марс 2017 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Nov 2017 14:09:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png марс 2017 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стевче Грозданов – Тоа е тоа: Време е да се освестиме! https://arhiva.vistina.com.mk/stevche-grozdanov-toa-e-toa-vreme-e-da-se-osvestime/ Thu, 16 Nov 2017 09:00:51 +0000 http://vistina.mk/?p=3778

„Кој сака и кој е загрижен за ова што се случува со естрадата нека го шерне постов...“ Со овие зборови македонскиот музичар, гитарист и автор Стевче Грозданов, некогашниот член на дуото „Коктел“, денес на сешн супербендот „Тоа е тоа“ (во кој покрај него членуваат и Валентино Скендеровски - клавијатури, Стево Чепишевски - вокал, Љупчо Трајковски  Фис - бас и Бошко Чико на тапани),  поттикнат од настапите на македонската поп естрада на МАРС 2017  ја прокоментира состојбата на македонската поп сцена.
Според него, и многумина други, на домашната естрада, музика, песни, хитови, автори и изведувачи најмалку и недостасуваат... Сето друго, вклучувајќи го и односот колку го сакаме и почитуваме своето за разлика од туѓото... по се’ изгледа многу повеќе ни недостасува! Еве го неговиот пост:
„Значи вчера немав услови да отидам, а и да го гледам Радискиот фестивал МАРС, ама благодарение на Макс тв нели можам да вратам и да гледам до дури една недела наназад. Целата манифестација беше супер со оглед на условите во нашата држава. И што ке видам. Почетокот на манифестацијата беше резервирана за Ања Ветерова. Маестрална песна..ултра модерна.... Ања подржана од уште неколку танчерки изгледаа светски на сцената. И не само она....сите беа на висината на задачата..... и Сара Мејс ...екстравагантна како и секогаш.... и ДНК ....имаат ли србите нешто као нив.... и Теа и Панчо ултра модерно ....и Наташа Малинкова...се спремиле девојките......
Меморија...добитниците на наградата за трајни вредности ...да им се восхитуваш на истрајноста..упорноста .... заслужуваат цела Mакедонија да им се збере и метрополис.... и .... и што ке се види пред сцената? Полу празна сала.... што мy е на овој народ и држава бе алоооо... Значи ке дојде Жељко Јоксимовоќ и уште еден или двајца Жељковци има .....за Аца Лукас, Лепа Брена и Цеца да не праам муабет и ке ни ги наполнат салите ....стадионите ... пивофестовите....винофестовите..и уште незнам какви не се манифестации и фестивали има по државата, а ние нашава фела со нашите уметници...музичари .. не можеме да наполниме една МОБ сала....што ни е бе народе?!
Што се случува. Нели е доста ..... време е да кажеме НЕ на сите тие увезени уметници што едвај чекаат да дојдат и да ни кажат колку добра публика сме да си ги земат големите хонорари и да си отидат ...не чекајки 3-4 месеци и пак да ни дојдат.
Каже те ми кои се подобри во Србија ...Хрватска или Црна Гора од Елена...Влатко.... Некст Тајм, Лоба....Ања....ДНК....Дарко Димитров ....Валентино Скендеровски....Лазе Цветковски....и кои имаат подобри песни....имаат само еден куп грчки и турски преработки на песни што ги пеат еден куп турбо и поп фолкери и се е тоа исто па исто.
Малку да се замислиме сите...од големите продукции ..... самостојните менаџери.... туристичките агенции ...до државата...министерствата...радијата ....телевизиите.... општините и градоначелниците и до секоја поедина личност што всушност се случува. Нели е ова дното. Имаме ли ние некаков музички идентитет....имаме ли ние музичари ...пејачи ...пејачки...групи..... текстописци .... аранжери ...... имаме. И тоа многу добри и тоа светски фаци. Треба ли тие да работат, да творат да имаат свирки концерти.....да заработуваат нешто и од тоа да живеат?! Нели е доста се што ке дојде од страна да биде подобро.
Секоја чест на сите...и Срби...и Хрвати...и Црногорци и Англичани и Американци...ама прво дај да си ја воздигнеме нашава естрада па после да увезуваме од страна. Редно е да ставиме прст на глава и да размислиме сите како понатака...вака не е добро...вака е поразително...чудно...болно.... Ајде да се освестиме!“ Сакале да си признаеме или не, ама... во постот на Грозданов е содржана целата вистина. Колку и да е „тажна и болна“, сепак... Тоа е тоа!]]>

Хенд – мејд имиџ: Еве како Наташа Малинкова се подготвува за вечерашниот настап на МАРС 2017 (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/hend-mejd-imidz-eve-kako-natasha-malinkova-se-podgotvuva-za-vecherashniot-nastap-na-mars-2017-foto/ Tue, 14 Nov 2017 07:58:18 +0000 http://vistina.mk/?p=3467

Вечерва, 14 ноември во 20.30 часот во МОБ ќе содржи доделувањето на македонските музички награди кога се радиските хитови во прашање - радискиот фестивал МАРС 2017! Меѓу сите ѕвезди на МАРС , ќе се појави и таа - „натурализираната кавадарчанка“, пејачката Наташа Малинкова која ќе понесе една од наградите. Ваквите манифестации скогаш се згодна прилика за дополнителна себепромоција, па Наташка затоа сериозно си ја сфати работата и кога е настапот ама и кога е изгледот  во прашање. Зада не излезе дека е „падната од МАРС“, таа подготви специјална танчерска точка со посебна кореографија за својот насап, ама имиџот и гардеробата во која ќе се појави на сцената на МОБ, не ги открива. З изненадувањето да биде уште поголемо, а впечатокот посилен... Арно ама, судејќи според жанрот во кој е наградената песна „Хеј мама“ и досегашните секси изданија на пејачката, можеме да очекуваме дека и овој пат Малинкова  ќе биде променета нешто што ќе ја „шокира“  публиката и во МОБ и ТВ гледачите на МТВ1 која го врши директниот пренос од МАРС 2017!
Вистина.мк се потруди без никој да види да ѕирне на „скришното место“ каде што Наташа се подготвува за настапот на МАРС и види... Дали можеби токму ова е ар ен би имиџот на пејачката за вечерашниот настап, па малинкова ќе биде облечена во специјално за неа изработена „хенд-мејд“ гардероба?!  Веројатно ќе да е така, зашто  календарски сепак зима и вака облечен, по шорцеви надвор не се оди... Ама затоа на сцената, Наташа ќе „грми“!]]>

Вечерва во МОБ: МАРС 2017 – најголемата музичка парада на македонската поп естрада https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-vo-mob-mars-2017-najgolemata-muzichka-parada-na-makedonskata-pop-estrada/ Tue, 14 Nov 2017 07:10:47 +0000 http://vistina.mk/?p=3459

Вечерва, вторник, 14 ноември во МОБ во Скопје ќе се одржи јубилејното, 10-то издание на МАРС – Македонскиот радиски фестивал 2017, манифестација која цела една деценија ги вреднува и наградува најпопуларните македонски поп хитови во тековната година преку таканаречената радиоселекција, која ја вршат над 30 национални, регионални и локални радиостаници во Македонија.
Наградите и годинава се поделени во различни категории, па така публикта ќе има можност да ги слушне радискиот поп хит на годината, ар ен би хит, радиски поп хит со етно мотиви, најслушана балада, радискиот хит испеан од женски вокал,  од машки вокал, радискиот хит изведен од група, најдобра преработка… , а на сцената на МОБ ќе ги видиме: ДНК, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Некст Тајм, Ај Кју, Сара Мејс, Наташа Малинкова, Димитар Андоновски и „Тајфата“, Теа и Панчо, Ања Ветерова и специјалните гости, групата „Меморија“!
Организатор на јубилејното 10- то издание на МАРС 2017 како и сиве овие години наназад е КЦ „Александар Македонски“ , а манифестацијата финансиски е поддржана од град Скопје.
Така, покрај македонските поп изведувачи и нивните наградени годинешни хитови и специјалните гости, легендарната поп-рок група „Меморија“, девојките и момчињата на балетското студио „Ребис“ со нивните специјално подготвени танчерски точки и кореографии на македонски хитови и евергрини со својата „Улица на приказни“  ќе ја збогатат програмата, во која свои мини ДЈ сетови со куси миксови и скречови на познати македонски хитови на сцената ќе има и „ ДЈ Мастер Хип“, а на видеоѕидот ќе одат исечоци од досегашните 9 изданија на МАРС.
Главен водител-домаќин  ќе биде Марија Петровска  ( екс - „Бекстејџ“) која специјално за оваа прилика допатува од Словенија каде последниве години живее и работи, додека  доделувачи на наградите исто така ќе бидат останатите досегашни водители на фестивалот низ сите овие години, кои покрај чинот на доделување на статуетките на победниците на сцената на МОБ ќе имаат и свои водителски обраќања и најави.
Македонскиот радиски фестивал МАРС 2017 вечерва, вторник 14 ноември започнува во 20.30 часот, а МТВ1 ќе врши директен пренос на својот прв програмски сервис!
]]>

МАРС 2017 – 100% најдобрата македонска музика https://arhiva.vistina.com.mk/mars-2017-100-najdobrata-makedonska-muzika/ Mon, 13 Nov 2017 07:24:40 +0000 http://vistina.mk/?p=3340

Утревечер, вторник, 14 ноември во МОБ во Скопје ќе се одржи јубилејното, 10-то издание на МАРС - Македонскиот радиски фестивал 2017.  Оваа манифестација веќе една деценија ги вреднува, оценува и наградува најпопуларните македонски поп хитови во тековната година преку таканаречената радиоселекција, која ја вршат над 30 национални, регионални и локални радиостаници во Македонија.
Песните кои преку тој радиофилтер влегле во финалниот избор, 10 радиостаници, кои секоја година се различни, ги категоризираат наградите, односно ги вреднуваат финалните песни по категории како што се: радиски поп хит на годината, радиски ар ен би хит, најслушана балада, радиски хит испеан од женски вокал, радиски хит испеан од машки вокал, радиски хит изведен од група... и.т.н.
Јубилејното издание на МАРС 2017 организаторот, КЦ „Александар Македонски“ и Советот на радискиот фестивал решија да биде 100 % македонска манифестација, која по некои работи ќе наликува на претходните неколку, но по многу нешта ќе биде сосема поразлична од досегашните изданија.
Така, покрај македонските поп изведувачи и нивните наградени годинешни хитови, на сцената на МОБ ќе ги видиме и специјалните гости кои за прв пат во овие 10 години не доаѓаат од регионот, туку тоа е македонската поп-рок група „Меморија“, која 4 дена подоцна ќе го има својот голем повратнички концерт во скопската Метрополис Арена, кој е безмалку распродаден.
Девојките и момчињата на балетското студио „Ребис“ со своите специјално подготвени танчерски точки и кореографии на македонски хитови и евергрини со својата „Улица на приказни“  ќе ја збогатат програмата, во која свои мини ДЈ сетови со куси миксови и скречови на познати македонски хитови на сцената ќе има и „ ДЈ Мастер Хип“, а на видеоѕидот ќе одат исечоци од досегашните 9 изданија на МАРС.
Доделувачи на наградите исто така ќе бидат досегашните водители на фестивалот низ сите овие години, кои покрај чинот на доделување на статуетките на победниците на сцената на МОБ ќе имаат и свои водителски обраќања и најави.
Македонскиот радиски фестивал МАРС 2017 утревечер, вторник 14 ноември започнува во 20.30 часот, а МТВ1 ќе врши директен пренос на својот прв програмски сервис! ]]>

МАРС 2017: Гласајте за најпопуларниот радиски хит на годинатаи донесете и награда на Вашата омилена музичка ѕвезда https://arhiva.vistina.com.mk/mars-2017-glasajte-za-najpopularniot-radiski-hit-na-godinatai-donesete-i-nagrada-na-vashata-omilena-muzichka-dzvezda/ Thu, 02 Nov 2017 13:33:02 +0000 http://vistina.mk/?p=2422

Во пресрет на јубилејното, 10. по ред издание на Македонскиот радиски фестивал, „МАРС 2017“,деновиве беа соопштени сите поединости  за претстојната манифестација, а веќе е отворено и гласањето од публиката, кое се спроведува преку официјалната фан-страница на Фејсбук.
Имено, за секоја од номинираните песни годинава поставена е фотографија со нејзиниот изведувач, а ќе победи онаа со најмногу допаѓања од слушателите. За да го дадете својот глас за вашиот фаворит, упатете се на ОВОЈ ЛИНКГласањето трае до 6 ноември, понеделник, до 23.59 часот.
„МАРС 2017“ годинава ќе се одржи на 14 ноември во МОБ, а директен пренос во живо ќе има на првата програма на МРТ.

На 14 ноември во МОБ: МАРС 2017 – најголемата музичка парада на македонската поп естрада https://arhiva.vistina.com.mk/na-14-noemvri-vo-mob-mars-2017-najgolemata-muzichka-parada-na-makedonskata-pop-estrada/ Sun, 29 Oct 2017 07:09:33 +0000 http://vistina.mk/?p=1613

Јубилејното 10-то издание на Македонскиот радиски фестивал - МАРС 2017 ќе се одржи на 14  ноември, вторник,  2017 година во МОБ - Скопје.  КЦ  Александар Македонски и годинава, се јавува како организатор и продуцент на фестивалот, кој како и до сега е  поддржан од градот Скопје. На него и овој пат ќе бидат избрани најпопуларните радиски хитови  на годината, селектирани од над 30 и кусур радиостаници ширум Македонија кои до организаторот ги испратија своите листи со највртени македонски хитови во тековната година.
Од околу 500 селектирани песни испеани  од повеќе од 100 домашни изведувачи, по пат на пристигнатата радио-селекција  најзастапените хитови во македонскиот радиоетер се најдоа  на финалната вечер на МАРС 2017 во избор за наградувани радиски хитови на годината. МАРС 2017  и годинава ќе биде проследен со директен ТВ пренос на МТВ1.  На првиот прес ќе биде јавно  претставен и изборот на селектираните радиски хитови за кои ќе може да гласа и публиката со кликнување лајк на Фан страницата на МАРС 2017 на Фејсбук, за еден од своите омилени хитови, односно неговиот изведувач, од оние кои  ќе настапат и на финалната вечер.
Ова е финалната листа на учесници на МАРС 2017,  која произлезе од радиоселекцијата на изведувачите и нивните радиски хитови во 2017 година:
  1. Влатко Лозаноски – „Ова лето ќе се памти“
  2. Кристина Арнаудова – „Љубена“
  3. Викторија Лоба – „Дојди“
  4. Eye Cue – „Мојот крал“
  5. Сара Мејс – „Небо“
  6. Наташа Малинкова – „Хеј мама“
  7. ДНК – „Невозможна мисија“
  8. Димитар и Тајфата – „Остани“
  9. Теа и Панчо – „Рушевини“
  10. Ања Ветерова – „Рам бам бам“
  11. Некст Тајм -  „Слушам кај шумат шумите“
+  Специјалните гости... кои се изненадување!
Во ревијалниот дел на МАРС 2017  годинава организаторот реши да нема имиња од регионот, а јубилејот - 10 годишнината од  постоењето на фестивалот да биде исполнет само со македонски музички содржини.  Така, покрај во моментов, најпопуларните македонски  музички имиња, низ македонскиот музички времеплов ќе не водат танчерските точки со специјално подготвена кореографија на познати македонски евергрини, ДЈ сет од миксови на македонски ретро хитови, видео програма како и дел од досегашните водители на фестивалот, кои ќе не вратат годиниве наназад... Со ова ќе се увелича и  подигне нивото на јубилејното 10 издание и зголеми рејтингот на МАРС, кој останува најголемата музичка парада на македонската поп естрада.
Домаќин на јубилејното 10-то фестивалско издание на МАРС 2017 и овој пат ќе биде една од познатите водителски ТВ имиња - Марија Петровска ( екс „Бекстејџ” ), која сега живее и работи во Словенија, а за оваа пригода специјално ќе допатува во Скопје.
И годинава претходно селектираните хитови од финалната селекција по категории ги оценуваше и наградуваше  жири составено од преставници на  национални и локални радиостаници од различни региони во Македонија, па така изведувачите на финалната вечер ќе ги понесат наградите за: радиски поп хит, ар ен би хит, етно поп хит, радиска балада, радиски хит испеан од машки вокал, од женски вокал, од група, најдобра преработка, партнерство за хит ( дует), ѕвезда што се раѓа ( најдобар млад изведувач), апсолутен радиски хит, а тука е и наградата за трајни вредности...
Изведувачот чија  ќе биде прогласена за апсолутен радиски хит на 2017 година доби парична награда од 60.000 денари, од организаторот на Македонскиот радиски фестивал. Изведувачот на песната  која ќе добие најмногу лајкови  од фановите на Фејсбук фан страницата на МАРС 2017 како нивни избор ќе добие награда од 30.000 денари .
И конечно наградата од 10.000 денари  ја понесе авторот на најдобар текст на една од финалните песни. Оваа награда традиционално ја избираат естрадните новинари од различни медиуми (дневни весници, магазини и интернет портали) во Македонија.      ]]>