ Србинката? Иnaku,приказната во видеото кај обете пејачки е речиси идентична, со тоа што кај Прија приказната се случува нормално во балканска кафеана, додека кај Преслава тоа малку е модифицирано и модерниозирано, па се случува во казино. На српскиот спот на Прија како автор ( сценарио и режија)  потпишан е Немања Новаковиќ, додека во видеото кај Преслава режијата ја потпишува Кристијан Русев. Единственото нешто што се разликува од песната на Александра е текстот и насловот, па Преслава нејзината песна ја нарече „Ако ти врна“ (Ако ти вратам). Освен тоа, таа го отпеала овој хит заедно со машко дуо кое себеси се нарекуваат „Торино и Пашата“. Сепак, останува непознато дали Преслава и платила на Пријовиќ за правата за изведба на оваа песна, на која како автори на музиката, текстот и аранжманот се потпишуваат Дејан Костиќ и Драган Брајовиќ - Браја! Ќе има ли скандал, тужба и судска разрешница или се одело „регулар“ за песната на српските автори и пејачка, Бугарката да ја вметне во својот репертоар - допрва ќе дознаеме. Колку и кава е сличноста сами проценете откако и двете видеа ќе ги погледнете...  Најпрвин она на Прија... ...А потоа и онаа на Преслава. Фото и видео: YouTube/Aleksandra Prijovic - Mars/Torino & Pashata X Preslava - Ако ти върна]]>

Со коњот Цезар до Крушево: Ели Апостоловска единствената жена на Илинденскиот марш https://arhiva.vistina.com.mk/so-konjot-cezar-do-krushevo-eli-apostolovska-edinstvenata-zena-na-ilindenskiot-marsh/ Sat, 30 Jul 2022 07:00:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261045

Ели Апостоловска (27) од Велес е единствената девојка која оваа година учествува на илинденскиот марш до Крушево, помеѓу 27 мажи. По професија e војник во Армијата. Воодушевена од илинденската коњаница која секоја година поминува низ Велес било инспирација таа да се пријави оваа година како учесник. „Секоја година коњаницата поминува низ Велес и тоа ми беше мојата животна желба која што сакав да си ја исполнам. Се надевам дека со ова ќе бидам поттик и за останатите да си ги исполнуваат своите животни желби, затоа што тоа треба да го прават сите во животот“, изјави Ели за Репортер. Низ историјата многу жени комитки и војвотки се отпеани во македонските народни песни, со што борбата за рамноправност започнала уште во минатото. Денес Ели е дел од толпа со повеќе мажи, но вели дека тоа не и пречи и е презадоволна од тоа како ја прифатиле. „Тие се сите супер луѓе, ние сме како едно семејство. Не би рекла дека ние жените немаме рамноправност, ние секогаш можеме да ги работиме работите кои што ги работат и мажите. Тоа не значи дека јас само затоа што сум жена не знам да јавам коњ или дека останатите жени не би требало да се пријават во иднина. Се надевам ќе бидам мотив да се пријават што повеќе жени следната година“, рече Ели. Патот до Крушево, Ели ќе го помине во друштво на нејзиниот коњ Цезар за кој вели дека ја засакал и дека е послушен. „Немав подготовки, бидејќи сум физички активна, спортувам со што мускулите ми се подготвени и навикнати за да можам да издржам“, рече Ели, единствената жена во илинденскиот марш. Ќе имаат неколку преноќувања, Скопје, Велес, село Теово. Комитската автентична облека која ја носи, ја носат само првиот ден кога тргнуваат за Крушево и последниот кога пристигнуваат на свеченоста за Илинден. Кога не е комитка, таа е војник. „Не размислував никогаш во животот дека ќе бидам жена војник. Имам завршено средно медицина. Едноставно ми се појави желба. Сакам предизвици и сфатив дека не се пронаоѓам во медицината, туку сакам нешто по борбено. Поради тоа се пријавив во Армија“, раскажа таа. Досега нема учествувано на воени мисии надвор од земјата, но постои амбицијата во иднина да замине во некоја земја. За тоа дали мажите имаат страв и гард кон жените кои носат униформа, Апостоловска вели: „Мажите мислам дека чувствуваат страв кога ќе видат жена војник. Мислат дека тоа асоцира на агресивност, ароганција. Едноставно се плашат покрај себе да имаат жената војник. Можам да кажам дека ние имаме повеќе самодоверба, отколку останатите затоа што градиме карактер на борбеност и дисциплина. Не би требало да се плашат од жена војник, би требало малку да размислат за тоа“, вели Апостоловска. За нив како жени во оваа професија има посебни правила и кодекси кои треба да ги почитуваат, во однос на шминка, нокти и фризура. „Имаме правила кои секогаш ги почитуваме и досега немало отстапки. Имаме кодекс на облекување и однесување. Сето тоа мораме да го почитуваме. Косите мора секогаш да ни бидат собрани, нокти не треба да имаме и да сме секогаш добро облечени како што ни налага униформата. Шминката може да е нежна, но никако нападна, открива Ели за тоа како е да се биде жена војник. Ќе дознаете ако го погледнете интервјуто ]]>

Свадбен марш за водителот Жика Јакшиќ и 90 годишната Добрила од Дојран!? https://arhiva.vistina.com.mk/svadben-marsh-za-voditelot-zika-jakshikj-i-90-godishnata-dobrila-od-dojran/ Mon, 04 Jun 2018 11:01:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=30530

Продуцентот на „Гранд“ откако се разведе од Дајана Пауновиќ ужива во својата слобода и во своите активности. Тој ја води емисијата „Никогаш не е доцна“,која приредува многу изненадувања. Изненадување за сите гледачи, но и за присутните студиото беше кога орекстарот „Александар Софронијовиќ“ го отсвири свадбениот марш за Жика Јакшиќ и 90- годишната кандидатка од Дојран. „До мене стои едно човечко сушество кое го обожавам и ќе го обожавам до крајот на животот. Ти си моја љубов, мој идол што се однесува на духот, ставот и емоциите, изјави Јакшиќ. Дали станува збор за шега или навистина ќе има свадба, останува да видиме во новата емисија на музичкото шоу.
За потсетување, во неколу емисии наназад Жика изјави љубов на Добрила Ивановска Чабриќ и потенцираше дека сака да ожени со неа. Секако, се тоа беше како шега од музичкото шоу. Инаку, Добрила важи за фаворит во ова музичко шоу, а сите се воодушевени од нејзината енергија и волја за живот. https://www.youtube.com/watch?v=osXCIHqUMY8 фото:принскрин]]>

Црвените чадори маршираа низ Скопје: Сексуалните работнички ги бараат своите права https://arhiva.vistina.com.mk/crvenite-chadori-marshiraa-niz-skopje-seksualnite-rabotnichki-gi-baraat-svoite-prava/ Sun, 17 Dec 2017 19:45:36 +0000 http://vistina.mk/?p=6888

На улицата „Македонија“ во центарот на Скопје почна традиционалната парада Марш на црвените чадори, во организација на Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“, а во соработка со коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.
И годинава по десетти пат, сексуалните работнички за своите права ќе се борат под мотото „Стоп на насилството врз сексуалните работници!“. „Сексуалните работнички го креваат гласот против насилството. По десет години има силна заедница и поддржувачи, и горди сме за тоа. Но нема слух од институциите, од професионалните социјални служби и полицијата. Ве молиме да ги тргнете настрана предрасудите и осудите“, порачаа сексуалните работнички од маршот кој се одржува по десетти пат во Скопје. Вчера попладне сексуалните работнички преку перформанс на излози на скопскиот булевар „Св. Климент Охридски“ нудеа услуги за да го свртат вниманието кон проблемите за кои се залагаат. Организаторите на настанот посочија дека бројката од 3.000 до 5.000 сексуални работници во Македонија што кружи во медиумите не е точна и тврдат дека е многу поголема.
]]>