Марк Дејвид Чепмен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Nov 2018 12:20:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Марк Дејвид Чепмен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Убиецот на Џон Ленон по 30 години конечно изговори нешто што многумина чекаа https://arhiva.vistina.com.mk/ubiecot-na-dzon-lenon-po-30-godini-konechno-izgovori-neshto-shto-mnogumina-chekaa/ Mon, 19 Nov 2018 12:20:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58673

Марк Дејвид Чепмен, убиецот на Џон Ленон, на кој во август судот за помилување по десетти пат го одби неговото барање за пуштање на условна слобода, конечно рекол дека се срами поради она што го направи, пишува Ролинг Стоунс. "Пред 30 години не можев да речам дека се срамам, но сега знам што е срам", рекол Чепмен на сослушувањето. Како што пренесува Associated Press, додал дека како што поминувале годините, сè повеќе жалел за тој чин. Иако сослушувањето пред судот во Њујорк било одржано во август, извештајот е објавен пред неколку дена. Судот го одби неговото барање, со образложение дека тоа би ја ублажила сериозноста на неговото злодело и би можело да ја згрози јавноста во случај некој да го нападне поради одмазда. На сослушувањето ги прераскажа настаните од 8 декември 1980 година кога успеал да земе автограм од Џон Ленон и го убил неколку часа подоцна. Рекол дека се борел со одлуката дали да го убие или не, со оглед на тоа дека Ленон бил многу љубезен кон него. "Премногу бев опседнат со таа идеја. Се сеќавам дека помислив: "Еј, доби автограм на албумот, ти го потпиша, само оди дома". Но, не постоеше шанса само така да си заминам дома", рекол Чепмен. Убиството сега се смета за бесмислено и истакнува дека само сакал популарност и дека не чувствувал никакво непријателство кон покојниот член на Битлси.
Сепак, одлучил да употреби шупливи куршуми кои се посмртоносни од обичните. "Се осигурав дека куршумите ќе го убијат. Веднаш после злосторството бев загрижен да не страда", рекол. На Чепмен последниот пат кога му го одбиле барањето било во 2016 година. Тогаш судот даде слично објаснување, истакнувајќи дека неговото пуштање на слобода не е во согласност со општеството и дека на тој начин ќе се омаловажи злоделото и дека тоа е поигрување со законот.]]>