Марко Кутлиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 27 Feb 2021 09:28:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Марко Кутлиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марко Кутлиќ е еден од најталентираните хрватски изведувачи од поновата генерација: „Македонија е земјата на мојот музички идол и животен пример – Тоше“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marko-kutlikj-e-eden-od-najtalentiranite-hrvatski-izveduvachi-od-ponovata-generacija-makedonija-e-zemjata-na-mojot-muzichki-idol-i-zivotn-primer-toshe/ Fri, 26 Feb 2021 12:30:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191639

Буди моја ноќ“ е насловот на новата песна на еден од најталентираните хрватски изведувачи од поновата генерација – Марко Кутлиќ. И не станува збор само за нова песна, туку и за нов, сосема поразличен звук. Продукцијата е мошне органска и секој инструмент е отсвирен во живо. „Буди моја ноќ“ ја потпишува Марко во соработка со Вјекослава Димтер и Дамир Бачиќ, а за аранжманот и музичката продукција се погрижија Драган Брнас-Фудо и Анте Гело. Композицијата излегува во исто време со спот во кој покрај Марко се појавува и младата режисерка и актерка Арија Ризвиќ, со која Марко неодамна победи на шоуто на ХРТ „Ѕвездите пеат“. Видеото е со потписот на Јосип Нинковиќ. „Песната е сосема поразлична од сето она што сум го направил досега затоа што сè уште сум во потрага по звукот кој најдобро ме опишува. Самата композиција зборува за чувството кое повеќето луѓе го почувствувале – копнееш по некого, а немаш храброст да му кажеш“, вели Марко. А еве што вели зошто сакал неговата песна да ја слушне и македонската публика. „Досега не сум бил во Македонија, но желбата постои одамна. Кога одев во основно училиште многу сакав историја и географија. Ми беше мошне интересна антиката, па со самото тоа и освојувањата на Александар Македонски. Тоа е мојата прва средба со Македонија, а најмногу ја засакав кога се запознав со работата и животот на Тоше Проески, кој е мојот најголем пејачки идол и животен пример. Кога почнав да ги слушам неговите песни не можев да сфатам дека некој може да биде толку искрен и емотивен додека пее. Тој е сигурно еден од луѓето заради кои почнав да се бавам со музика. Жал ми е што никогаш не добив прилика да запеам со него овде на Земјината топка“, вели Марко. Но неговите музички познавања кога станува збор за македонската музичка сцена не завршуваат тука. Одлично е запознаен и со кариерите на Калиопи и Есма. Имав можност да се дружам и да пеам со еден македонски пејач со кој и ден-денеска знам да испијам кафе кога ќе се „уловиме“ некаде, а неговото име е Давид Темелков. Тој, ако се прашувам јас, е еден од најдобрите пејачи во регионот“, додава Марко и открива дека омилена македонска песна му е „Полско цвеќе“ од Тоше. Музичките почетоци му се врзани за црковен хор, потоа станува дел од бендот „Правила игре“, а веќе од 2017 настапува соло. „Кој Марко од овие тројца е најдобар за луѓето не знам, мислењата се поделени, но знам дека ми се оствари сонот да пишувам сопствена музика и да ги пеам оние песни кои вистински ги чувствувам“, вели за крај ова момче, со ветување дека првата прилика за патување ќе ја искористи за да ја посети нашата земја. https://www.youtube.com/watch?reload=9&v=YL_P0BtZNDU&feature=youtu.be  ]]>