мармалад – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Nov 2017 10:18:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мармалад – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Традиционални колку македонскиот ајвар: За „Меморија“ нема зима… зашто има(ат) баеги зимница! https://arhiva.vistina.com.mk/tradicionalni-kolku-makedonskiot-ajvar-za-memorija-nema-zima-zashto-ima-at-baegi-zimnica/ Thu, 02 Nov 2017 09:44:26 +0000 http://vistina.mk/?p=2370

Легендарната македонска поп-рок група „Меморија“ на 18 овој месец во скопската „Метрополис арена“ ќе го одржи својот голем повратнички концерт. Билетите се продаваат наголемо, а наголемо траат пробите и подготовките на членовите на бендот од последната постава, која и ќе се појави на сцената.
И додека „големиот шеф“ - Петар Георгиевски - Камиказа прецизно ги спојува коцкичките на мозаикот кој ќе биде вистински концертно-визуелен спектакл или поточно музичко шоу какво досега ниту една македонска група немала на сцената, останатите од бендот  следејќи го да фатат чекор, седнаа да одморат душа. А душата како душа... Ако сакаш да те слуша и душата треба да се храни!
Како нема многу време за трошење и губење за опуштено седење по ресторани и кафеани, Бане, Мичо, Валентино и Поце, му ја седнаа крст нозе среде проба... Црвениот тепих, заменет со црвена „черга“, а скарата и гастрономските специјалитети со најдобриот македонски специјалитет на сите времиња: домашниот ајвар!
Една-две тегли, парче сирење и тазе лепче... Ммммммм.... има ли нешто поубаво и повкусно од тоа?! Особено ако ајварот е „твој бренд“... Или поточно, најпознат гастрономски македонски бренд со етикета на еден од најпознатите македонски музички рок ен рол брендови: Ајвар ала „Меморија“!
А по ајварот и џем или мармалад по истиот терк! Комбинација од соништата! Едното за полн стомак, другото за полна душа. Пробајте ги обете и нема да згрешите. Теглите со ајвар, џем или мармалад на „Дием“ со нивната етикета во чест на големиот повратнички концерт на „Меморија“, а влезниците за концертот на 18-ти ноември во скопската „Метрополис арена“ во продажната мрежа!
Оган луто како „Оган под ѕвездите“ или благо како возењето во новите „Возови“, слатко како „Нена“ или „Снежана“, со „Нашите слики“ на етикетата... и сето тоа Made in... „Македонија“ ! П.С. Знаеме дека со првите 1500 влезници одеше гратис ЦД... Ама, не знаеме ќе оди ли со последните влезници гратис тегла ајвар или џем на „Дием“?  ]]>